Повеќе причини да бидеш атеист

Во што верувате?

  • Во Бог

    Гласови: 522 50,0%
  • Во Науката

    Гласови: 523 50,0%

  • Вкупно гласачи
    1.045

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Добро бе Мики, не мислиш дека го исцеди веќе тој И Ку коментар?
Ако некој веќе се „исчаталил„ со својот јааак (И-КУ), тогаш треба да биде и убедлив дека е навистина јак во тој поглед, а не да препише веќе туѓ и виден/прочитан став и да чека некој да го (раз)убедува дали е во право или во криво. А згора на све, таквите јаки И-КУ-овци, штом добијат одговор, веднаш е впуштаат во омаловажување на одговорот (или на одговарачот) и елегантно се враќаат на својата изложена предрасуда, за која самите барале коментар.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

Батали ме мене и мојата интелегенција, дај распали со тој доказот...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ајде чекам. Најсилниот, крунски доказ со кој располагаш...

Па добро, од 10-11 ни еден не можеш да најдеш?
На пример, вродената човекова идеја за Бога.
Во своите истражувања од психологијата, чак и славниот Фројд забележал дека идејата за Бога им е вродена на луѓето.

Но да, лесно ми е да претпоставам дека за Тебе (и сличните со јаките И-КУ-а), многу е побитно и полесно да прифатите што рекол овој или оној авторитет во оваа или онаа наука, отколку да се задлабочите во Вас самите и да почнете да ја осознавате Вашата а не туѓата природа и туѓите „вистини„.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
На пример, вродената човекова идеја за Бога.
Во своите истражувања од психологијата, чак и славниот Фројд забележал дека идејата за Бога им е вродена на луѓето.

Но да, лесно ми е да претпоставам дека за Тебе (и сличните со јаките И-КУ-а), многу е побитно и полесно да прифатите што рекол овој или оној авторитет во оваа или онаа наука, отколку да се задлабочите во Вас самите и да почнете даја озознавате Вашата а не туѓата природа.
Ова ти е најдобриот доказ?

Вака Мики, сега ќе те учам логика. Ова не може да се квалификува како доказ, затоа што не може ниту да се потврди, ниту да се побие. Значи, дури и да се потврди дека луѓето од 20 и 21 век имаат вродена идеја за Бог, во што јас се сомневам, тоа не е доказ, затоа што тие луѓе се продукт на 20 вековна религијска традиција. Науката во овој момент не знае дали и на кои начин некои идеи се пренесуваат од генерација на генерација, така да она што за луѓето од 20 век е можеби вродено, за некој од 5 век е стекнато. Разбираш? Значи ова ни одблиску не се квалификува како доказ, дури ниту во кругови на луѓе кои би биле благонаклонето кон религиозните идеи...

Одиме понатаму, ова беше слаб обид, можеш ти и подобро...
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.418
Поени од реакции
5.093
Ц....

Овој пат, само ќе речам дека „...не е вреден за сецирање...„:pos2:
Ипсисимус.... еве ти го одговорот. Не бил вреден за сецирање.

Статистиката е најголемата лага, според Мики.
Истата таа статистика покажува дека во светот има најголем број Христијани. Логички, според Мики, ова треба да биде најголема лага.

И одговорот на Мики - :pos2:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ипсисимус.... еве ти го одговорот. Не бил вреден за сецирање.

Статистиката е најголемата лага, според Мики.
Истата таа статистика покажува дека во светот има најголем број Христијани. Логички, според Мики, ова треба да биде најголема лага.

И одговорот на Мики - :pos2:
Чекај, полека, ќе го збуниш човекот. Сега ги изнесува најсилните докази за постоењето на Бог, немој да го деконцентрираш со статистички проблеми...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ова ти е најдобриот доказ?
Заратустра,

не галами: бараше доказ-приложив доказ. Но има и други, ама според Твојата реакција, верувам дека сам Бог да излезе пред Твоите очи (како и пред Пилата...), и тогаш нема да бидеш убеден дека Бог постои, наспроти Неговата очигледност, па би Му рекол: „Не бе, Ти не постоиш, ја лично „логички„ ќе Те побијам...„ (ха-ха-ха!).

Така, не ме „замарај„ со учење логика, оти и да Ти наведам уште дузина докази за Бога, Ти „логички„ ќе ги побиеш, само затоа што денес бил 21-от век, така?

Ај прашај ги баба ти и дедо ти, па тие нека Ти посочат дека Светот постоеше и пред Твоето зачнување, ама Ти „логички„ ќе ги побиеш, со тоа што ќе речеш дека денес е 21-от век, така?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
На пример, вродената човекова идеја за Бога.
Тотална глупост. Социопатите немаат чувство за морал и немаат чувство за Бог.

Како е ова можно?

Постојат амазонски племиња кои освен „моштите“ на своите предци немаат АПСОЛУТНО НИКАКВА идеја за божества.

Ова, верниче еден непослушен и горделив (опак грев, нели), е ФАКТ, а твоето тврдење (кое, патем, во себе нема ниту Д од доказ) е тотална глупост.

Оди на будистот да му кажеш дека има имплантирана идеја за Бог.

@останатите: Ја му ги читав некаде 11-те „докази“ дека постои Бог. Сите ги обработивме еден по еден. Мики не се осмели ниту да коментира. Малку го сецираше постот со глупости, ама чорба!

Не го вознемирувајте. Сигурно пости, па му се врти во главата. Тримери се, нели или нешто томе слично. Се нема сила за муабет.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Истата таа статистика покажува дека во светот има најголем број Христијани.
Ајде, посочи ми ја и таа статистичка „вистина„ дека најголем дел од овие 6,9 милј. жители, се исповедаат за христијани.

--- надополнето ---

Тотална глупост. Социопатите немаат чувство за морал и немаат чувство за Бог.

Лично, можам да Те поставам во таа група, пошто нели, Ти не веруваш во Бог, не?

Или, како што би рекол мојот омилен професор: „Од погрешни примери, се извлекуваат погрешни заклучоци„.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.418
Поени од реакции
5.093
Така, не ме „замарај„ со учење логика, оти и да Ти наведам уште дузина докази за Бога, Ти „логички„ ќе ги побиеш, само затоа што денес бил 21-от век, така?
Еве го најсилниот аргумент на теистите. Шо има јас да ти давам докази тебе...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Заратустра,

не галами: бараше доказ-приложив доказ. Но има и други, ама според Твојата реакција, верувам дека сам Бог да излезе пред Твоите очи (како и пред пилата...), и тогаш нема да бидеш убеден дека Бог постои, наспроти Неговата очигледност, па би Му рекол: „Не бе, Ти не постоиш, ја лично „логички„ ќе Те побијам...„ (ха-ха-ха!).

Така, не ме „замарај„ со учење логика, оти и да Ти наведам уште дузина докази за Бога, Ти „логички„ ќе ги побиеш, само затоа што денес бил 21-от век, така?

Ај прашај ги баба ти и дедо ти, па тие нека Ти посочат дека Светот постоеше и пред Твоето зачнување, ама Ти „логички„ ќе ги побиеш, со тоа што ќе речеш дека денес е 21-от век, така?
Не бе Мики, се обидувам да го извадам најдоброто од твоите мислења. Чесен збор. Она што го напиша, те уверувам дека не врви како доказ, дури ни во најлабава смисла на зборот доказ. Едноставно, субјектите на кои што може да се изврши испитувањето дали имаат вродена идеа за Бог, се продукт на 20 вековна религијска традиција, па као такви не се релевантни. Само пред 5-6 векови, било незамисливо некој да не верува во Бог. Тоа е една таква пресија врз психата на луѓето, што воопшто не е чудно да оставила печат кој понатаму се пренесува низ генерациите.

И сето ова со мојот благонаклонет пристап дека во име на аргументацијата прифаќам дека луѓето имаат вродена идеа во Бог, иако ни за момент суштински не верувам во тоа.

Дај некој друг доказ, овој е дефектен, сите кои го читаат ова разбираат дека не може вака да се докажува...
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.418
Поени од реакции
5.093
Ајде, посочи ми ја и таа статистичка „вистина„ дека најголем дел од овие 6,9 милј. жители, се исповедаат за христијани.

Лага е?

--- надополнето ---

Чекај, полека, ќе го збуниш човекот. Сега ги изнесува најсилните докази за постоењето на Бог, немој да го деконцентрираш со статистички проблеми...
Си го поставувам прашањето, дали е платен за ова или навистина верува? Чорбаџија знам дека е платен.
Мики ми наликува на муслиманските верници на форумов... им нема рамен за глупости.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom