И класичната музика настанала на основи на фолклор. И класичната си има свој почеток некој период кога настана, се знае за делото кога настанало, али за многу народни песни не се знае ни кој ни кога настанале.
Не смее се што е излезено од народната музика да се смета турбо фолк.
Еве мене класичната музика ми е омилен жанр кој го слушам, но и го свирам на мојот клавир. Највеќе ги сакам композициите од романтизмот, а токму во тој романтизам народната музика била неисцрплив извор за тогашните композитори кои користејки се од неа дале едни од најврвните музички дела во целата музичка историја.
Слушнете ги само „Унгарските танци„ на Јоханес Брамс или симфонискиот ораториум „Моја земја„ на Бедрих Сметана и ќе видете една естетика, една врвност во творењето.
Не сакам некој погрешно да ме разбере и јас сум бил во кафани и имало моменти кога дури и сум се распеал(алкохолот те тера да правиш невероватни работи). Песните " Никотин " и "Поново" од Наташа Беквалац мислам дека имаат добра тематска основа присотјна лирика и солидна музика, но оној делот кај што вибрира гласот ја упропастува цела песна.
Ова горе далекку ми е од поентата. Секој во државава знае барем една песна од тие, не дека се прават нешто што не се туку поради фактот што се слуша насекаде, се пушта секаде и едноставно кажано тешко можеш да го избегнеш ко сакаш да излзеш надвор.
Нормално под притисок на општеството и на пријателите и на други релативно важни фактори секој подпаѓа под тоа срање.
Мрно ќе се обидам со прашање директно до тебе да ти го дофатам непријатното чуство што мене и го создава турбофолкот.
Дали би се чуствувал навреден ако некој ти каже ти си грк или бугарин-а не си македонец?
Е па другар за мене турбофолкот за музичката уметност воопшто е како што е грција и бугарија за македонија-се надевам дека ме разбираш.
Ако треба понатака ќе се доискажам!
Донекаде се сложувам со тебе. И мене ми се случувало во кафани, или дискотеки да забегувам на вакви песни. Не заради алкохолот туку едноставно вредностите на општетствово те тераат да запаметиш некоја таква мелодија бидејќи си опкружен со таквата музика, па те тераат да играш на песниве и да ги пееш
зошто мораш да влезеш во шемата:cry:.
Само што тие песни во Наташа Беквалац стил и не се баш турбофолк туку попфолк. Иако многу луѓе ги изедначуваат овие поими, попфолк ти е уствари музика со калапи на поп а филувана со шабански вибрирања на гласот, а сепак во нив има солидна музика.
А турбофолк?
Турбофолк ти е мајтапење со народната музика каде единствено важно ти е да биде атрактивна, контраверзна и прифатена од народот, без некое чувство за естетика, логичност во стиховите и професионалност на композиторот или изведувачот.