Имав некои идеи во врска со ова...
Човекот може да се каже дека во себе содржи дуалности: машко/женско, физичко/психичко, материјално/ментално итн. Секогаш нешто е доминантно, додека другото нешто служи само како поткрепа и потпора на првото. Резултатите од првото се секогаш јасно видливи, додека другото е секогаш во позадина и не е јасно видливо, но никој не се сомнева дека постои и сите *претпоставуваат* дека е во ред.
И затоа светот денес е толку материјален: секој се занимава само со она што може да се види, што може да се осознае и разбере. Никој не се труди да смета на оние работи што не можат да се измерат во пари, во метри, во килограми, итн. Ако не може да се мери, на него не може да се смета и не треба да се зема предвид.
Оној момент кога ќе може да се измери човечката емоција, ќе има смисла да се зборува за човечки ресурс. Сè пред тоа е површно, во најдобар случај.