Значи црквата како институција која што го шири и проповеда христијанството наметнува нешто што е спротивно од библијата (имаше еден збор за тоа ми се чини дека еретици беше) или грешно сум те разбрал?
Не секоја „црква“, особено не онаа што е побратимена со власта (читај МПЦ) го проповеда Христовото учење и учењето на Библијата. Католичките и православните цркви најмалку се придржуваат кон Библијата, а честопати проповедаат и работи што се спротивни на неа.
Жал ми е што многу атеисти се згрозени од лошата слика на „христијанството“ кое го претставуваат некои „цркви“ или пак некои свештени лица. Ако некој сака да го запознае изворното библиско христијанство, најдобро е да го огради истото од лошите и лицемерни практикувачи и да го запознае Христос и Неговото учење.
Зар мора да постои некој пред кого ќе одговараш за твоите постапки, зар мора да се чувствуваш грешно и валкано доколку не се однесуваш според библијата, зар мора да се каеш и потчинуваш пред некого???
Ако во нас има смисла за морал и совест, тогаш истите но во посовршена форма постојат и кај нашиот Создател. Ако не постои Создател, тогаш не постои ниту нешто како „смисла на животот“ (ако има смисла, има и Смислодавец), не постои ниту нешто како „морал“, совеста е илузија во нашите умови, вината исто така е некое застрането негативно чувство итн. Ако не постои Создател, тогаш не постои ниту разумно објаснување за настанокот на сето создание што го гледаме околу нас, Универзумот, целиот жив животински и растителен свет, дизајнот, законитостите што владеат околу нас.
Логиката го вели следново:
Ако постои часовник, постои и Часовничар. Ако постои создание, постои и Создател. Ако постои закон, постои и Законодавец. Ако постои Живот, постои и Животодавец. Ако постои дизајн, постои и Дизајнер. Неразумно е да се верува дека при експлозија во некоја печатница може да се создаде енциклопедија. Неразумно е да се верува дека при експлозија во некоја електронска фабрика може да се создаде лаптоп. Една обична ДНК молекула е далеку покомплексна од овие созданија. А да не збориме пак за живата клетка, или пак за човекот воопшто. Сето тоа е невозможно да насталнало како последица на големата експлозија (Биг Бенг), ниту пак како последица од која било алтернативна атеистичка теорија каде што материјата се самоорганизирала водена од слепите самосоздадени сили на „природата“.
Размислувајќи околу овие работи многу научници дошле до неопходната Прапричина - Создателот. (меѓу кои и: Исак Њутн, Блејз Паскал, Кеплер, Фарадеј, Луј Пастер, Вилијам Томсон, Леонардо Ојлер, Флеминг, Вернер фон Браун, Лајбниц, Мендел итн.)
Нека не те обесхрабруваат религиозните водачи и самонаречените институционални цркви во твојата потрага по Создателот. Тој постои без разлика како го претставуваат неговите „потпароли“ овде на Земјата
Неговиот отисок е силно врежан во созданието. Не ти пожелувам да го игнорираш овој факт.
Поздрав пријателе.