Самото пљачкање беше како и се друго без врска. Но поарно да не ја шириме темата и да не шириме омраза меѓу овие групи.
Јас ова го споменав за православната вера, а за муслиманите не знам, да не зборам на памет, има муслимани нека си кажат. Ова моево е од аспект на православието, никогаш поп не ми рекол "оди убиј муслимани или евреи" или пали им дуќан, или овие вакви или такви. Од православен свештеник од било кој ранг, од нивната уста никогаш за омраза кон други немам слушнато. Ако си присуствувал на богослужба во недела (кога можам да присуствувам) мислам дека ова и ти ќе го посведочиш.
.
.
.
весник Вест............Година: 2 Број:451 Четврток 1/10/2002
ЦРКВАТА ВО ПОЛИЦИЈАТА
Исус ќе ги чува "Тигрите" и "Лавовите"
Министерот Љубе Бошковски смета дека давањето крст и верска плочка со православна молитва нема да му попречи на мултинационалниот соживот. Припадниците на другите вери и атеистите не ги зедоа плочките
Специјалците на МВР - единиците за специјални задачи "Тигри", за брза интервенција "Лавови", посебната полициска, како и единицата за антитероризам, од вчера се осветени и се под закрила на Господ. На верскиот обред што го водеше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и десетина попови во првата полициска база кај скопската населба Визбегово, на секој припадник на специјалната единица му беше доделена т.н. верска плочка со ликот на Господ и крст, за да ги носат секогаш со себе. На задната страна од плочката е изгравирана молитва што како заклетва во војска ја повторуваа специјалците: "Господи, чувај ме од зло и дај ми сила да ги одбранам мојот дом, мојот народ, мојата Македонија. Амин." Тие три пати по честитката на г.г. Стефан "Христос се роди!", извикуваа отсечно и војнички:"Навистина се роди!" Полицајците ги примаа плочките со симнати капи, бакнувајќи го петрахилот и крстот на попот на нивниот пункт, а потоа и плочката.
На церемонијата министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски ги инаугурира, како што рече, првите полициски генерали во Македонија: директорот на јавната безбедност Горан Митевски во генерал, потсекретарот за полиција Ристо Галевски во највисокиот чин генерал на македонската полиција, неговиот заменик Зоран Јовановски во генерал - мајор, а овој чин го добија и Горан Георгиевски, началниците на "Лавовите" Горан Стојков, на "Тигрите" Горан Здравковски и на ПЕП единицата Васко Стамевски, како и заменик-командантот на "Тигрите" Стојанче Ангелов.
Генералот Галевски му поднесе рапорт на премиерот Љубчо Георгиевски.
Министерот Бошковски се спротивстави дека верското осветување од МПЦ на специјалците, меѓу кои има и атеисти и припадници на други вери покрај православната, е случај без преседан во светот. Тој посочи дека во многу демократски земји, како Франција, Германија, Русија и други полицијата е под закрила на доминантната вероисповед, иако и таму е повеќенационална и со различни верувања и смета дека ваквиот чин нема да му попречи воопшто на мултинационалниот соживот.
Извори меѓу свештените лица ни рекоа дека припадниците на специјалната единица од поинаква вероисповед, а кои биле малубројни, не ги земале плочките, што било нивно право. Тие ниту се бунеле за осветувањето, ниту најавиле дезертерство, ни рекоа некои од старешините на специјалната единица на МВР.
Протојереј Ставрофор вели дека Црквата се наоѓа на вистинското место, меѓу бранителите и смета дека во православна Македонија, со осветувањето никого ниту навредиле, ниту обезличиле. Тој дури смета дека плочката треба да ја носат на градите и муслиманите и католиците меѓу полицајците, зашто на неа бил изгравиран само неконкретен лик кој можел да асоцира на чиј било Бог. "Се надевам дека во иднина, кога работите ќе се средат, до мене ќе стои оџа или бискуп и сите заедно ќе ги благословуваме бранителите на Македонија", вели протојерејот.
По церемонијата, гостите беа послужени со топол чај и започна забавниот дел од програмата. На песната на Блага Петреска оро заводи штотуку промовираниот генерал Горан Митевски, а по него заиграа специјалците.
С.Колевска
***
Странците не му дадоа легитимитет на осветувањето
На осветувањето на специјалците вчера покрај премиерот Љубчо Георгиевски, присуствуваа само високи претставници од МВР, министрите Љупчо Балкоски и Ганка Самоилова Цветановска, од републичкиот и владиниот протокол, раководството на МПЦ, меѓу кои и владиката Наум, кој е близок со со семејството Георгиевски, како и со ВМРО-ДПМНЕ. Од поканетите претставници на ОБСЕ, НАТО и ЕУ, не дојде никој. Немаше никој ни од најавените дипломатски претставници, што беше протолкувано дека не и дале легитимитет на идејата за верско осветување на Специјалната единица на МВР.
Интересно беше што на церемонијата не присуствуваше и вицепремиерката и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Доста Димовска, а од државниот врв немаше ни министерот за одбрана Владо Поповски, ни претседателот на Собранието Стојан Андов. Од кабинетот на претседателот Борис Трајковски исто така немаше никој.