831
רַב אושר של חוכמה
- Член од
- 8 ноември 2009
- Мислења
- 6.982
- Поени од реакции
- 12.614
Религијата не прави ништо друго освен што го ограничува хоризонтот. Религијата отсекогаш ја спречувала науката, и не само тоа туку и строго ја казнувала, единственото нешто што ја спречува денес да не го прави тоа е тоа што не е на власт, постојат одредени закони кои строго казнуваат доколку се прекршат и тоа што е принудена да се прилагодува на новите морални вредности како не би пропаднала.Религијата не се плаши од ништо. Никоја религија (можеби некои секти) не го ограничува хоризонтот на луѓето. Религијата не ја спречува науката. Па црковните училишта се први училиште откако варварите ја уништиле античката цивилизација. Манастирите и цтквите биле главни едукативни центри. И писмово на кое сега пишуваме е создадено во манастир од мисионери кои сега се прогласени за свтители. Свети климентовиот универзитет во Охрид е неофицијално најстариот универзитет во светот. Гревот не е измислен туку гревот одсекогаш постоел и секогаш ќе постои. Законите кои ги воспоставиле луќето за регулирање на односите меѓу себе во световниот живот, не се косат со законите на профаниот. Што се однесува до културата, највредните уметнички дела се со религиозна инаспирација и се наоѓаат во цркви. Систинската капела да се стави на аукција би вредела многу повеќе од Мона Лиза. Моралот воспоставен од религијата бил многу похуман и почовечки од тој кој важел пред неа во робовладетелството. Можеби не е идеалниот, но човештвото е далеку од соврченство за да се воспостават идеални социјални, морални, економски и политички модели. Секој што правилно ја сфаќа религијата знае дека луќето се самосвесни, никој не управува нив и со нивната воља. Гревот не постои за да се ограничи нивната слобода туку за да ги спречи да им ја ограничат слободата на другите.
Точно е дека црквите биле главни едукативни центри, ако не биле црквите ќе било нешто друго, затоа тие ја искористиле можноста преку едуцирање да наметнат свои правила и верувања.
Зарем црквата не прави од жената роб кој треба да биде послушен на мажот. Зарем црквата не го искривува најдлабокиот човечки нагон - сексот, го нарекува грешен и со тоа плука врз природата на човекот(какви само болести и психози настануваат со потиснување и создавање крива слика на сексуалниот нагон).
Врвни уметнички дела се создавале и пред христијанството, но тоа во друга тема.
Моралот е кревка работа која може многу лесно да се сфати погрешно, еластичен е и затоа може да се обликува многу лесно. И пред христијанството имало морал, христијаните не го измислија, само го прилагодија по нивни потреби.
Има многу да се зборува за штетата што ја направила и крвта што ја пролеала (па и денес се лее) религијата низ вековите...