Личната слободна волја од секој поединец, треба да се прилагоди кон Божјата волја. Таквиот склад, дава осмислен и целисходен живот, а притоа, поединецот не се претвора во аморфна маса, туку и понатаму ги задржува своите вродени особини и дарови, но под влијание на Божјата волја, со која треба да сме во склад, тие особини и дарови доаѓаат до израз и даваат праведни плодови-дела, а не дела во функција на своеглавоста или дела во служба од лукавиот.
1) кое е ВЛИЈАНИЕТО на божјата волја ? -- како велиш
и која е божјата волја
2) кој се тие ПРАВЕДНИ плодови- дела ?
3) која е службата на лукавиот (???) ?
оти вака е обично паролаштво !
Да пробам и јас.
1. Божјата волја - волјата на нашето вистинско јас. Неговата волја е да бидеме она што сме. Влијанието е огромно, се вика просветлување и животот е наизглед целосно ист, со тоа што владее безусловна среќа и мир во нас, тоа е таа Божја волја, или поатеистички речено - на нашето вистинско јас.
2. Сите дела што се прават со свесноста за тоа наше вистинско јас.
3. Лукавиот е, атеистички речено, нашето его.
Преполно е со разноразни желби и амбиции, и во добар дел од нив нема ништо лошо, меѓутоа без свесноста за нашето вистинско јас може да не упропастат, прво да бидеме задоволни од одредена работа а потоа многу да се разочараме. Во свесноста за нашето вистинско јас нема многу место за радост поради успеси во материјалниот живот, а уште помалку за разочарување од истите.
П.С. Се обидов да „преведам’’ атеистички, може поединецот и не мора нужно да верува во Бог за да стане свесен за себеси, па дури ни кога ќе стане свесен за својата суштина, но се додека зборува со бес и горчина за Бог, тој уште не е свој.
П.П.С. Се е мое лично мислење, но може и не само мое.
Нема никакви докази за постоење на Господ, тоа е ствар на вера, Кант ги има побиено сите „докази“ за Господ, и во суштина сите религии кои исповедаат вера во Бог се повикуваат на тие. Прочитајте ја Критика на чистиот ум од него,малку е досадна што е ствар на стилот но многу интересни се Холбах „Разголено Христијанство“ и „Систем на Природата“, и Фоербах „За суштината на Религијата“.
Кант?! Тој баш има некои убави реченици за Бог ако не се лажам... Или се лажам.
Хегел го посматрал Бог како нешто несвесно што се развива низ човечката историја но не влијае на истата, не сеуште, и тежнее да достигне самосвест. Тоа автоматски не значи дека тој е инфериорен во однос на нас свесните, туку само поинаку ги обработува примените податоци, како животно можеби. Но други мислители и филозофи не се сложуваат со тоа, сметаат дека Бог може да биде само непоимливо супериорен и самосвесен во однос на нас, како што сме на пример ние во однос на животните. За поставување на позитивниот и негативниот принцип, за акцијата и реакцијата е потребен ум. Не е се убаво поради нив, но... совршено е. Мора така.