Кое е вашето најголемо задоволство?

  • Креатор на темата _MACA_
  • Време на започнување

Drama Queen

Sky Catcher
Член од
2 септември 2007
Мислења
1.739
Поени од реакции
65
1. Кога сум во друштво со најблиските,лежерно си правам муабет ,јадеме пица,гледаме филмови.
2. Кога го гледам среќен покрај мене и кога го имам она чувство на исполнетост.
3. Добра оцена во школо.
4. Мајка ми насмеана и среќна, извор на среќата - јас.
5. Кога читам книга со добра содржина и некаде на средината влегувам во тој филм и се наоѓам таму некаде во некоја сцена...
 
P

PewDiePie

Гостин
Љубави
Секс
Фудбал
другарите
џанк фуд :kesa:
музиче
фејс :vozbud::pos2:
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Оргазам - телесен и умствен. Овој вториов знае некад ептен да се интензивира, па и задоволството од него е врвно.:pos2:
Мачки. Нивно галење, мазење, хранење. Задоволство од мачковидна природа, ме полнат со позитивна енергија едноставно.
Успех, било каков. Од 10ка на факс, до успешно зготвено јадење, нсмевка на нечие лице, или местење завеси.


Ммм, кога јадам нешто вкусно.
Пеење и играње по дома, на рокнат Били Ајдол, да речеме.
Кога позирам.
Чувствто на моќ додека сум на сцена, уф кое задоволство е тоа...:pipi:
Шетање со драгите луѓе додека грее сонце и дувка ветре, в парк, пиење пиво и бистрење филозофии.

Купови задоволства имам... Пливање гола, сончање во мирис на кокос, какао во 3 по полноќ со нет и месечина на прозор, шопинг во Тинекс, јагоди со Ленка на балкон облечени во пижами, дрдорење по мсн... Концерти, туш под прскалки во лето, тулумбите на тетка ми...
 
O

okej

Гостин
па..кога правам музика..ме исполнува доволно за да се расположам кога сум тажен и да бидам хиперактивен кога сум среќен..никогаш не губам од тоа..се друго е релативно.:nesum:
 
Н

'Никола'

Гостин
Додека пушев цигари, тоа беше цигарата после секој добар оброк. Прав оргазам. Исто кога седнувам на тапани, се исклучувам од реалноста, нема подобро чувство во моментот.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Кога возам на зајдисонце и слушам smooth jazz или blues и едноставно кулирам,
седење на тераса, летно време, наутро, се печиш на уште не-толку-јакото сонце и пиеш кафе во добро друштво,
добар секс да ме измори и испоти убаво и да шетам насмеан 3 дена :),
кога ќе положам некој предмет после многу вложен напор и труд,
и многу други работи што не ми текнуваат во моментов...
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
најголемо задоволство немам.. мислам. не дека немам зависи од ситуација околина друштво моментално расположение... а знаат да ме исполнат многу работи во одредени ситуации..
 
?

..........

Гостин
Задоволството е релевано, не секогаш исти работи ме задоволуваат или ме прават среќни.
како посебно би издвоил, љубовта, сексот, парите, музиката, и фините луге.
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Да лежам на плажа...а до мене личност што ја сакам...
Мераци бе!
Исто сакам и да си седам со другарките, да пиеме кафе, да се смееме...тоа страшно многу ми недостига бидејки не го правиме сега толку често како пред година дена...
Задоволство ми е и кога слушам дека сум сакана...
За мене најдобра работа у животот е љубовта дефинитивно...
Кое задоволство ми го причинува, ниш друго не е способно да го направи тоа :back:
 

hellboysk

Зависник
Член од
11 април 2010
Мислења
39
Поени од реакции
1
Освен свирењето Гитара ко е моето најголемо задоволство , играњето Вов (ворлд оф варкрафт) е моја опсесија , ама да ви кажам многу е убаво на мсн да си збориш со цурата и да играш ВоФ :) Има некој шарм во тоа. Секако тоа се делумично материјални ствари сепак на крајот се се сведува на љубовта кон и од пријателите , фамилијата , поминувањето време со нив и правењето работи за нив. Сепак нема никој да го однесе во гроб аватарот од вов ... се памти тоа што си бил и што си оставил зад себе :) :salut:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom