S
Stef Bachatero
Гостин
Што мисли господ за парите,па погледни на кој ги дал
Еве ти примери (мене не ме мрзи)Овде:
Левит:‘Не правете си идоли; не издигајте си ни кипови ни спомен-столбови; не ставајте во вашата земја камења со ликови, за да се клањате пред нив; зашто Јас Сум Господ, ваш Бог.
Второзаконие: па не правете си за себе делкани ликови на што и да е што го забрани Господ, твојот Бог.
Има уште примери но ме мрзи..
Законите кои ги наброја од Левитските законик денес неважат. Со доаѓањето на Исус доста од тие закони, не само што не важат туку се и забранети.Еве ти примери (мене не ме мрзи)
Саботите мои пазете ги и бојте се од она што ми е свето. Јас сум Господ
Трета Мојсеева 19:30
Шест дена да се работи, и седмиот ден да ви биде одмор, зашто е света сабота, почивка на Господа, секој што ќе работи на тој ден со смрт да се казни
Втората книга Мојсиева 35:2
И свињата бидејќи има раздвоени копита, а не прежива - нечиста да ви е
Трета Мојсеева 10:11
А во осмиот ден нека му се обреже на детето крајниот дел
Трета Мојсеева 12:3
..........
Да не зборувам за казни и гревови кој Бог ги одредил за носење на алишта од лен и волна истовремено, за деца кои навредија родители (се каменуваат), за прељуба - смрт со каменување, за односи со жена кога има период - смрт, ......
Да не должам, значи Маркус, ако си обрежан, ги почитуваш Саботите божји, не јадиш свинско, не носиш алишта од волна и лен, принесуваш жртви на начин даден од Бога и опишан во светите книги тогаш си вистиски верник?
Овде:
Левит:‘Не правете си идоли; не издигајте си ни кипови ни спомен-столбови; не ставајте во вашата земја камења со ликови, за да се клањате пред нив; зашто Јас Сум Господ, ваш Бог.
Второзаконие: па не правете си за себе делкани ликови на што и да е што го забрани Господ, твојот Бог.
Има уште примери но ме мрзи..
Законите кои ги наброја од Левитските законик денес неважат. Со доаѓањето на Исус доста од тие закони, не само што не важат туку се и забранети.
Ти пак се губиш...Значи закони кои ти ги наброја во Левитик важат а закони кој јас ги набројав од тој истиот Левитик не важат ТА ДУРИ И СЕ ЗАБРАНЕТИ....
Хммм да видам
(по пола сат...)
Ете ја отворив Библијата... тука си е Левитикот, ништо не е подвлечено пречкртано, изоставено..... нема некои забелешки.
Тоа се Божјите заповеди и наредби.
Нема играње со нив. Не е ова закон за стечајци па од време на време со амандмани да се менува. По законите и заповедите божји ќе му се суди на луѓето на страшниот суд. Белки нема Петар да ги нареди сите (живи и мртви ) и да речи “Вие што не ве фаќа стариот закон десно , вие по новиот лево“... Па некој ако утнал и не се обрежал ден или два пред да се смени законот да биди казнет, или некој кој работел в сабота а се уште не стапил на сила законот дека тоа не важи да биди казнет. Вака поставено ми изгледа многу.... вулгарно... ме потсеќа на закон за увоз на половни коли па сите трчаат во германија до 31ви за да го фатат стариот закон оти после не ќе можеле да ги увезат. Сепак Бог е над тие триваијалности и секојдневности.
Во право е оној кој ќе го продолжи цитатот кој понатаму вели:По левитик МОРАШ да ги каменуваш децата ако те навредиле (и тоа не ти сам него целото село) по левитик МОРАШ да го убиеш уној кој работи во сабота, по Левитик мОРАШ да му ја сечиш раката на жената која случајно допрела друг маж за слабините.....
Исус рекол... “Не сум дојден ни една јота од старите закони да изменам“
Ти велиш пониаку
Кој е во право
“Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам. Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни се. И така оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се наречи во царството небесно , а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно“Во право е оној кој ќе го продолжи цитатот кој понатаму вели:
"Не дојдов да ги поништам, туку да ги исполнам" Се е припрема за жртвата на Исус после тоа...
На пример, кажи ми ти мене која жртва на јагне, теле ..човек било што на ова планета е поголема од жртвата на Исус за ти да го продолжиш тој ритуал.Тој е вечно јагне кој ги превзема гревовите на овој свет..и дали после тоа палениците имаат смисла.
Едноставо Заветот на луѓето со Бог се менува во заветот на луѓето со Исус.
Ова вака ќе оди вонедоглед...па палениците се дел од Старозаконието...но во Матеј пак е запишано.“
Ја читаш Библијата и се сомневаш дали на Бог му се се уште угодно жртвите кој преку заповеди и наредби му ги дал на луѓето??
Застарени се... “Кој бе сега ќе пали жртвеници во 21 век?!?!“
Кои се тие три заповеди и кој ги отфрлил???Се ќе се исполни кога повторно Исус ќе слези и кога ќе настани страшниот суд во кој главен обвинителен акт ќе биди Ковчегот на заветот а во него знаиме што е положено... 10сете божжји заповеди од кои денес 3 “некој“ ги отфрли. некој “така ги научи луѓето“
(прилично јасно кажано)
Смртни гревови.
Не гледам нигде во овие цитати каде се ОТФРЛААТ или ЗАБРАНУВААТ старозаветните закони и прописи. Првата христијанска заедница беше и си остана се до крај верна на Јудаизмот , а ПАвле... Павле е друга прикаска, тој го создаде Христијанството не онака како тие гопрактикуваа или гледаа туку го прилагоди за Римаската и Грчката публика.Ова вака ќе оди вонедоглед...па палениците се дел од Старозаконието...но во Матеј пак е запишано.
Но, одете и научете што значи: ‘Милост сакам, а не жртви’;
А во Петар е запишано:
та дозволете од самите вас, како живи камења, да се изгради духовен дом, свето свештенство, за да принесувате духовни жртви, кои Му се пријатни на Бога, преку Исуса Христа.
Коринтјаните:
Имено, некои според својата досегашна навика на идолите - ја јадат храната како идолска жртва, и така се осквернува нивната слаба совест.
Кои се тие три заповеди и кој ги отфрлил???
Многу работи мене мие интересираат и многу работи истражувам. Една од нив е и библистиката.Члену ти си феномен, не веруваш во Господ а Бибилијата те интересира повеќе од дипломиран теолог
Провери поубаво низ форумов јас веќе ги постирав овие стихови како цитати...и тотално ги прифаќам.Не гледам нигде во овие цитати каде се ОТФРЛААТ или ЗАБРАНУВААТ старозаветните закони и прописи. Првата христијанска заедница беше и си остана се до крај верна на Јудаизмот , а ПАвле... Павле е друга прикаска, тој го создаде Христијанството не онака како тие гопрактикуваа или гледаа туку го прилагоди за Римаската и Грчката публика.
Кој се трите заповеди кој некој ги отфрлил??
Втора Мојсеева 20 8-9-10-11