Повеќе причини да бидеш атеист

Во што верувате?

  • Во Бог

    Гласови: 521 49,9%
  • Во Науката

    Гласови: 523 50,1%

  • Вкупно гласачи
    1.044

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Ова ти се вика вртење во круг, демек сега нешто докажа, и ги закопа верниците 100 м под земја....
Прво не си сватил дека верниците повикуваат на добро, за разлика од неверниците.

но ете неможе да согледа некој кој ставил преграда пред себе....

Еве јас ти гарантирам дека ке ти докажам да Бог постои и дека е вистина, но ако ти докажам кажими ти мене дали ке се покориш на неговите закони ?
Верниците се повикуваат на стрикни закони контрадикторни на земјините, неубаво напишани и од секого сватени различно.
Атеистите се повеикуваат стриктно на морал, етика, логика и размислување со своја глава, размислување, значи, да пофторам, размислување, која воедно ви е слаба страна..
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.743
Поени од реакции
12.194
Истото може да важи и обратно. Чим толку упорно се обидуваш да докажеш нешто (според тебе) значи се сомневаш во тоа.
Да, но ако се обидуваш. А јас не се обидувам да докажам. Одговарам понекогаш на постови (не преку копи-пасте од интернет или цитати вадени од книги). А во подфорумот религија од 10 7-8 теми се за докажување на апсурдноста на верата и за претставување на атеизмот како врвно достигнување на човекот, врвна филозофија и врвна религија (вид). Без разлика, секој има право на сопствен избор, но каде тој избор го води човекот и човештвото, иднината ќе покаже.

Верниците не се повикуваат на добро туку анпротив на лошо. Затпа и постои верска омараза.
Не гледам верски аспект на сите овие светски, регионални војни, ниту на инвазијата на САД и НАТО во Ирак, Србија, Авганистан, Кореја, Виетнам...ЈАР..., ниту на влезот на СССР во Чешка, ниту на студената војна... тука верски аспект не постои. Постои финансиски, геноциден... но верски не видов досега (ако изземете оној мрачен период со инквизицијата кој единствено се споменува како аргумент). Од индустријализацијата наваму во ниеден случај (можеби ретки исклучоци на криење на конфликт зад црквата) не видовме верски аспект на уништување на милијарди народ.
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Да, но ако се обидуваш. А јас не се обидувам да докажам. Одговарам понекогаш на постови (не преку копи-пасте од интернет или цитати вадени од книги). А во подфорумот религија од 10 7-8 теми се за докажување на апсурдноста на верата и за претставување на атеизмот како врвно достигнување на човекот, врвна филозофија и врвна религија (вид). Без разлика, секој има право на сопствен избор, но каде тој избор го води човекот и човештвото, иднината ќе покаже.
Секој има право да го коментира во тоа што верува. Дали е атеизмот нешто врховни не може да се дефинира бидејќи е индивидуално. Сепак атеизмот е неминовоен во однос на напредокот и е неминовен факт. Никогаш немало атеистички пропаганди, атеистички цркви атеистички убедувања, атеистички ритуали и никогаш нема да има. Значи никој не го пропагира тоа но сепак се шири. Каде и да настане развој и образование се појавува и сомнеж, а потоа и неверување. И тоа е факт. А каде не носи тоа не не носи никаде. Дали ќе веруваш или не нема да те направи ни лош ни добар човек. Како да се понашаме е во нас. Не е потребно да се користи заплашување за да се напави добро дело кој го порави поради тоа е во заблуда дека е добар.

Не гледам верски аспект на сите овие светски, регионални војни, ниту на инвазијата на САД и НАТО во Ирак, Србија, Авганистан, Кореја, Виетнам...ЈАР..., ниту на влезот на СССР во Чешка, ниту на студената војна... тука верски аспект не постои. Постои финансиски, геноциден... но верски не видов досега (ако изземете оној мрачен период со инквизицијата кој единствено се споменува како аргумент). Од индустријализацијата наваму во ниеден случај (можеби ретки исклучоци на криење на конфликт зад црквата) не видовме верски аспект на уништување на милијарди народ.
Верскиот аспект секогаш постои. Секогаш кога има разлика во вера во војна се користи и пропагира. Ретко е причина за војна но често е оправдување за неа.
Исто меѓуверска омраза не се прикажува само преку војна туку и преку предрасуди, осудувања, неправични обвинувања. Секој сака да го наметне своето верување на другите и тука настанува конфликтот. Но проблемот е што само една страна може да биде во право, а тука се поставува прашањето која е вистинската религија?
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
ako ima gospod
site vikaat nasiot e prav
epa vie odlucete se i
kazete koj e
ama mora da e eden
posto toa e bog
e do togas
dur vie se resite
cija vera e prava
i cij bog e stvaren
i kako stvarno treba
da se obozuva
do togas
jas ke sum ateist.
A vie gabe ste vernici
posto bog moze ne e toj vasiot ha ha.
 
A

ateist

Гостин
ako ima gospod
site vikaat nasiot e prav
epa vie odlucete se i
kazete koj e
ama mora da e eden
posto toa e bog
e do togas
dur vie se resite
cija vera e prava
i cij bog e stvaren
i kako stvarno treba
da se obozuva
do togas
jas ke sum ateist.
A vie gabe ste vernici
posto bog moze ne e toj vasiot ha ha.
Ама стварно така е !

само луѓево што себе си се лажат дека се верници им е страв да размислуваат со своја глава па оставаат тоа да решат луѓе самоповикани наводни божји служетели кој освен приватниот интерес -суета не ги тангира ништо друго па затоа секој ќе си остане со "нивниот бог "
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
ako ima gospod
site vikaat nasiot e prav
epa vie odlucete se i
kazete koj e
ama mora da e eden
posto toa e bog
e do togas
dur vie se resite
cija vera e prava
i cij bog e stvaren
i kako stvarno treba
da se obozuva
do togas
jas ke sum ateist.
A vie gabe ste vernici
posto bog moze ne e toj vasiot ha ha.
:vozbud:Немој само да почнат да го решаваат тоа со нивните методи......ниеден човек жив нема да го дочека решението:kesa:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.743
Поени од реакции
12.194
Верскиот аспект секогаш постои. Секогаш кога има разлика во вера во војна се користи и пропагира. Ретко е причина за војна но често е оправдување за неа.
Исто меѓуверска омраза не се прикажува само преку војна туку и преку предрасуди, осудувања, неправични обвинувања. Секој сака да го наметне своето верување на другите и тука настанува конфликтот. Но проблемот е што само една страна може да биде во право, а тука се поставува прашањето која е вистинската религија?
Можеби се бара некогаш оправдување, но од овие наведените поголеми конфликти, ниеден не е врз верска основа, ниту пак се барало религиозно оправдување. Или е повод многу се наоружани, или расни разлики или комунистички поредок или влијаните врз светот... а причината на секоја војна е територија, ресурси, пари. Од религија нема трага во овие разурнувања. Дури ни во уништувањето на кулите близначки (под претпоставка тоа арапите да го сториле) нема верски предзнак. Има цел-уништување на Америка и западноевропските земји. Да беше религиозен напад секако немаше да се случи пошто таму има и многу муслимани. Впрочем што со бомбите поставени од ирците, баскијците, групата во Грција (како и беше името).
Стојам на ставот дека верата не е причина за вакви грозни работи. Впрочем ако некој те нападне недај боже на улица, не те прашува за вера. Зависи каков човек е, не дали верува во Дарвин, голема експлозија или Бог.
 
Причина за војната не е верата, но е оправдување речиси секаде каде се може. Ретко кој ќе војува ако е војна за превласт но во име на својот бог тој би војувал и убивал. Така тие горе може не војуваат за вера но тие подоле да. На војниците им се кажува дека мора да се уништат кривоверците и безбожниците и тие одат и убиват и колата. И се користи верата за да се каже дека сето тоа е ок. Сите бомбаѓи самоубијци се самоубиваат во има на алаџ а не во име на парите. Тоа ти е најјак пример за верска омраза.
И кај нас ја имаше во 2001 година (и уште има). Ако се сеќаваш кога имаше протести за загинатите бранители кога се уништуваа и пјачкаа дуќаните се пјачкаа сите кои беа муслимански, а не сите кои беа на албанците. Така да се опјачкаа и дуќани на македонци.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.743
Поени од реакции
12.194
Самото пљачкање беше како и се друго без врска. Но поарно да не ја шириме темата и да не шириме омраза меѓу овие групи.
Јас ова го споменав за православната вера, а за муслиманите не знам, да не зборам на памет, има муслимани нека си кажат. Ова моево е од аспект на православието, никогаш поп не ми рекол "оди убиј муслимани или евреи" или пали им дуќан, или овие вакви или такви. Од православен свештеник од било кој ранг, од нивната уста никогаш за омраза кон други немам слушнато. Ако си присуствувал на богослужба во недела (кога можам да присуствувам) мислам дека ова и ти ќе го посведочиш.
 
Поповите не се единствени кои ја шират верата. Тоа дали ни еден поп не рекол дека не е добрп да се војува е дискутабилно. Но треба да се земе предвид дека ниеден поп го нема ни речено спротивното. Не излегол некој поп и да рече на војниците вие сте убијци.
А црквата низ целата историја била замешана низ многу злодела и војни и ден денес е сеуште така само што нивното влијание е многу помало. Религигијата не е само црквата туку у народот кој верува во неа, а молчењето на самата црква е одговорна за многу работи.
А дали се работело за грабежи на протестите е дискутавилно пред се бидејќи за некој било за крадење за друг било за вера и домазда.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.743
Поени од реакции
12.194
Во ред, значи за тебе е пример што правеле во минатото за и сега да го имаш истото мислење ако добро сфатив?
Дали тогаш треба германецот да го презираш, бугаринот, србинот, ... да не ги набројувам сите народи да ги презираш затоа што во минатото биле окупаторски, геноцидни...убиствени за нас?
И искрено дали не си слушнал кога излегува на тв Г. Г. Стефан и дава изјава или порака за доброто меѓу нас, за љубовта? Ама искрено. И повторно искрено, дали кога си излегол од црква (ако одиш, секако) си се чувствувал полн со адреналин, гнев или си излегол смирен, добронамерен кон другите? Пак да те замолам за искрен одговор.
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Во ред, значи за тебе е пример што правеле во минатото за и сега да го имаш истото мислење ако добро сфатив?
Дали тогаш треба германецот да го презираш, бугаринот, србинот, ... да не ги набројувам сите народи да ги презираш затоа што во минатото биле окупаторски, геноцидни...убиствени за нас?
Не знам зошто ги имаш ставено Србите и бугарите но ако се работи за германец и ако тој е фашист (како што ги има многу денес) го презирам, затоа што верувањето му е исто од тогаш.
И искрено дали не си слушнал кога излегува на тв Г. Г. Стефан и дава изјава или порака за доброто меѓу нас, за љубовта? Ама искрено. И повторно искрено, дали кога си излегол од црква (ако одиш, секако) си се чувствувал полн со адреналин, гнев или си излегол смирен, добронамерен кон другите? Пак да те замолам за искрен одговор.
Во која и да било секта да отидеш ќе ги чуеш истите изјави. Тоа е метод на продавање на една религија. Тие пораки не се важни, важни се оние кога се ставени за теми кои се болни, а таму црквата или премолчува или има став кој не е во ред. Господин Стефан не излезе и не ги нарече бранителите грешници и убијци бидејќи знаеше дека толку ќе му биде. Црквата го продава тоа што мнозиснството на нароот сака да го чуе.
 
А

Александра Д.

Гостин
:D ова ти беше добро. Сепак тоа е само случајност и работа која се случува секојдневно.
btw душата ќе ми биде по мирна ако знам дека ми го украл атеист. ;)
Што значи дека атеистите крадат???
Мислам дека причина да се биде атеист(јас не сум) највеќе би било тоа што убавите религии и важните работи во нив се запоставуваат, додека сите суеверија, небитни измислици се преувеличуваат.
Сепак, кога некој ја сваќа суштинската работа во СИТЕ религии, не би постанувал атеист. Мислам дека атеисти постануваат оние кои не се запознаени со суштината на религиите.
Едит: Постои само 1 Бог кој се појавува во сите религии на свој начин.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Што значи дека атеистите крадат???
Мислам дека причина да се биде атеист(јас не сум) највеќе би било тоа што убавите религии и важните работи во нив се запоставуваат, додека сите суеверија, небитни измислици се преувеличуваат.
Сепак, кога некој ја сваќа суштинската работа во СИТЕ религии, не би постанувал атеист. Мислам дека атеисти постануваат оние кои не се запознаени со суштината на религиите.
Едит: Постои само 1 Бог кој се појавува во сите религии на свој начин.
i toa kako se zapoznaeni so sustinite na religiite i taa nivna sustina e etikata a etikata e pred bilo koja religija i nezavisna od nea.
 
A

ateist

Гостин
Самото пљачкање беше како и се друго без врска. Но поарно да не ја шириме темата и да не шириме омраза меѓу овие групи.
Јас ова го споменав за православната вера, а за муслиманите не знам, да не зборам на памет, има муслимани нека си кажат. Ова моево е од аспект на православието, никогаш поп не ми рекол "оди убиј муслимани или евреи" или пали им дуќан, или овие вакви или такви. Од православен свештеник од било кој ранг, од нивната уста никогаш за омраза кон други немам слушнато. Ако си присуствувал на богослужба во недела (кога можам да присуствувам) мислам дека ова и ти ќе го посведочиш.
.

.
.

весник Вест............Година: 2 Број:451 Четврток 1/10/2002

ЦРКВАТА ВО ПОЛИЦИЈАТА

Исус ќе ги чува "Тигрите" и "Лавовите"

Министерот Љубе Бошковски смета дека давањето крст и верска плочка со православна молитва нема да му попречи на мултинационалниот соживот. Припадниците на другите вери и атеистите не ги зедоа плочките

Специјалците на МВР - единиците за специјални задачи "Тигри", за брза интервенција "Лавови", посебната полициска, како и единицата за антитероризам, од вчера се осветени и се под закрила на Господ. На верскиот обред што го водеше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и десетина попови во првата полициска база кај скопската населба Визбегово, на секој припадник на специјалната единица му беше доделена т.н. верска плочка со ликот на Господ и крст, за да ги носат секогаш со себе. На задната страна од плочката е изгравирана молитва што како заклетва во војска ја повторуваа специјалците: "Господи, чувај ме од зло и дај ми сила да ги одбранам мојот дом, мојот народ, мојата Македонија. Амин." Тие три пати по честитката на г.г. Стефан "Христос се роди!", извикуваа отсечно и војнички:"Навистина се роди!" Полицајците ги примаа плочките со симнати капи, бакнувајќи го петрахилот и крстот на попот на нивниот пункт, а потоа и плочката.
На церемонијата министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски ги инаугурира, како што рече, првите полициски генерали во Македонија: директорот на јавната безбедност Горан Митевски во генерал, потсекретарот за полиција Ристо Галевски во највисокиот чин генерал на македонската полиција, неговиот заменик Зоран Јовановски во генерал - мајор, а овој чин го добија и Горан Георгиевски, началниците на "Лавовите" Горан Стојков, на "Тигрите" Горан Здравковски и на ПЕП единицата Васко Стамевски, како и заменик-командантот на "Тигрите" Стојанче Ангелов.
Генералот Галевски му поднесе рапорт на премиерот Љубчо Георгиевски.
Министерот Бошковски се спротивстави дека верското осветување од МПЦ на специјалците, меѓу кои има и атеисти и припадници на други вери покрај православната, е случај без преседан во светот. Тој посочи дека во многу демократски земји, како Франција, Германија, Русија и други полицијата е под закрила на доминантната вероисповед, иако и таму е повеќенационална и со различни верувања и смета дека ваквиот чин нема да му попречи воопшто на мултинационалниот соживот.
Извори меѓу свештените лица ни рекоа дека припадниците на специјалната единица од поинаква вероисповед, а кои биле малубројни, не ги земале плочките, што било нивно право. Тие ниту се бунеле за осветувањето, ниту најавиле дезертерство, ни рекоа некои од старешините на специјалната единица на МВР.

Протојереј Ставрофор вели дека Црквата се наоѓа на вистинското место, меѓу бранителите и смета дека во православна Македонија, со осветувањето никого ниту навредиле, ниту обезличиле. Тој дури смета дека плочката треба да ја носат на градите и муслиманите и католиците меѓу полицајците, зашто на неа бил изгравиран само неконкретен лик кој можел да асоцира на чиј било Бог. "Се надевам дека во иднина, кога работите ќе се средат, до мене ќе стои оџа или бискуп и сите заедно ќе ги благословуваме бранителите на Македонија", вели протојерејот.

По церемонијата, гостите беа послужени со топол чај и започна забавниот дел од програмата. На песната на Блага Петреска оро заводи штотуку промовираниот генерал Горан Митевски, а по него заиграа специјалците.
С.Колевска

***

Странците не му дадоа легитимитет на осветувањето

На осветувањето на специјалците вчера покрај премиерот Љубчо Георгиевски, присуствуваа само високи претставници од МВР, министрите Љупчо Балкоски и Ганка Самоилова Цветановска, од републичкиот и владиниот протокол, раководството на МПЦ, меѓу кои и владиката Наум, кој е близок со со семејството Георгиевски, како и со ВМРО-ДПМНЕ. Од поканетите претставници на ОБСЕ, НАТО и ЕУ, не дојде никој. Немаше никој ни од најавените дипломатски претставници, што беше протолкувано дека не и дале легитимитет на идејата за верско осветување на Специјалната единица на МВР.
Интересно беше што на церемонијата не присуствуваше и вицепремиерката и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Доста Димовска, а од државниот врв немаше ни министерот за одбрана Владо Поповски, ни претседателот на Собранието Стојан Андов. Од кабинетот на претседателот Борис Трајковски исто така немаше никој.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom