Бучко заработи кривична пријава

Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Нешто што многу ми се допадна од А1 телевизија

Ѓорѓе Марјановиќ напиша:
Македонија не е правна туку политичка држава

Интервју на Миомир Серафиновиќ, А1 Телевизија
4 август 2007

Од четворица осомничени за претерување со набавката на резервни делови за тенковите Т-55 и проневера на околу милион и 800 илјади евра, двајца - генералот Стамболиски и Менкиновски се во притвор, на слобода останаа првоосомничениот Бучковски и четврто осомничениот Ацо Ѓурчевски.

Иако за исто дело, ист судија различно им пресече, што според професорот Ѓорѓе Марјановиќ, покажува дека Македонија не е правна, туку политичка држава.

„Она што важи за првообвинетиот мора да важи и за второобвинетиот, затоа што тоа е потежок случај. Него го оставаат на слобода, би требало и овие. Сега овие треба да запрат и да бараат да бидат ослободени. Се разбира, ние не сме правна држава, туку пред се политичка држава и се разбира дека причините му се јасни секому“, изјави Ѓорѓе Марјановиќ, универзитетски професор.

„Јасно е дека СДСМ сега ќе лелека дека тоа е реваншизам. Меѓутоа, можете ли вие само за да оставите привид дека не сте реваншистички расположени, да им простите затоа што си направиле станови по 200 квадрати“, вели Марјановиќ.

Марјановиќ му препорачува на премиерот Груевски да не потклекнува на тие лелеци на СДСМ, но и да подзачисти малку и во редовите на некогашните и сегашните сопартијци.

Владеењето на Љубчо Георгиевски ја одбележа и неговата изјава „Крадевме, ама имаше за сите“, вели Марјановиќ и се прашува зошто досега не е истражувано тоа тврдење.

„Нашиот сегашен премиер тогаш беше министер за финансии. Ако неговиот премиер вели: „Крадевме“, тогаш значи дека краделе сите заедно, сите министри комплетно. Тоа е доста воопштена изјава и треба тука да се буричка, само не знам дали ќе има сила“, рече Ѓорѓе Марјановиќ.

Случајот со набавката на резервни тенковски делови за речиси два милиона евра повеќе од предвиденото се уште е во истрага. Пред распитот пасошот на Бучковски е оставен во судската архива за да се осигура негово присуство.

Распитот траеше повеќе од пет часа, велат во адвокатскиот тим на поранешниот премиер, а повеќе од два часа ја чекале одлуката дали ќе му биде одреден притвор. Адвокатите на притворените од понеделник ќе бараат и тие да се бранат од слобода.

Според кривичната пријава на МВР, есента 2001-ва Бучковски одобрил да се купат четири пати повеќе резервни тенковски делови. Набавката ја потпишал и генералот Стамболиски.

Кога деловите биле испорачани и кога сфатиле дека најголем дел од нив се непотребни за АРМ, токму генералот Стамболиски, кој сега е во притвор, наредил вишокот делови да се вратат на добавувачот „МЗТ ФОП“.

Но, директорот на „ФОП“ Митре Петковски не сакал да ги прими назад, а парите, околу три милиони евра, успеал преку цесии со потпис на поранешниот министер за одбрана да ги префрли на друга фирма „МЗТ преносници“. И за двата случаи се води истрага.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Нормално дека нема правна држава, кога судската власт во државава не се доживува себеси како власт, туку како обични чиновници и админстративци.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Si go zamisluvam mladiot Nikola zamislen...no faten za Dab, ne so cerep vo race...so toa Hamletovskata DILEMA :):)!!......................................., a nevestickata zbuneto go gleda.....

Sto mislite vie : KE GO BIDE ILI NEMA DA GO BIDE ???...........mladiot nas Nikola ????
Iskreno receno.....................ne veruvam deka ke go bide............ , ne za drugo,...........premnogu e dobro za da bi bilo vistinito , a od epten prviot red go
gledam "PISATELOT" ....,ic ne mi lici na Sekspir...:)!!!
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
Неколку сликици за да се пренесе атмосфера :






Теле : не ти рекол некој дека кога се оди во Катерини на одмор се става крем за сончање? :pishtoldz





А гледајте го овој : мисли во градинка се наоѓа



Леле смешки :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2:
ova esko drzi vratata da ne izleguvaat? bozeeeeeeeeeeeee ovie kako vo prvo odelenida se:(:pusk:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Љубе го спаси Бучко од притвор!




Во намерите да се спаси од притвор екс премиерот и министер за одбрана Бучковски за три дена ги употреби, и злоупотреби речиси сите кои беа дел од процесот. Финале, тој е лице со одзеден пасош кое се гони за криминал, а неговата партија е на маки како да ги објасни трите дена за кои СДСМ ќе се правда барем наредните три години. ВЕЧЕР прв дознава што правеше Бучковски за да се спаси од давењето, а да ги повлече кон дното сите други: од СДСМ до Љубе Бошковски!

Минатата недела, и скандалот околу кривичната пријава и најавата за притвор на Владо Бучковски секако ќе спаѓа во темните датуми на СДСМ.
Прво, затоа што првпат во Македонија се поведува кривична постапка за проневера за највисок државен функционер, за премиер кој доскора беше претседател на СДСМ. Второ, затоа што реакциите на СДСМ беа рамни на маалска партија радикали собрани околу интересите на еден човек, а не околу сериозна и зрела политичка идеја. Па, кога интересите на тоталитарниот лидер се загрозени, тогаш се загрозени сите во партијата. Без оглед на причините.
Како инаку да се протолкува дека целата пратеничка група на СДСМ протестира пред истражниот суд, врши досега невиден јавен притисок врз судската власт заради, наводно, непрописно одзеден имунитет на својот поранешен претседател Бучковски, а тој внатре се откажува од пратеничкиот имунитет, со што нивните протести освен нелегитимни и политички опасни, стануваат и беспредметни!
Бучковски остана лице гонето за криминал со одзеден пасош, а се спаси од притвор иако другите од случајот се веќе во Шутка, а патем го повлече СДСМ на самото дно.
Бучковски беше осомничен за ово случај уште во 2002. Но, СДСМ победи на изборите, и по тие избори Бучковски повторно стана министер за одбрана, по што падна кривичната пријава. Потоа, за време на неговиот мандат, за што ВЕЧЕР ексклузивно пишуваше, од депото на Министерството за одбрана исчезнаа докумнети за јавни набавки, меѓу кои и оваа за која е гонет Бучковски. Бучковски веруваше дека со тоа случајот е дефинитивно затворен.
Но, по скандалот за шверц со оружје во кој беше вмешана и фирмата МЗТ, се дојде до нови сознанија за јавните набавки кои на времето Бучковски ги правел со МЗТ за бугарските тенкови. Случајот се отвора повторно.
Пред две недели Бучковски е повикан на распит во МВР, а две недели потоа пред истражен судија е распрашуван и одредена му е мерка притвор на второосомничениот генерал Стамболиски. Првоосомничениот Бучковски секако го знае тоа, но ладно оди на одмор и глуми дека не е заинтересиран за случајот.
Истражната судијка Катица Јовановска упатува покана за распит на Бучковски, определува мерка притвор и бара од Комисијата за имунитет да се симне пратеничкиот имунитет за да може и Бучковски да биде рамноправно третиран со другите осомничени од кои, двајца, претходно се веќе во притвор.
Бучковски бара спас од своите сопартијци кои го сменија од чело на партијата токму заради неговите матни бизниси. Логиката која им ја наметнува е дека денеска е тој, а утре на удар ќе бидат тие. Дали некој друг меѓу пратениците на СДСМ има потпишано спорна јавна набавка за три милиони евра?! Или пак имал дил со Бучковски за поделба на плен?!
На 1 август Комисија за имунитет на Собранието заседава. Партениците на СДСМ прават инциденти, ја уриваат седницата потоа забележувајќи дека таа се одвивала во ненормална атмосфера и дека всушност и немала завршница и одлука. А одлуката со шест гласа за од девет присутни е дека имунитетот на пратеникот Бучковски му се одзема.
Утредента, на 2 август Бучковски го организира партискиот активист
Тони Чинго, од Охрид, да обезбеди соработка со Драган Гоџо, асистент
на на адвокатот на Љубе Бошковски во корист на Бучковски. Чинго
утредента носи и два автобуси со протестанти пред судот, а Гоџо дава изјава дека без сведочењето на Бучковски, Љубе нема шанси. Гоџо знае дека со откривањето на идентитетот - сведок и истражната постапка, Владо Бучковски најверојатно нема веќе да може да сведочи за Бошковски но му помага во јавниот циркус на Бучковски.
Мотивите засега се тајна.
На трети август во 9 часот Бучковски се појавува пред истражната судијка. Според неговата лична, јавна изјава тој веднаш се откажал од пратеничкиот имунитет. За што тогаш протестираа пратениците на СДСМ пред судот?! Веќе тука се насанкани како мали деца затоа што го штитеа имунитетот на Бучковски од кој тој сам се откажал!
По осум часа распит истражната судика Јованова бара еден час за да се донесе и напише одлуката. Пратениците на СДСМ пред собранието до Бучковски и неговиот бранител дознаваат дека ќе има мерка куќен притвор! Задоволни се.
Но, нема таква мерка. Судијката Јовановска го ослободува Бучковски од веќе изречена мерка притвор, како првоосомничен а во притвор остануваат второосомничениот Стамболиски и четврто осомничениот директор на МЗТ.
Како дојде до оваков расплет, до серија политички скандали на СДСМ кој досега бил имун на тоа, до пресврт во судскиот став и до судскиот преседан првоосомничен да се брани од слобода, а останатите да лежат во притвор!
Сосема основано е дека е направен пазар помеѓу тројката: Љубе Бошковски, судијката Катица Јовановска, која беше во неговиот кабинет кога Бошковски беше министер за внатреши работи, и Владо Бучковски кој нуди дил, и ветува дека ќе даде изјава во Хаг каква што му треба на Бошковски ако Љубе лично, и преку семејството издејствува судијката Јовановска, неговата поранешна колешка, да го повлече притворот!
Во последните пет-шест дена постојат десетина телефонски разговори на релација помеѓу Љубе Бошковски, Владо Бучковски, судијката Катица Јовановска и сопругата на Бошковски на оваа тема.
Бучковски, манипулатор кој како таков е познат на јавноста уште кога беше фатен со наместените телефонски анкети, веднаш по влегувањето од Македонија, на седницата на Комисјата јавно обзнанува дека е сведок за Љубе во Хаг, и дека од неговиот притвор нема да може да сведочи. Прво, на сведочење може да биде однесен и од притвор. Второ, Бучковски не е на листата редовни сведоци за Љубе Бошковски, туку на посебната листа која не се објавува. Со сопствената изјава дека е таков сведок сега се создава можност Бучковски да го загуби статусот, и воопшто да не сведочи во Хаг!
Бучковски ги намести и СДСМ, и Љубе Бошковски, и судијката Катица Јовановска... најбрутално, и најсебично.
Патем, дава лажна изјава дека се чул со Радмила Шеќеринска од која добил поддршка. Црвенковски, дистанцирајќи се од случајот, одеднаш оди на одмор во Црна Гора. Неколкумината соработници на Бучковски дента пред истражен се обидуваат да ја зајакнат неговата позиција и партиската поддршка со лиферување лажна вест меѓу новинарите дека Црвенковски ќе донесе решение за амнестија на Бучковски, што не е точно, и организираат дофрлања и вербални напади кон новинарката и снимателот на Сител. Веста за амнестија во саботата ќе ја реафирмираат и двајца непознати слушатели во емисијата Стадион на Канал 77. Три дена неговите бодигарди одеа по општински комитети барајќи голем митинг за поддршка на Бучковски. Безуспешно.
Дали некој забележа дека Бучковски излезе од кај истражниот судија, си ги собра бодигардите и си отиде. А по него во истрага влезе неговиот близок соработник Аце Ѓурчиновски.
Бучковски не го интересираше што ќе се случи со Ѓурчиновски. Отиде, се пресоблече и саат и пол, потоа отиде на вечера во ресторанот "Ања". Око не му трепна.


:pos2:
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Сега ќе почне една многу јака судска парница. Ќе видиме кој ќе биде епилогот но нешто што мора да се нагалси е дека мора некој поголем политичар да биде ставен зад решетки за да се скрши мразот кој вели дека политичарите се недостапни и судската власт де факто не им може ништо. Со тоа кршење на мразот се надевам дека судската власт ќе добие малку повеќе храброст и да се истакне како судска власт а не како политичка администрација.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Видовме колку се охрабри судството кога го притвори второобвинетиот а го пушти првообвинетиот да се брани од слобода.Тоа е храброст нема што.:)
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Видовме колку се охрабри судството кога го притвори второобвинетиот а го пушти првообвинетиот да се брани од слобода.Тоа е храброст нема што.:)
Па затоа викам да се охрабри, сега за сега сеуште се во умот владини чиновници иако ја имаат моќта во рацете, ама наместо да ја искористата тие изграваат плачипи*ки
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Тогаш првиве чекори во охрабрување некако како да тргнаа во обратна насока,наместо охрабрување добивме заплашување на судството во Македонија.
 

Ѕвер

Перфекционист
Член од
4 јануари 2006
Мислења
2.223
Поени од реакции
28
Зошто СДСМ се обедини зад Бучковски?

Зошто беше сета таа галама, ука и бука по одземање на имунитеот на Владо Бучковски од страна на пратениците на СДСМ, кои одеднаш се обединија позади ликот и делото на довчерашниот дежурен кривец на СДСМ?Хммм...во последниот број на Фокус од 10.8.2007 одлично се разработува шемата на Б.Ц. и останатите партиски подлизурковци како Јани, Шема и баграта кои се посрани затоа што парите од Министерството за Одбрана што биле префрлени на МЗТ ФОП-Преносници всушност завршиле за кампањата на Бранко Црвенковски за Претседател на Р.М. а шеф на неговиот изборен штаб беше токму Бучковски.

Иако судот пресудува МО да ја исплати сумата на сметката на МЗТ ФОП, исплатата се извршува во две етапи и тоа на неколку фирми ќерки на МЗТ ФОП затоа што сметката на оваа фирма била блокирана.Инаку трансакцијата на 50 милиони денари која е најсомнителна и која е причина за подигање на кривичната пријава е таа на 26.2.2006 (денот на загинувањето на Претседателот Трајковски)Повеќе и подетални информации во врска со криминалното дејствије на Бучко за кампањата на Папата Б.Ц. која била однапред испланирана, има во Фокус.

Дали кривичната за Бучко, значи разобличување на поганиот брадест наркоман Бранко, па затоа пратеничињата на СДСМ рипаа ко попарени на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања и пред Судот во Скопје?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Зошто беше сета таа галама, ука и бука по одземање на имунитеот на Владо Бучковски од страна на пратениците на СДСМ, кои одеднаш се обединија позади ликот и делото на довчерашниот дежурен кривец на СДСМ?Хммм...во последниот број на Фокус од 10.8.2007 одлично се разработува шемата на Б.Ц. и останатите партиски подлизурковци како Јани, Шема и баграта кои се посрани затоа што парите од Министерството за Одбрана што биле префрлени на МЗТ ФОП-Преносници всушност завршиле за кампањата на Бранко Црвенковски за Претседател на Р.М. а шеф на неговиот изборен штаб беше токму Бучковски.

Иако судот пресудува МО да ја исплати сумата на сметката на МЗТ ФОП, исплатата се извршува во две етапи и тоа на неколку фирми ќерки на МЗТ ФОП затоа што сметката на оваа фирма била блокирана.Инаку трансакцијата на 50 милиони денари која е најсомнителна и која е причина за подигање на кривичната пријава е таа на 26.2.2006 (денот на загинувањето на Претседателот Трајковски)Повеќе и подетални информации во врска со криминалното дејствије на Бучко за кампањата на Папата Б.Ц. која била однапред испланирана, има во Фокус.

Дали кривичната за Бучко, значи разобличување на поганиот брадест наркоман Бранко, па затоа пратеничињата на СДСМ рипаа ко попарени на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања и пред Судот во Скопје?
Интересно...ммхмм,ќе почекам уште малце...па ќе прокоментирам :wink:
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.024
Поени од реакции
609
да ти кажам брат појма немам,абе политиката ако си ја сватиш за озбилно тешко тебе ке биди,тоа треба да ти биди рекреација или место за лечење комплекси
 
Член од
20 февруари 2007
Мислења
267
Поени од реакции
0
Pazjat go!Partijna disciplina!Znae mnogu za tjah i ako ne sa zad nego toku viz si otvoril ustata i............:vozbud:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Зошто беше сета таа галама, ука и бука по одземање на имунитеот на Владо Бучковски од страна на пратениците на СДСМ, кои одеднаш се обединија позади ликот и делото на довчерашниот дежурен кривец на СДСМ?Хммм...во последниот број на Фокус од 10.8.2007 одлично се разработува шемата на Б.Ц. и останатите партиски подлизурковци како Јани, Шема и баграта кои се посрани затоа што парите од Министерството за Одбрана што биле префрлени на МЗТ ФОП-Преносници всушност завршиле за кампањата на Бранко Црвенковски за Претседател на Р.М. а шеф на неговиот изборен штаб беше токму Бучковски.

Иако судот пресудува МО да ја исплати сумата на сметката на МЗТ ФОП, исплатата се извршува во две етапи и тоа на неколку фирми ќерки на МЗТ ФОП затоа што сметката на оваа фирма била блокирана.Инаку трансакцијата на 50 милиони денари која е најсомнителна и која е причина за подигање на кривичната пријава е таа на 26.2.2006 (денот на загинувањето на Претседателот Трајковски)Повеќе и подетални информации во врска со криминалното дејствије на Бучко за кампањата на Папата Б.Ц. која била однапред испланирана, има во Фокус.

Дали кривичната за Бучко, значи разобличување на поганиот брадест наркоман Бранко, па затоа пратеничињата на СДСМ рипаа ко попарени на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања и пред Судот во Скопје?
Па ако падне Бучко,всушност во јавност излегуваат сите инволвирани арамии од составот на СДСМ.Не смее да се заборави кој беше во врвот на СДСМ токму во времето кога се префрлаа тие пари,па затоа всушност се обединија во одбрана на тогашниот главен финансиер,за да си го покријат сопствениот валкан образ кој можеше многу едноставно да биде откриен со една ваква малку наивна афера но сепак доволна да даде непобитни докази како се финансирал врвот на една партија во која оние што затвоараа врати на седницата од комисијата и фрлаа со шишиња си го штитеа сопствениот газ.
 

LiquidHeII

хемичар
Член од
31 јули 2007
Мислења
178
Поени од реакции
3
...во последниот број на Фокус
...во Фокус.
Ѕвер неверувај многу на фокус, еве ти само еден доказ: имаше ваков наслов Бузлевски ја заменува Цветановска во ВМРО и тоа од Фокус беше објавено како открите на годината и еве помина време и ништо... што се докажа дека Фокус не е релевантен весник
плус тој е контра СДСМ па нема објективност.

ок он топик

случајот со Бучко на СДСМ му дојде како планиран, бидејки беа разделени и немаше што да ги соедини, па раководството добро си го искористи случајот да игра на карта на емотивност и партичка припадност за да покаже дека сепак СДСМ постои, тоа е една причина а друга причина е тоа што Бучко е политички издигнат во неколку години од страна на Б.Ц кој сеуште, според некои, владее и 100% има корист од Бучко или се плаши од неговите изјави
 

Kajgana Shop

На врв Bottom