Јас во случајов го поддржувам мислењето на Мрно. Точно е тоа дека и машките знаат да одбијат секс, причините се небитни во случајов, секој си го има правото на нив и нема потреба да се оправдува за истите. Сите ние бираме и избираме, вклучително и машките. Така што, не држи тврдењето дека мажите не знаат да кажат "не".
Koj osobini gi zabelezuvate kao prvi pri zapoznavanje so nova maska osoba ?
На какви особини мислиш? Претпоставувам карактерни. Тие и да сакаш не можеш од прва да ги видиш, си треба време. Јас ја гледам прво целата појава, генералниот впечаток, не барам влакно во супата, односно не гледам како низ микроскоп. Мали грешки и лапсузи дозволувам и не ми пречат, гледам да ги земам на шала и да опуштам атмосфера. Но, она што пробувам е да увидам дали грешките во чекори се од трема, oд незнаење, или се (потајно) намерно направени, пошто тука има голема разлика. Не судам веднаш дали е добар/лош, туку само фаќам забелешки и формирам мислење, пробувам да ги видам контурите на личноста, формата, а дури потоа навлегувам во суштината.
Едит: Една многу битна работа која ја правам. Слушам!! Го слушам што кажува, односно што сака (свесно или несвесно) да пренесе.
Инаку, во животов си имам став дека мене не можат сите да ми се допаднат, исто како што и јас не можам секому да му се допаднам. Тоа ниту него, ниту мене не не' прави помалку вредни, или лоши личности, едноставно сме различни, играме на различен такт, јас танго, тој пајдушко.....или обратно.
