Фан Клуб: Њукасл Јунајтед

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.768
Поени од реакции
12.103
Ќе земеме сигурно, ама овој не заеба во 5 до 12. Вечер завршува преодниот рок, а моиве се убедени дека ќе ја довршат сезонава без Керол! Само не знам како мислат да се спасиме од испаѓањње со Амеоби, Бест и Ренџер!!!
А идиотов Керол, се гледа дека е детска празна црпка, место уште една од легендарните 9-ки на Ст. Џејмс, си отиде!
Енди, ти посакувам се најлошо во кариерата, неблагодарник еден!!!
Полека полека. И нас Торес не заеба. Знам како ти е ама нема потреба од навреди.
Нашиов во директен конкурент оди ( не дека сезонава сме конкуренти аама сме биле и ќе бидеме) а вашиов иди каај нас. Не сме до толку крвнички настроени со вас без гајле. Ќе ви го чуваме момчето а и реално не ограбивте. За останување ќе останите тоа е сигурно а и тие 35 милиончиња добро да си ги потрошите. Сепак го имате Бен Арфа. Уште ми е криво како не заебавте за него. Поздрав момци се најдобро
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
^ За 35 милиони добивте екстра перспективен напаѓач кој е измислен за играта во Премиер, висок, снажен, одличен шут со глава и нога, а за девојчето Торес и вие бајги се опаривте признај. Пола утакмици не ги играше ради повреда, вака во Керол си добивте одличен играч.
Уште не ми се верува, во шок сум и многу ми е криво!
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
продажба на Керол за 35 мил е рамно на лудило....па кој тим би дал толку пари ?! нека му е со среќа,за Њукасл ова ќе биде одличен трансфер
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.768
Поени од реакции
12.103
^ За 35 милиони добивте екстра перспективен напаѓач кој е измислен за играта во Премиер, висок, снажен, одличен шут со глава и нога, а за девојчето Торес и вие бајги се опаривте признај. Пола утакмици не ги играше ради повреда, вака во Керол си добивте одличен играч.
Уште не ми се верува, во шок сум и многу ми е криво!
И мене ми е криво ама тоа е. И да...ние ги ограбивме Челзи на некој начин а вие нас!! Ајде поздрав
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
отиде керол, потпиша 5.5 годишен договор, со здравје да си ги трошите парите, на Тв слушнав дека моментално се бара опција за керол, ама тешко оди :toe:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.016
Поени од реакции
74.360
Циско во Депортиво на позајмица до крај на Јуни :)
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.768
Поени од реакции
12.103
Абе и Бартон требаше да го купиме. Улична банда станавме сега!!!
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.768
Поени од реакции
12.103
Момци некои викаат Енди сакал да си оди а други дека бил избркан. Што е вистината да не знае некој?
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
парите....кој друг будала би платил толку ?! нека му е со среќа
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Се опаривте за Керол. Хехе добра зделка.
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
Не беше овој во Депортиво ? Или во некој друг шпански клуб беше? :raz:
Да, во Депортиво играше пред да дојде кај нас, а минатата година беше на позајмица во Расинг Сантандер.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.016
Поени од реакции
74.360
Не беше овој во Депортиво ? Или во некој друг шпански клуб беше? :raz:
Дете на Депор е :)
Њукасл ни го лапнаа полусезоната 2007/08 ако не се лажам или 2006/07. Не се снајде ич во Англија, па пак се враќа кај нас но само на 6 месеци. Пробал да го раскине годоворот но не му успеало.
 
Член од
2 август 2009
Мислења
1.739
Поени од реакции
136
Треба да почнат да бараат напаѓач што побрзо, затоа што со напаѓачи како Амеоби кои имаат сила за само едно полувреме, како Бест кои имаат 2 допира со топката во цела утакмица.... лошо ни се пишува. Инаку Енди многу ме разочара со тоа што го напушти клубот.:nesum:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom