Повеќе причини да бидеш атеист

Во што верувате?

  • Во Бог

    Гласови: 522 50,0%
  • Во Науката

    Гласови: 523 50,0%

  • Вкупно гласачи
    1.045

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.982
Поени од реакции
12.614
Религијата не се плаши од ништо. Никоја религија (можеби некои секти) не го ограничува хоризонтот на луѓето. Религијата не ја спречува науката. Па црковните училишта се први училиште откако варварите ја уништиле античката цивилизација. Манастирите и цтквите биле главни едукативни центри. И писмово на кое сега пишуваме е создадено во манастир од мисионери кои сега се прогласени за свтители. Свети климентовиот универзитет во Охрид е неофицијално најстариот универзитет во светот. Гревот не е измислен туку гревот одсекогаш постоел и секогаш ќе постои. Законите кои ги воспоставиле луќето за регулирање на односите меѓу себе во световниот живот, не се косат со законите на профаниот. Што се однесува до културата, највредните уметнички дела се со религиозна инаспирација и се наоѓаат во цркви. Систинската капела да се стави на аукција би вредела многу повеќе од Мона Лиза. Моралот воспоставен од религијата бил многу похуман и почовечки од тој кој важел пред неа во робовладетелството. Можеби не е идеалниот, но човештвото е далеку од соврченство за да се воспостават идеални социјални, морални, економски и политички модели. Секој што правилно ја сфаќа религијата знае дека луќето се самосвесни, никој не управува нив и со нивната воља. Гревот не постои за да се ограничи нивната слобода туку за да ги спречи да им ја ограничат слободата на другите.
Религијата не прави ништо друго освен што го ограничува хоризонтот. Религијата отсекогаш ја спречувала науката, и не само тоа туку и строго ја казнувала, единственото нешто што ја спречува денес да не го прави тоа е тоа што не е на власт, постојат одредени закони кои строго казнуваат доколку се прекршат и тоа што е принудена да се прилагодува на новите морални вредности како не би пропаднала.
Точно е дека црквите биле главни едукативни центри, ако не биле црквите ќе било нешто друго, затоа тие ја искористиле можноста преку едуцирање да наметнат свои правила и верувања.
Зарем црквата не прави од жената роб кој треба да биде послушен на мажот. Зарем црквата не го искривува најдлабокиот човечки нагон - сексот, го нарекува грешен и со тоа плука врз природата на човекот(какви само болести и психози настануваат со потиснување и создавање крива слика на сексуалниот нагон).

Врвни уметнички дела се создавале и пред христијанството, но тоа во друга тема.

Моралот е кревка работа која може многу лесно да се сфати погрешно, еластичен е и затоа може да се обликува многу лесно. И пред христијанството имало морал, христијаните не го измислија, само го прилагодија по нивни потреби.

Има многу да се зборува за штетата што ја направила и крвта што ја пролеала (па и денес се лее) религијата низ вековите...
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42

Како прво гледам дека правиш целосно поистоветување на црквата и религијата и гревовите на црквата, ги преубеличуваш за потоа да ги искористиш како напад на религијата. Религија не е само црковната институција, религија е и исламот и хиндуизмот, и јудеизмот и нивните внатрешни поделби. Немора да бидеш римокатолик ако не ти одговара мрачното минато на Римската црква и инквизицијата. Биди православен, православните никого не гореле на клада. И католичката црква не била секогаш против науката. Ако беше така немаше во Вестнинстерската катедрала да бидат закопан Исак Њутн, Чарлс Дарвин, Вилијам Шекспир...Кои патем се едни од главните аргументи на атеистите. Никола Тесла е син на свештеник а и самиот бил свештеник пред да студира технички науки (така барем слушнав на тв).
Предхристијанските врвни уметнички дела се исто така посветени на божества, овојпат антички но зарем тоа не е религија?
Според црквата мажот и жената се еднакви. всушност сите луѓе се еднакви пред бога. Црквата не го забранува сексот, го забранува само за време на пости. Но е против промискуитетноста. Но денес може со изгубена невиност да се носи бел фустан во црква. Сепак религијата се реформира. Некои правила после толку векови се прилагодиле на новиот начин на живот :) . Сексот е забранет само за монасите. Не е за свештениците.
Моралот е еластичен-се согласувам. Затоа не е секој способен да обликува сопствен морал. Свеста кај човекот не е уште на толкаво ниво. Притоа религијата е најдобра алтернатива.
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Религијата проповеда скромност и разумност и доколку човекот би ги почитувал овие две работи сега сеуште ќе живеевме во пештери и облечени во кожа од животни. Нема ништо лошо во религијата ама има во институциите кои ја спроведуваат и кои ја користеле и кои сеуште ја користат за територијални и материјални придобивки. И дефинитивно треба да се напиши Нов Завет бидејќи дел од моралните норми во претходниот повеќе не важат.
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.982
Поени од реакции
12.614
Црквата не го забранува сексот, го забранува само за време на пости. Но е против промискуитетноста. Но денес може со изгубена невиност да се носи бел фустан во црква. Сепак религијата се реформира. Некои правила после толку векови се прилагодиле на новиот начин на живот :) . Сексот е забранет само за монасите. Не е за свештениците.
.
Не го забранува сексот, но го прави грешен, прави да се срамиме од него и од нашите тела.
Реков црквата денес нема толкаво влијание како некогаш, но од време на време се чувствува..
Значи јас не сум против верување во божества, туку против постоење на официјални религии, навистина нема потреба од тоа...се создаваат поделби и омрази...можеме без религија.
Иначе Исак Њутн од срце ги мразел свештенството и нивните учења, ги гледал како ѓаволи кои се дојдени за да го измачуваат и лажат човештвото, бил алхемичар, окултист и до крајот на својот живот се плашел да не биде откриен.

Спремни сме за да опстанеме без религија...
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Гревот беше измислен за да станат невозможни науката, културата, секое издигнување и самопочитување на човекот, религијата владее со помош на измислувањето на гревот.
Значи не постои грев не постои добро не постои лошо се е измислено?
Ама ајде да висдиме малку од практична гледна точка. Промискутетноста, хомосекасуалноста, зоофилијата, некрофилијата се грев не затоа што некој го измислил тоа, туку затоа што со честото практикување на тие девијантни појави луѓето ќе закачат некоја неизлечива болест и готово крај на претставата. Сексуалните односи помеѓу двајца блиски роднини мнооогу одамна е прикажано како грев пред да го докаже науката кретенизмот кај нивното потомство. Потоа дали канибализмот е грев, или е обична измислица за широките народни маси да се држат во заблуда за да не уживаат во задоволството да го испечат во рерна ближниот свој?
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.982
Поени од реакции
12.614
Религијата проповеда скромност и разумност и доколку човекот би ги почитувал овие две работи сега сеуште ќе живеевме во пештери и облечени во кожа од животни. Нема ништо лошо во религијата ама има во институциите кои ја спроведуваат и кои ја користеле и кои сеуште ја користат за територијални и материјални придобивки. И дефинитивно треба да се напиши Нов Завет бидејќи дел од моралните норми во претходниот повеќе не важат.
Така е, време е да се скршат старите плочи и да се испишат нови.

Што му фали на ова:
Божјото царство е во нашето срце а не во градби од бетон, тоа не е нешто кое допрва ќе дојде по овој свет или по смртта. Тоа не е нешто што го очекуваме, тоа нема ниту вчерашност ниту утрешност, нема да дојде ниту за илјада години - тоа се наоѓа во срцето, тоа е секаде и никаде...

Учењата на католиците, христијаните, муслиманите итн. не држат вода...без нив светот би бил подобро место за живеење. Не велам да се забрани било какво верување, нека постојат книги за оној кој сака да оди по тој пат, но институциите се тотално непотребни па дури и штетни. Нека не се наметнуваат нивни правила уште од самото раѓање. Мене се обидоа да ми наметнат, секое мое спротиставување го осудуваа...таква религија не ми треба!

Значи не постои грев не постои добро не постои лошо се е измислено?
Ама ајде да висдиме малку од практична гледна точка. Промискутетноста, хомосекасуалноста, зоофилијата, некрофилијата се грев не затоа што некој го измислил тоа, туку затоа што со честото практикување на тие девијантни појави луѓето ќе закачат некоја неизлечива болест и готово крај на претставата. Сексуалните односи помеѓу двајца блиски роднини мнооогу одамна е прикажано како грев пред да го докаже науката кретенизмот кај нивното потомство. Потоа дали канибализмот е грев, или е обична измислица за широките народни маси да се држат во заблуда за да не уживаат во задоволството да го испечат во рерна ближниот свој?
Значи од практична гледна, во стари времиња имав некаде напишано дека можеби било потребно некои работи да бидат наметнати на одреден начин, како би се воспитало стадото. Денес ти треба ли религија за да го разбереш тоа или ти треба наука и закони и релативно здрав разум? Чуму религија денес? Чуму да мислиш дека си роден грешен? Чуму некого да го сметаш за непријател затоа што припаѓа на друга религија. Чуму...Чуму цркви и џамии на плоштади воопшто?
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Значи не постои грев не постои добро не постои лошо се е измислено?
Ама ајде да висдиме малку од практична гледна точка. Промискутетноста, хомосекасуалноста, зоофилијата, некрофилијата се грев не затоа што некој го измислил тоа, туку затоа што со честото практикување на тие девијантни појави луѓето ќе закачат некоја неизлечива болест и готово крај на претставата. Сексуалните односи помеѓу двајца блиски роднини мнооогу одамна е прикажано како грев пред да го докаже науката кретенизмот кај нивното потомство. Потоа дали канибализмот е грев, или е обична измислица за широките народни маси да се држат во заблуда за да не уживаат во задоволството да го испечат во рерна ближниот свој?
Промискуитетноста не е девијантна појава туку е во природата на човекот посебно на машката популација.
хомосексуалноста не е девијантна појава туку хормонално пореметување.
Зоофилијата, некрофилијата и сексуалните односи помеќу блиски роднини се одраз на сексуално пореметување предизвикано од недоволно секс, ако проституцијата е дозволена никој не е глуп да секса животни и мртовци.
А канабализмот е само борба да се преживее, никој не би јадел човечко месо доколку има друго што да јаде па макар тоа биле и стаорци.
Само што полесно е да се заплашат луѓето отколку да се образоваат.
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.982
Поени од реакции
12.614
Промискуитетноста не е девијантна појава туку е во природата на човекот посебно на машката популација.
хомосексуалноста не е девијантна појава туку хормонално пореметување.
Зоофилијата, некрофилијата и сексуалните односи помеќу блиски роднини се одраз на сексуално пореметување предизвикано од недоволно секс, ако проституцијата е дозволена никој не е глуп да секса животни и мртовци.
А канабализмот е само борба да се преживее, никој не би јадел човечко месо доколку има друго што да јаде па макар тоа биле и стаорци.
Само што полесно е да се заплашат луѓето отколку да се образоваат.
Добро го објасни ова, мене ме мрзеше да пишувам и да разглабам.
Така е, сите сексуални настранувања се производ на злоупотреба на сексуалната енергија, нејзино искривување и потиснување, погрешна претстава за неа како што е ГРЕВ.
За хомосексуалноста веќе и не ми се зборува.

А канибализам постои кај секого кај кого постои волја за живот, во екстремни ситуации...најсвеж пример за тоа беше една авионска несреќе во Аљаска, додека кај некои пламиња преминал во традиција(не знам дали уште постојат), само што не го јаделе кого ќе стасаат и како ќе стасаат, имаше една документарна и за тоа зборуваше еден племенски водач, ги јаделе непријателите кои ќе убијат некој нивни племенски член за да го уништат злобниот дух кој престојувал во непријателот(убиецот)...
 
K

Kamelija A

Гостин
Религијата се плаши само од една работа: од науката - од здравото сфаќање на причината и последицата. Поимите за вина и казна, целиот морален ред во светот беше скроен против науката. Според религијата човекот не смее да гледа на работите со итрина, внимателно, да учи за нив тој воопшто не смее да гледа, смее само да страда. И мора толку многу да страда за да му биде потребна религија во секој момент.
Поимите за вина и казна, како и учењето за милост, спасение, простување се чисти лаги и немаат никаква психолошка реалност -измислени се за да го уништат човечкото чувство за причини. Тие се убијци на поимите за причина и последица.
Кога природните последици од некое дејство се изведени од духовните креации, од Бог, духовите, душите и кога се сметаат како морални последици, како награди, казни, опомена, како лекции, тогаш целата претпоставка за знаењето е уништена.
Гревот беше измислен за да станат невозможни науката, културата, секое издигнување и самопочитување на човекот, религијата владее со помош на измислувањето на гревот.
Одговори ако сакаш што е за тебе религијата?
Плукаш по сите религии по ред(но немаш balls да се произнесеш што си?) а се наѕира дека твоето познавање на религијата е омеѓено со христијанството. Аполон добро ти реплицираше. Се ставаш на страната на атеистите а се повикуваш на БОГ кој е во тебе и насекаде околу тебе. Мнозинството на научни достигнувања во минатото директно или индиректно биле последица на древните религии.
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.982
Поени од реакции
12.614
Одговори ако сакаш што е за тебе религијата?
Плукаш по сите религии по ред(но немаш balls да се произнесеш што си?) а се наѕира дека твоето познавање на религијата е омеѓено со христијанството. Аполон добро ти реплицираше. Се ставаш на страната на атеистите а се повикуваш на БОГ кој е во тебе и насекаде околу тебе. Мнозинството на научни достигнувања во минатото директно или индиректно биле последица на древните религии.
За мене религијата претставува некултурен натпревар помеѓу народите. Така ми изгледа, денес, штознам можда се лажам.:toe:

Христијанството нема никаква допирна точка, барем она христијанство кое постои денес, со моите верувања...можда во некои симболики за кои не би говорел тука, за кои христијаните немаат ни основно познавање.

Тоа што не сакам да се произнесам нема никаква допирна точка со храброст или нешто слично.

Така е, повеќето научни достогнувања во минатото директно или индиректно биле поврзани со древни религии, но на голема жалост почнале да се појавуваат христијанства и муслиманства кои спалувале библиотеки и научници, па сета таа интелигенција била принудена да премине во илегала...

П.С А што религија си ти, христијанка или?
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Види сега што ти е предност кога си атеист: можеш да си ги задоволуваш сите потреби (глад, жед, секс, забава итн...) без притоа да чувствуваш страв дека после смртта ќе одиш на некое страшно место и дека треба да му одговараш на некого за твоите постапки кои btw воопшто не биле општествено штетни...
 
Г

Господ

Гостин
Сексот може да биде општествено штетен...pedophiles n' rapists n' stuff:toe:
Башка,атеистот не се плаши од Божјиот гнев бидејки знае дека не постои а не бидејки е бунтовен:jaj:
и зарем само единаесет?
Ги има безброј...
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.982
Поени од реакции
12.614
Види сега што ти е предност кога си атеист: можеш да си ги задоволуваш сите потреби (глад, жед, секс, забава итн...) без притоа да чувствуваш страв дека после смртта ќе одиш на некое страшно место и дека треба да му одговараш на некого за твоите постапки кои btw воопшто не биле општествено штетни...
Не бе, појако е, по филм е да се чувствуваш грешно, да се плашиш, да се ограничуваш, да трпиш, да плачеш, да се обвинуваш, да се исповедаш...чекај бе, ова ми потсеќа на мазохизам или си умислувам?!

Брате Фити за тоа што го кажуваш треба храброст, самопочит, искреност...не е лесна работа...:helou:
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Сексот може да биде општествено штетен...pedophiles n' rapists n' stuff:toe:
Башка,атеистот не се плаши од Божјиот гнев бидејки знае дека не постои а не бидејки е бунтовен:jaj:
и зарем само единаесет?
Ги има безброј...
муабетот ми беше за секс пред брак кој што многу религии го забрануваат... инаку и гладта може да биде општествено штетна, човек во очај да се нахрани почнува да кради итн...
 
Scorer

Set Your Spirit Free
Член од
30 март 2010
Мислења
63
Поени од реакции
4
ja saka da su vernik i se truda ama ne zna dal mi uspevat :toe: ja misla mnogu poubo e da si vernik nego prazna dusa
 
Kajgana Shop

На врв Bottom