Контингентни се оние нешта кои не се самобитни т.е. причината за нивното постоење не е во самите нив, туку надвор од нив. Основни својства на контингентност се:
Променливост
Ако некоја творба се менува, таа нема внатрешна самобитност.
Материјата се менува, значи таа неможе да биде самобитна.
Таа е контингентна.
Временост
Кога нешто постои во даден облик, форма или вид само определено време, тоа се одликува со временост. Секој конкретен вид и облик на материјата е привремен. Бидејќи материјата не постои континуирано во еден ист вид, облик, туку се менува, таа се одликува со временост, а не со вечност.
Тоа важи и за целата Вселена. Затоа таа ниту била, ниту ќе биде
вечна, самобитна.
Конечност, Ограниченост
Се што постои во одредена големина, а би можело да биде и поголемо, е конечно и ограничено. Секој вид и облик на материја е токму таков, конечен и ограничен. Ако секој дел од материјата е таков, тогаш и целината е таква (целината не може да биде поголема од збирот на деловите).
Алберт Ајнштајн во општата теорија на релативноста одредува дури и приближни вредности за радиусот и масата на целата вселена.[FONT=fixedsys,arial black]
Р = 1000....0 м (26 нули) ; М = 1000....0 Кг (53 нули) [/FONT]
Се разбира не можеме да очекуваме висока прецизност на овие вредности, но од поголем интерес за нас е тоа што овие вредности, колкави и да се, се конечни.
Значи, целата вселена, сиот материјален свет е контенгентен, а не самобитен, од променлив, конечен и временски карактер, а не од постојан, бесконечен и вечен карактер. Таква е и материјата.
Јасно е дека и бесконечна низа на контингентни творби не може да ја одигра улогата на првична прапричина за нејзиното постоење, а таа прапричина да не биде контингентна. Такво својство по дефиниција може да има само вечниот, непроменливиот и самобитен Бог.
Еволуцијата не се гледа, ниту пак некој некогаш видел, потврдил, докажал, верифицирал дека има или дека некогаш се случило нешто како еволуција.
Еволуцијата е драма, режија, фикција, научна фантастика, цртан филм, претпотсавка, пуста желба на атеистите, комунистичка индоктринација, единствена алтернативна претпоставка/хипотеза која го исклучува Бог од фокусот на создавањето итн. таа е се, ОСВЕН научно верифицирана теорија.
Таа не е изведена по научниот метод. Таа е изведена од сликари, креативни уметници кои умешно цртаат мајмунчиња кои полека се исправаат во една редица како да чекаат млеко пред продавница.
Фантазијата на еволуционистите оди дотаму што дури и од еден заб тие успеаа да го нацртаат "Човекот од Небарска" и притоа направија еден долгометражен филм за тоа како изгледал, каде живеел, како одел, како јадел итн.
За оваа пародија да ја достигне својата кулминација, подоцна се установи дека тој заб бил од некој исчезнат вид на свињи