Член на раководството
Форевер тугедер
- Член од
- 15 март 2006
- Мислења
- 698
- Поени од реакции
- 20
Мене повеќе гледај ме како доктор кој додека пали цигара го советува пациентот да го остави пушењето. Јас и Бог си имаме посебно разбирање, јас го почитувам него а тој мене и нашите односи се ... подруги, и до сега тоа добро функционира. Не се наоѓај лично погоден од овие дискусии, ние разговараме на тема која се однесува за христијанството, заклучивме дека постојат многу цркви многу секти фракции и сфаќања што би требало да биди христијанството значи да останеме на тоа. Ти прифати едно од тие гледања и ставови и имаш неколку цитати да го потврдиш тоа (исто како што такви цитати имаат и сите други цркви секти и фракции христијански)Член ајде одговори ми вака. Веќе ти го поставив прашањето , дали кога ќе те навреди детето дома го каменуваш и ја викаш цела маала да ти се придружи, дали одиш исклучиво во волна и лен на работа, но пред тоа му опнуваш нож на некои животинче на олтарот во дворот. Да ли ти фали дел од телото, и свинското е табу за тебе. Дали се применливи овие закони денес и колку држат вода. Зборувам за верници.
ОБРЕЗУВАЊЕ-
Обрезувањето по Исус е во Духот ,а не во телото. Да беше потребно, Отецот уште во утробата на вашата мајка ќе ве обрезаше.
-ЖРТВИ-
„Тој е жртва помирница за нашите гревови; не само за нашите, туку и за гревовите на целиот свет
За ова не ми даде објаснување,
Не ми даде и за многу други работи само се префрлаш од тема на тема ..и ми филозофираш ..таму каде што ти одговара.
Иначе темата е атеизам.
Инаку кога сме кај обрежувањето... тоа е жртва кон бога и знак на завет и припадност кон Бог. Твојот одговор би можел да се преиначи и во ова: “Да беше потребно Отецот уште во утробата на вашата мајка ќе ве направеше верници“ Се нешто се избегава да ми се одаде поччит и жртва кон бога, се се оди на некои побезболни “жртви“.. некои .. морални и духовни жртви кои не можат да нанесат болка, непријатност или финансиска несигурност. Божјите закони се разводенија и претворија во закон на некоја Хипи комуна од 60 сетите. Моќниот Бог кој без да му трепни око го избриша од лицето на замјата човештвото со све бебиња, деца, млади стари жени и мажи (та и цел животински свет) сега се претвара во добар чичко кој седи на облаците и со прст добродушно му се заканува на несташните луѓе.
Зошто?
Затоа што тоа е панхеленистичкиот Бог на Павлета. Тој е оној бог кој можел да му стани допадлив на паганите и на Римјаните. Тие закони можеле да поминат кај нив. Тој го оттргнал христијанството од своите изворни начела и темели и го прилагодил за потребите на “другите“ Та затоа во тој стил оригиналните прикаски за Исус и неговото дело се дотерувани и преправани во вековите по него за да најдат симаптии кај публика која немаше појма од јудаизмот и која ги сметаше Евреите за смртни неприатели (истовремено правејќи го контардикторни, спротиставени и нејасни) . Затоа Пилат стана речиси светец обидувајќи се кутриот да го спасе Исус од збеснатите Евреи (Ете уште една тема - Пилат ... наскоро) затоа тешките неразбирливи и комплицирани обреди закони и заповеди јудејски Павле ги смени и ги упрости до максимум за да не бидат пречка да се прифатат од паганите.....
Јудаизмот беше вера и религија на Евреите. Исус и сите апостоли и ученици беа Евреи и го почитуваа тој закон и заповеди. Никогаш јудаизмот како таков неможеше да стане светска религија. Но Павле го упрости, исфрли се што беше непожелно, уфрле се што мислеше дека ќе помогни да се рашири и ВОАЛА - еве ви тазе нова религија. На кој денес христијанин му е гајле и ли знае кои беа законите старозаветни или каде е Моаб или каде е Синај или каде е Арарат и дали Ерусалем е во Јудеја или колакви димензии е шаторот кој го носеа Израилците низ пустината или како се одабирал свештеник или кој бил обредот..... Тоа му е важно на одбраните, на оние кој Бог ги прогласил за свој народ и синови свои и на оние кои уште живеат по тие закони
Ова другото... тоа е ... турбофолк, не е ни изворно не е ни народно.