Повеќе причини да бидеш атеист

Во што верувате?

  • Во Бог

    Гласови: 522 50,0%
  • Во Науката

    Гласови: 523 50,0%

  • Вкупно гласачи
    1.045
Член од
28 март 2006
Мислења
17.831
Поени од реакции
12.331
Не се само весниците, лично гледав како се ископуваат коски кога требаше да се преуредува подот на една институција. Тие коски беа од тоа време. Претпоставувам дека поголем дел од форумџиите можат да посведочат за мачења и убиства на нивни блиски роднини. Мојата генерација и генерацијата на нашите родители барем тоа го памети. Не се само весниците, тоа е реалноста. Затоа тоа дека црквата правела лошо или неверниците правеле лошо, тоа не се ни аргументи-причини за да биде човек атеист ни противаргументи. Колку зулуми правела црквата во бугарско или во средниот век, толку може да се најдат докази и дека оние што биле вон црквата истото го правеле. Гробот на велешаните не е измислица не весник, кој сака може да оди да го види. Во секое село и град има сеуште живи сведоци од ликвидациите од сфрј. Затоа, ова за средновековните мачења на црквата не се аргумент за атеизмот.
 
A

ateist

Гостин
не сум таа генерација па да памтам такви работи

и не ги правам тоа комунистите светци дека биле безгрешни

колку сум проучил историја тие после воени години не само во мк туку сегде

било доста проблематично хаотично ..бити или небити

па странски окупатори си имале доушници колга владееле

што не значи дека тие што настрадале навистина небиле лојални на оваа земја

.

.
многу од нив биле и рехабилитирани ( значи и тогаш биле свесни дека ја посрале работата кај некој случаи па затоа и судски ги рехабилитирале Званично)
Ако небиле материјално обештетени кој имал против дасе обештетат нивни семејства ( со цело сознание дека е невозможно човечки живот да се надомести со ништо друго)

црквата никогаш ни до денес не се извинила за ниту еден геницид и масовни прогони и злосторства што ги праела у историја и со цел конфискација крадење на туѓи имоти

а црквата и капиталистите и властољупците убивале ама за ЛОШО за да ги мачат луѓето , да гу угнетуваат да ги експлоатираат , да ги крадат .злоставуваат

УБИВАЊЕ РАДИ КОРИСТОЉУБИЕ
.
..
.
.
и што имаше тоа везе со Криминалците - Приватизери и Црквата

па го Испокрадоa Нашето и си го Нарекоa Свое

што ги злоупотребуваaт тие случаи како АЛИБИ за да вршат организирани криминални дејства

испоубија у старт 300 000 луѓе

пута 4 од семејство ...= тоа се 1 200 000 луѓе само у мк

.
.

е па ГОСПОДО Капиталисти Приватизери Властољупци Религиозни немој да ме извините

ама

комунисти анархисти нема шанса толку да убиле
и тие не убиваа за да Пљачкаат ..заслепеност од материјални земски богатства

го конфискувале краденото од капиталистите _угнетувачи и Црквата за сите да да живеат добро . И ТАКА НАВИСТИНА БЕШЕ .
.
.
.
50 години мир спокој каков ниту еден народ откако постои оваа планета нема видено
без угнетувачи ...без злотвори крвопии крволоци , религиозни шиткачи на вертишта магли и виулици ,..... кој ќе не заебаваат демек сме требале да бидеме мазохисти

епа таков мир и спокој со ништо не се плаќа Тоа го можат само Праведниците -Комунистите и Анархистите

и вие сеа бараате да величаме .....што точно ?
бог криминалец ? бог приватизер ?

испокрадоа се од сите нас ...само ШАКА луѓе да се курчи со нашето што го украла

е затоа сеа ќе им градат цркви - камени градби на испокрадените да се крстат што ги снашло
 
Член од
8 јануари 2009
Мислења
929
Поени од реакции
21
Зошто така велите не постои БОГ,тој се крие ова она.
Не зборејте безврска извинете не сакам да ве навредам.Прочитајте ја БИБЛИЈАТА и ке се уверите дека БОГ постои тој не создал нас и природата т.с Вселената,се создал БОГ.Тој ке дојде еден ден можеби ке биде утре не се знае можеби за 2век.Но ние треба да бидеме подготвени,да го имаме примено во нашето срце.Ако сакаме да го видиме.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
ЛОЛ,библијата е филозофија и превземени мудрости од старите народи ништо повеќе.
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27

Скоро сите атеисти шо ги познавам ја имаат прочитано Библијата или барем некои поголеми делови од неа.
И не, не најдовме доказ за постоењето на Бог во неа.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
ЛОЛ,библијата е филозофија и превземени мудрости од старите народи ништо повеќе.
- Библијата не е философија, туку збор Божји. Философијата е збор човечки.

Скоро сите атеисти шо ги познавам ја имаат прочитано Библијата или барем некои поголеми делови од неа.
И не, не најдовме доказ за постоењето на Бог во неа.

- самите зборови во Писмото сведочат за Бога. Нормално,како и некогаш, така и сега постојат луѓе кои некои работи не можат да ги видат.
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
- Библијата не е философија, туку збор Божји. Философијата е збор човечки.
- самите зборови во Писмото сведочат за Бога. Нормално,како и некогаш, така и сега постојат луѓе кои некои работи не можат да ги видат.
[sarkazam] Ах бре тие интелектуалци не се трпат кога мислат со своја глава кажи. [/sarkazam]
 
Член од
8 јануари 2009
Мислења
929
Поени од реакции
21
[sarkazam] Ах бре тие интелектуалци не се трпат кога мислат со своја глава кажи. [/sarkazam]
Точно е тоа.лол што ти е.Горан и Стево велат Бог не постои значи лажат не ја прочитале библлијата само да набилдат мислења! НЕ ЗБОРЕЈТЕ КОГА НЕ ЗНАЕТЕ.
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Точно е тоа.лол што ти е.Горан и Стево велат Бог не постои значи лажат не ја прочитале библлијата само да набилдат мислења! НЕ ЗБОРЕЈТЕ КОГА НЕ ЗНАЕТЕ.
А во Библијата има некој доказ за неговото постоење? Дај кажи на која страна е.
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
Горан и Стево велат Бог не постои значи лажат не ја прочитале библлијата само да набилдат мислења!
Лажго = личност шо ја знај вистината и намерно тврди нешто спротивно.
Кажи шо лага кажав јас.
НЕ ЗБОРЕЈТЕ КОГА НЕ ЗНАЕТЕ.
Сам да си го примениш советот најарно ќе напрајш.

ПС. +1 :)
 
Член од
8 јануари 2009
Мислења
929
Поени од реакции
21
Лажго = личност шо ја знај вистината и намерно тврди нешто спротивно.
Кажи шо лага кажав јас.

Сам да си го примениш советот најарно ќе напрајш.

ПС. +1 :)
Сеа тука на офтопик да не се расправам,мегувреме лажеш не си ја прочитал библијата ми велиш БОГ НЕ ПОСТОИ?:tapp::tapp::tapp:
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
Сеа тука на офтопик да не се расправам,мегувреме лажеш не си ја прочитал библијата ми велиш БОГ НЕ ПОСТОИ?:tapp::tapp::tapp:
Иако ти напишав и дефиниција ти изгледа пак не сфати, па ајде ќе пробаме друг пристап.

b0nus! е паметно дете шо знај темелно да ги прочита коментарите без прескокнување на зборови.

Е сега можиш слободно да ми викаш лажго и ќе бидиш во право.
 
D

Dilan

Гостин
Ама избор ми оставивте....па Бог е научник пред се.....како и да е се повеќе ми се чини дека да се биде атеист или не е избор шо го засега човекот, на Бог му е сеедно.
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
Не сум ниту атеист ниту пак верник,едноставно верувам во она што ЈАС го создавам со свои раце,што постојам,што функционирам како еден комплексен организам.Верувам во она што со очи го гледам,со уши го слушам,со уста вршам комуникација.Науката пред се!!!Кога некој со факти ќе ми покаже дека Господ постои,кога ќе го видам,кога ќе го чујам,ќе се осврнам кон религијата и Бог.
Во библијата пишува дека господ го создал светот,го создал Адам и од неговото ребро ја создал Ева(што малце и смешно делува)а науката налага еволуција што е мошне поприфатлива теорија за нашето постоење.Едноставно во денешно време науката ја гази религијата,прв пример,медицината,докторите работат против природата,против бога,тогаш зошто сите верници идат на доктор кога нешто им фали,значи ни верниците не се верници.
 
одлична опсеврација

па сум оворил тема ..кој треба да го докаже Бог

има сто гаранции дека верниците нема да ги стрефи никаква болест а и да се случи

тогаш нивни свештенства без проблем ќе ги излечат

А ЕТЕ БОЛНИЦИТЕ ПРЕПОЛНИ СО ВЕРНИЦИ !
 
Kajgana Shop

На врв Bottom