Човечки капитал

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr.KillJoy
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
11 август 2007
Мислења
49
Поени од реакции
1
Веб-сајт
www.myspace.com
Него ај да збориме за вложувањата на оваа тема....
Нешто ново....
А сепак психолошко....
Што мислите колку еден човечки ум може да создаде?
И што би било кога сите тие би се споиле заедно да функционираат а?
Мислења?
 
Заедно да функционираат? Само неред ке настане
 
Не бе мислев до каде може да оди човечката идеја и фантазија...
Мислам на нешто продуктивно и корисно не на филмови и т.н.
И што би било кога тие умови би биле синхронизирани?
До каде може да оди тоа и дали воопшто вреди да се инвестира во човечкиот капитал како таков?
 
Премногу ми е општо ова.
Но сметам дека нема граници човечкиот ум!
 
Не бе мислев до каде може да оди човечката идеја и фантазија...
Мислам на нешто продуктивно и корисно не на филмови и т.н.
И што би било кога тие умови би биле синхронизирани?
До каде може да оди тоа и дали воопшто вреди да се инвестира во човечкиот капитал како таков?

Ти зборуваш за Нексус.Overmind.Borg perfection.А и сам си сведок на индивидуалната креативност на човекот и чудата кои тој ги изградил,било грди или убави.Капиталот и брзината на неговото создавање како ограничени од измислениот поим време ствараат комплекс на назадност кај човекот кој тој сака да го искорени.Нема потреба.ОК е и вака.
 
Него ај да збориме за вложувањата на оваа тема....
Нешто ново....
А сепак психолошко....
Што мислите колку еден човечки ум може да создаде?
И што би било кога сите тие би се споиле заедно да функционираат а?
Мислења?

Еден човечки ум може да создаде онолку за колку е способен самиот човек. Човечкиот ум е едно чудно место во кое се случуваат некој психолошки експлозии кои често се манифестираат како способност на еден ум да создава.
Е токму овие експлозии се способноста на човекот успешно да ги апосрбоира, и од нив да формира нешто кое би можел да го екплоатира во надворешниот свет.
Кога сите оние работи кои ги создава умот, би ги споиле да функционираат заедно, би го добиле она кое веќе го имаме. Совесноста и напредокот на човекот и човековото општество. Хуманата популација, и она што сме денес е доказ дека сите тие работи кои умот ги создал станале реалност. Залучок е дека она што умот го создава, човекот го релаизира. А пак умот се прилагодува да ги форсира оние работи за кои е способен самиот човек.
На крај, она што човековиот ум го создава, е она што сме сите ние.
 
Имав некои идеи во врска со ова...

Човекот може да се каже дека во себе содржи дуалности: машко/женско, физичко/психичко, материјално/ментално итн. Секогаш нешто е доминантно, додека другото нешто служи само како поткрепа и потпора на првото. Резултатите од првото се секогаш јасно видливи, додека другото е секогаш во позадина и не е јасно видливо, но никој не се сомнева дека постои и сите *претпоставуваат* дека е во ред.

И затоа светот денес е толку материјален: секој се занимава само со она што може да се види, што може да се осознае и разбере. Никој не се труди да смета на оние работи што не можат да се измерат во пари, во метри, во килограми, итн. Ако не може да се мери, на него не може да се смета и не треба да се зема предвид.

Оној момент кога ќе може да се измери човечката емоција, ќе има смисла да се зборува за човечки ресурс. Сè пред тоа е површно, во најдобар случај.
 
Човекот е индивидуалец кој што живее во колективно опшество.
Пример при градење на една зграда луѓето и нивната креативна умешност соработуваат т.е. се споени за да се изгради таа зграда, така да што и да се креира требаат повеќе луѓе, човек сам не може.
 
Него ај да збориме за вложувањата на оваа тема....
Нешто ново....
А сепак психолошко....
Што мислите колку еден човечки ум може да создаде?
И што би било кога сите тие би се споиле заедно да функционираат а?
Мислења?

бура на идеи...најчесто најпрактичната преовладува.

Човекот е индивидуалец кој што живее во колективно опшество.
Пример при градење на една зграда луѓето и нивната креативна умешност соработуваат т.е. се споени за да се изгради таа зграда, така да што и да се креира требаат повеќе луѓе, човек сам не може.

да де и мравките и пчеличката маја слично функционораат.....само што они не рушат:toe:
 
Тоа беше и мојата прва мисла, Борг. :)

На темата, најлошата работа која што може да му се случи на човештвото е да биде слеано, тогаш се губи се што се означува со поимот живот.Јас сметам дека конформизмот е уништување на човекот, тоа би било ... зомбифицирање, кои сакаат нека бидат бенефитите, не можеме сите да бидеме исти или сите да бидеме едно, а не верувам ниту дека баш баш сакаме.
 
да де и мравките и пчеличката маја слично функционораат.....само што они не рушат:toe:
Понекогаш за да се изгради нешто, мора прво нешто друго да се сруши. Проблемот настанува кога повеќе ќе се сруши отколку што се може да се изгради :toe:.
 
Човечкиот мозок нема граници.
Мозокот има граници ако вие му наредите така.
 
Порано се сметало дека парите се најрелевантниот фактор за создавање капитал. Но денес човечките ресурси, односно самите луѓе со своите идеи, знаења, вештини се најзначаен потенцијал во создавањето на капиталот. Што ако организацијата располага со средства, ако нема луѓе во неа со идеи и стратегии како тој капитал адекватно да се искористи?
Еден човечки ум може да создаде и да допринесе за успешно работење, но доколку функционира заедно во тим, во хармонична работна средина каде ли ќе му биде крајот!?

дали воопшто вреди да се инвестира во човечкиот капитал како таков?

И тоа како вреди. Вложувањето средства и напори да ги мотивираат вработените на најразлични начини, ќе придонесе вработените максимално да се вложат во работењето и со тоа да овозможат фирмата да ги оствари своите цели.
Кај нас за жал не се посветува толку внимание на човековите ресурси, барем во оние помалите фирми човекот се смета само како дополнителен дел од машината, но на Запад се вложуваат огромни средства за нивен развој и унапредување.
 
Back
На врв Bottom