Повеќе причини да бидеш атеист

  • Креатор на темата Креатор на темата mALEFACTOr
  • Време на започнување Време на започнување

Во што верувате?

  • Во Бог

    Гласови: 522 50,0%
  • Во Науката

    Гласови: 523 50,0%

  • Вкупно гласачи
    1.045
Крстоносните војни биле водени за пљачкосување и колонизирање на блискиот исток. Тоа другото било само изговор. Зарем причина за Втората Св. Војна беше тоа што Полска не и даде еден теснец во близина на Гдањск на Германија. А фанатиците на Џихад се искористени од страна на терористички организации. Исламот не повикува на војна исто како и Христијанството. Религијата е алатка користена од освојувачите за покорување на колонии, ширење на своите империи на нови територии. Како што Хитлер ја злоупотребил филозофијата на Ниче за свои цели. Дали тоа значи дека ако забегаш во филозофија исто ќе станеш фанатик.
Изговор, кој привлекол уште голем број луѓе (верници мислејќи дека тоа е волјата на Господ) да се приклучат во војната.
Втората светска војна не е поврзана со религијата.
За Џихадот ти е исто како за крстоносните војни, се користи вербата на луѓето за да се остварат нечии цели.
Хитлер и Ниче повторно не се поврзани со религијата.
Филозофијата е едно, религијата е друго. Религијата е начин на живот. Филозофијата е сосема нешто поинакво.
 
По втор пат го потенцираш тоа дека не си атеист, а ги браниш атеистите.
Зошто ги браниш атеистите?
Ако не си атеист тогаш си теист. Атеистите ти ја негираат основата на твојот теизам а ти ги браниш.
Изјасни се што си. Зарем се срамиш од својата верба?

Каква корист од тоа што ќе ја задоволам твојата радозналост и се изјаснам што сум. Зарем мора да бидам нешто, одбирам да бидам ништо и се во исто време.
Атеистите ги бранам затоа што сметам дека подобро е да го негираш постоењето на Бог, да се сомневаш, да бараш докази, да се трудиш отколку слепо да веруваш во наметнати богови, ставови, идеологии без критички да ги разгледаш...
:helou:
 
Изговор, кој привлекол уште голем број луѓе (верници мислејќи дека тоа е волјата на Господ) да се приклучат во војната.
Втората светска војна не е поврзана со религијата.
За Џихадот ти е исто како за крстоносните војни, се користи вербата на луѓето за да се остварат нечии цели.
Хитлер и Ниче повторно не се поврзани со религијата.
Филозофијата е едно, религијата е друго. Религијата е начин на живот. Филозофијата е сосема нешто поинакво.
Направив паралела (не корелација:nenene::nenene::nenene:) помеѓу криво толкување на филозофијата како причина за втора светска војна и криво толкување на религијата како причина за крстоносни војни, џихад... за полесно да ме сфатиш. Но очигледно не ме сфати или ме сфати како што ти одговара.
 
Ovaj ateistot ko da zabegal go citav i na drugi temi neka se odluci deteto so saka da bide ili Evrein ili ateist :helou::helou::helou::helou::helou:
 
Направив паралела (не корелација:nenene::nenene::nenene:) помеѓу криво толкување на филозофијата како причина за втора светска војна и криво толкување на религијата како причина за крстоносни војни, џихад... за полесно да ме сфатиш. Но очигледно не ме сфати или ме сфати како што ти одговара.
Очигледно не попушташ во однос на моите тврдења и не се обидуваш да ме разубедиш. Па, правиш како ти да не си бил сфатен. Класика.
 
Очигледно не попушташ во однос на моите тврдења и не се обидуваш да ме разубедиш. Па, правиш како ти да не си бил сфатен. Класика.
тоа не се вика класика туку тврдоглавост (без навреда :))
 
Da bides ateist e loso zato so ako navistina postoi Boh ke bides kaznet na drugiot svet a tie so veruvaat vo Bog ako navistina ne postoi nema ni da znaat znaci niso ne gubat :baeh::pos2:
 
тоа не се вика класика туку тврдоглавост (без навреда :))
Што убаво си кажа. За тебе се однесуваше. Честитам за искреното признание. Ретки се таквите како тебе :smir:
 
Da bides ateist e loso zato so ako navistina postoi Boh ke bides kaznet na drugiot svet a tie so veruvaat vo Bog ako navistina ne postoi nema ni da znaat znaci niso ne gubat :baeh::pos2:

Го губат времето одејќи во црква, а водено тамо оставаат и пари, го губат животот поклонувајќи му се на нешто, а тоа нешто го замислуваат како Ѓорѓи Колозов од Макдедонски народни приказни. :toe:
 
Го губат времето одејќи во црква, а водено тамо оставаат и пари, го губат животот поклонувајќи му се на нешто, а тоа нешто го замислуваат како Ѓорѓи Колозов од Макдедонски народни приказни. :toe:


da ama ovoj zivot ne trae dolgo a drugiot e vecen :wink:
 
da ama ovoj zivot ne trae dolgo a drugiot e vecen :wink:

Ај замисли си вечен живот! (во рај или пекол)

Ај сеа замисли каде се наоѓа!

... и ајде сеа објасни ми како го замисли/свати ова.
 
Што убаво си кажа. За тебе се однесуваше. Честитам за искреното признание. Ретки се таквите како тебе :smir:
хахаха, успеа да ме насмееш, на тебе мислев машко, не на себе, врочем многу добро го знаеш тоа, а глумиш лудило. ако мислиш дека сите средства се дозволени само напред, впрочем тоа е тично за атеистите. Жалосно е што атеизмот го користите како изговор за отфрлање на секаков морал. Ако сметате дека религијата наметнува грешен и скривен морал, тогаш каков е вашиот?
 
Жалосно е што атеизмот го користите како изговор за отфрлање на секаков морал. Ако сметате дека религијата наметнува грешен и скривен морал, тогаш каков е вашиот?

Религијата се плаши само од една работа: од науката - од здравото сфаќање на причината и последицата. Поимите за вина и казна, целиот морален ред во светот беше скроен против науката. Според религијата човекот не смее да гледа на работите со итрина, внимателно, да учи за нив тој воопшто не смее да гледа, смее само да страда. И мора толку многу да страда за да му биде потребна религија во секој момент.
Поимите за вина и казна, како и учењето за милост, спасение, простување се чисти лаги и немаат никаква психолошка реалност -измислени се за да го уништат човечкото чувство за причини. Тие се убијци на поимите за причина и последица.
Кога природните последици од некое дејство се изведени од духовните креации, од Бог, духовите, душите и кога се сметаат како морални последици, како награди, казни, опомена, како лекции, тогаш целата претпоставка за знаењето е уништена.
Гревот беше измислен за да станат невозможни науката, културата, секое издигнување и самопочитување на човекот, религијата владее со помош на измислувањето на гревот.
 
Ај замисли си вечен живот! (во рај или пекол)

Ај сеа замисли каде се наоѓа!

... и ајде сеа објасни ми како го замисли/свати ова.


Pa ovoj zivot e prolazen a drugiot e vecen sto sakam da kazam tuka i da gubime vreme vo molenje na nesto sto ne postoi koga ke umreme nema ni da znaeme deka dzabe sme gubele vreme a ako navistina postoi ke bideme nagradeni i toa vecno za razlika od tebe sto ke bides vecno kaznet ete toa e razlikata :helou::helou:
 
Религијата се плаши само од една работа: од науката - од здравото сфаќање на причината и последицата. Поимите за вина и казна, целиот морален ред во светот беше скроен против науката. Според религијата човекот не смее да гледа на работите со итрина, внимателно, да учи за нив тој воопшто не смее да гледа, смее само да страда. И мора толку многу да страда за да му биде потребна религија во секој момент.
Поимите за вина и казна, како и учењето за милост, спасение, простување се чисти лаги и немаат никаква психолошка реалност -измислени се за да го уништат човечкото чувство за причини. Тие се убијци на поимите за причина и последица.
Кога природните последици од некое дејство се изведени од духовните креации, од Бог, духовите, душите и кога се сметаат како морални последици, како награди, казни, опомена, како лекции, тогаш целата претпоставка за знаењето е уништена.
Гревот беше измислен за да станат невозможни науката, културата, секое издигнување и самопочитување на човекот, религијата владее со помош на измислувањето на гревот.
Религијата не се плаши од ништо. Никоја религија (можеби некои секти) не го ограничува хоризонтот на луѓето. Религијата не ја спречува науката. Па црковните училишта се први училиште откако варварите ја уништиле античката цивилизација. Манастирите и цтквите биле главни едукативни центри. И писмово на кое сега пишуваме е создадено во манастир од мисионери кои сега се прогласени за свтители. Свети климентовиот универзитет во Охрид е неофицијално најстариот универзитет во светот. Гревот не е измислен туку гревот одсекогаш постоел и секогаш ќе постои. Законите кои ги воспоставиле луќето за регулирање на односите меѓу себе во световниот живот, не се косат со законите на профаниот. Што се однесува до културата, највредните уметнички дела се со религиозна инаспирација и се наоѓаат во цркви. Систинската капела да се стави на аукција би вредела многу повеќе од Мона Лиза. Моралот воспоставен од религијата бил многу похуман и почовечки од тој кој важел пред неа во робовладетелството. Можеби не е идеалниот, но човештвото е далеку од соврченство за да се воспостават идеални социјални, морални, економски и политички модели. Секој што правилно ја сфаќа религијата знае дека луќето се самосвесни, никој не управува нив и со нивната воља. Гревот не постои за да се ограничи нивната слобода туку за да ги спречи да им ја ограничат слободата на другите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom