Прочитај ја книгата и ќе ти светни. Има и за Мухамед, немај гајле.
Објаснети се психолошките механизми потребни за верата да стане релевантна во една заедница. Има и книга од Фројд (ајде овај Хаџи Митов е овдешен па некој ќе си речи не вреди многу...) за монотеизмот и Мојсије - Мозес.
Објаснето е меѓу другото како религијата влијае на пореметување на логичката мрежа на сличен начин како што тоа го прави шизофренијата. Како што вели Хаџи Митов, логичката мрежа кај верниците е целосно спротивна од онаа на атеистите. Верниците се повикуваат на лажни логички конструкции како тој-и-тој рече дека е така јас верувам дека е така. При што имаме цела галерија од натприродни ликови и ентитети кои никој не ги видел, но наводно ги видел некој во Палестина пред 2000 години и тоа наводно била ВИСТИНАТА...која им е омилена цел на сите верски движења (монопол на вистината!?).
Во двете книги убаво е објаснето како болесните лупетања на неколку особи кои покасно од позиција на моќ се наметнати врз неписменото население успеваат да станат најважни духовни елементи во нашава цивилизација!
Има иљадници вери и религии. Монотеистичките се најуспешни. И најдеструктивни. Зошто? Видете во наведените книги.