Да се држи народот под контрола е најголем недостаток на религијата и им овозможува на некои моќници да ја злоупотребуваат за лични цели.
Го споменав тоа во моето мислење. Тоа не беше позитивна страна.
Најголемата предност на религијата е што му помага на човекот да постигне внатрешен мир и да воспостави памнотежа на телото и духот. Да најде одговор на духовните прашања, а не на материјалните.
За секој доволно свесен човек и психички силен човек, религијата не е потребна за да се постигне тоа. За оние малку „послабите“ религијата е неопходна за да постигнат внатрешен мир и рамнотежа.
1. За да дојдеме до заклучок што е праведно и добро, не ни е потребна религија.
Во времето кога се појавила и тоа како било потребно. Истражувај малку повеќе.
2. Етиката може да се пропагира и без помош на религијата.
Но сепак е најлесен начин. Како „простата маса“ ќе ја научиш на етика освен да ја заплашиш дека има некој семоќен кој ќе ја казни.
3. Не учи што е лошо...но и без неа можеме да научиме што е добро.
Вистина. Но поделотворно е преку религијата. Те упатувам неколку реда погоре.
4. Религијата дава само празни зборови, надежта ќе постои и без религија, и уосталом надежта што ја ветува служи само за продолжување на мизеријата без поттик за борба.
Поголемиот дел од луѓето сепак имаат потреба и за тоа.
5. Помагаат и хуманитарните не-религиозни организации.
Доколку станува збор за УНЦЕФ или Црвен крст и ислични да. Но, сепак и верските заедници помагаат и тоа во голема мера и за разлика од погоре споменатите не се фалат по весниците и останатите медиуми.
6. Го држи под контрола, но во мрак.
Тоа е предводено од лични интереси.
Со други зборови, религијата е потполно непотребна за да човек се чувствува среќно и исполнето, имам сретнато повеќе среќни атеисти од религиозни.
Од овие две реченици сфаќам дека очигледно не ја разбра суштината на моето мислење. По атеист се подразбира некој кој не верува во бог. Тоа значи и самиот збор. Тоа не значи не смееш да следиш религии и да го почитуваш нивното учење. Сите тие „атеисти“ не биле секогаш такви. Секој од нив израснал во околина од една или друга религија и бил воспитан во нејзиниот дух. Што значи сепак во нив се „всадени“ гледиштата на таа религија (до некаде).
Тоа беше моментот што сакав да го истакнам - религијата во однос на верувањето во божество. Но, како и за се во животот, така и за ова има различни мислења. Ова беа моите :wink: