Malefactor напиша дека верува во виша сила можеби и Бог но не онака како што го замислуваат религиите. Со други зборови сака да каже - постои или не постои, верувал ти во него или не исто ти се фаќа, тој не помага. Не се сложувам со тоа.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Господ помага само не онака како што ние си замислуваме, од свое лично искуство велам дека е потребна јака причина за да вистински се добие помош, ситуација која ќе предизвика блокада на нашиот ум, и тогаш ако имаме вера искрено ќе побараме помош и ќе ја добиеме од Бога. Помошта може нема да биде онаква каква што ние замислуваме но утехата нема да изостане. Тоа сум го доживеал. Е сега, ако на атеистите не им треба никој да ги теши секоја им чест.
Има една приказна за атеист кој паднал во провалија и се фатил за гранката што растела на ивицата. Висејќи почувствувал дека нема долго да издржи и викнал:
- Боже!
Немало одговор.
- Боже! Спаси ме и ќе верувам во тебе!
- Така сите зборуваат кога се во неволја - се чул глас од небото кој одекнал низ провалијата.
- Не Боже - викнал атеистот охрабрен. - Јас не сум како другите! Гледаш, веќе верувам во тебе штом успеав гласот да ти го чујам! Спаси ме и ќе го славам твоето име додека сум жив, а ќе ги учам и другите да веруваат во тебе!
- Добро - одговорил гласот. - Ќе те спасам. Пушти ја гранката.
- Да ја пуштам гранката?! - викнал човекот избезумено. - Па не сум луд!
Место поука - се зборува дека кога Мојсеј го фрлил стапот во Црвеното море не дошло до очекуваното чудо. Дури откога првиот човек скокнал во него, морето се отворило да го пропушти Еврејскиот народ.
Јас би рекол, верувале или не во него, сите сме на некој начин атеисти се додека целосно не му се препуштиме. Не можеме да бараме преку лебот погача, треба прво да го пуштиме лебот.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)