Контрол-фрикови!

  • Креатор на темата Креатор на темата PSYtisfaction
  • Време на започнување Време на започнување
Ах тема за мене ... здраво!:podsmev:

Сум контрол-фрик, иако почесто се осеќам непријатно поради тоа, па се воздржувам да прикажам и се јадам во себе. Сакам да знам што кога и како треба да правам, за да ми е денот како што треба. Не дека имам шлепери на граница, па треба постојано да сум на штрек, но ете, што и да е, и најобичниот ден сакам да знам како ќе го поминам. Ако немам некоја посебна обврска, излегувам од дома и кулирам кај мене на работа. Но и обично кафе да се испланира тогаш, сакам да знам точно во колку и каде ќе се оди за да знам дали треба да одам до дома да се пресоблечам, до кога имам време кафето тука да си го испијам, дали имам време и за второ, дали можам да седнам на компјутер, дали имам време да гледам некоја серија Френдс или убаво да исклулирам на Кајгана итн.
Да не почнувам што ми се случува ако имам поголеми обврски како вечера или излегување (:podsmev:) или па во врска со работата ... ау!

Знам дека не е добро и знам дека треба да се променам за доброто на сите околу мене, но неможам ... таква сум и најверојатно таква ќе си останам.:shame:
 
Мајка ми е шампион, како ќе ти го испланира животот тоа е чудо едно, само нормално никогаш не испаѓа по нејзин план бидејќи јас само си го планирам времето.
Инаку јас лично, само во лабараторија кога с еправи експеримент сим контрол-фрик, ама пак таму може да биде многу незгодно и непријатно ако не се врши постојана контрола.
 
татко ми: зошто ти падна штрафцигерот?
јас: аман бе, за се да ми наоѓаш мана, за секоја ситница наоѓаш да се караме
татко ми: ситниците се дел од животот
јас: ај прекини
татко ми: неможам да прекинам кога не си целосен во работата што ја работиш, не си заинтересиран и не си внимателен
јас: амааан! и јас сум човек и јас можам да згрешам, другите не прават грешки:?????
татко ми: остај ги другите, ти глеј си за себе

и тука се накурчувам максимално искачам од работа и ме нема едно 10/15 минути.
ова ми се случува минимум 3-4 пати неделно. :)
 
Ретко кога сум контрол фрик, обично се сакам спонтано да ми доаѓа.
Нејќам контрол фрикови кои секогаш сакаат се по нивно да е, што замараат со некои работи месец дена унапред, што замислиле нешто и по секоја цена мора да го исполнат и сл. Јас сум таква што кога сакам нешто ги правам во моментот, за натамо ако можам здравје ако не не.
Не ги ставам тие околу мене да мораат нешто да направат, да им се качам на глава за да направат, а не сакам ни тие мене.
 
Не сум контрол фрик,но пак затоа ги имам околу мене.Еве еден разговор со татко ми:
(пред одење кај тетка ми)
Тато-Шпоретот исклучен е?
Јас-Да.
Тато-Од штекот (:))
Јас-Да бе да,исклучен е.
Тато-Да не заборавивте некоја чешма отворена?
Јас-Не бе тато,проверивме(је,мај ес)
Тато-Компјутерот исклучен е?
Јас-Тато,цело време сум над него,може ли уклучен да го оставам.
Тато-Од штекот?
Јас-Да бе тато.
(овде се убацува и еден муабет за тоа дека ќе ми требаат очите за понатаму енд дет стаф)
Тато-Сине,ај оди исклучи го и телефонот за секој случај.
Јас-А ако не бара некој,како ќе знаеме после?
Тато-Абе сине,чу за тоа телефонот што експлодирал некаде ?Ај сине оди од штекот исклучи го,беља ќе ни направи.
Јас-(превртувам очи,а веќе сме на 2 минути од кај тета)дооооооброооо

..И после живци од челик,е како сакаш да имаш живци после ова?Да е до него,и он би се исклучил ако работи на трофазна :pos:
 
1.
Мама-Мартин, шо сакаш за јадење?
Јас-Пица
Мама-Ееее пица немаТ
Јас-Па нели ме праша шо имат?
Мама-Ај не се занесувај (тука почнуваме со источно македонски акцент, секогаш ко ќе се изнервират).
Јас-Сакам пица (ја за*бавам)
Мама-Некој деца немат пари пица да јадат, а ти пица ми бараш.
Јас-Некој деца имат и две пици да јадат, а јас ни една.

Јас-Сакам нов компјутер (на пример)
Мама-Сакаш да ти набројам колку души го користат стариот? Дејан, Елена, Рајко, Петко..(пак на пример)
Јас-А јас да ти набројам колку души имат?
Мама-Мене за други ич не ме интересират. И тука не смеам да ѕуцнам, оти од муабетов одма се префрлат на друг, пострашен за мене :pos::pos::pos::pos:
 
Ах тема за мене ... здраво!:podsmev:

Сум контрол-фрик, иако почесто се осеќам непријатно поради тоа, па се воздржувам да прикажам и се јадам во себе. Сакам да знам што кога и како треба да правам, за да ми е денот како што треба. Не дека имам шлепери на граница, па треба постојано да сум на штрек, но ете, што и да е, и најобичниот ден сакам да знам како ќе го поминам. Ако немам некоја посебна обврска, излегувам од дома и кулирам кај мене на работа. Но и обично кафе да се испланира тогаш, сакам да знам точно во колку и каде ќе се оди за да знам дали треба да одам до дома да се пресоблечам, до кога имам време кафето тука да си го испијам, дали имам време и за второ, дали можам да седнам на компјутер, дали имам време да гледам некоја серија Френдс или убаво да исклулирам на Кајгана итн.
Да не почнувам што ми се случува ако имам поголеми обврски како вечера или излегување (:podsmev:) или па во врска со работата ... ау!

Знам дека не е добро и знам дека треба да се променам за доброто на сите околу мене, но неможам ... таква сум и најверојатно таква ќе си останам.:shame:
на жалост и јас сум како тебе..кога се планира нешто ги сакам сите детаљи,и сите да се придржуваат кон планот,може нема да правам сцена,ама како шо викаш ти..ќе се јадам во себе...
 
Јас сум контрол фрик,и горда на тоа!Не се обидувам да ги контролирам луѓето,туку правецот на мојот живот.Досега,супер е!
 
И ја сум контрол фрик...што сеа да правам таков сум...:nesvest:
 
Мене ми личи или темата има опасност да стане тема за тоа како не нервираат нашите? :vozbud:
Nevermind... Јас сум си контрол фрик одамна. Сакам да организирам и да уредувам по мое. Се трудам да не претерувам, затоа што не ми се допаѓа ни на мене ни на другите. :smir:
 
Извинете за оф- топиков: Леле се скинав од смеење од постовиве со дијалог, дури дојдоа во соба да проверат што ми е
bj.gif

И назад на топикот:
cp.gif
Баба ми, баба ми, баба ми
di.gif
...
 
татко ми: зошто ти падна штрафцигерот?
јас: аман бе, за се да ми наоѓаш мана, за секоја ситница наоѓаш да се караме
татко ми: ситниците се дел од животот
јас: ај прекини
татко ми: неможам да прекинам кога не си целосен во работата што ја работиш, не си заинтересиран и не си внимателен
јас: амааан! и јас сум човек и јас можам да згрешам, другите не прават грешки:?????
татко ми: остај ги другите, ти глеј си за себе

Татко ми е ист ! И истиов дијалог се води скоро секој ден.
 
Мајка ми е мега контрол фрик. пр:
Јас: отидов да прошетам
Мајка ми: Земи си клуч.
Јас: ок имам во џеб, искачам
Мајка ми: земи си го паричникот.
јас: имам све земено...
Мајка ми: земи си го мобилниот.
јас: Не се секирај имам СВЕ земено...

Таман излегувам мајка ми од врата вика: а кај искачаш? :pos:
 
Па сум и јас по малце, ама кога ќе ми текне со какви загрозени примероци на фамилијата контрол фрикови сум опкружена, по повеќе не сум!
Значи и јас сум контрол фрик и си мислам и се двоумам како ли ќе се одвиваат некои работи, ама повеќе тоа го правам во памет, отколку да ги замарам другите!
А за разлика од мене, имам другарка која се нервира и се мисли дали ќе се омажи некаде до 40-та (сега има 18), дали воопшто ќе успее да се запише на факултет (ова беше пред да ја примат, а во средно е со 5,00) и за секакви други „ситници“ се избезумува, а недај боже да те види тебе дека се загрижуваш во врска со некој проблем! Тогаш дури сите бродови пропаѓаат!
Ама вистинската смеа е една друга контрол фрик другарка, која всушност е тежок вид на параноик и паничарка во врска со фактуелната состојба на ситуациите, при што пред одење некаде секогаш гледа дали е возможно да се појави некое мало заоблачување и на колку километри оддалеченост е, за да земе чадор...Пази на која брзина се вози на мотор, за да евентуално големото брзина на воздухот и триењето на честиците и ги блокираат дишните патишта, при што би можело да...:blabla:Штета што не знам уште малку физика и хемија за да ви приложам уште некое природонаучно објаснување за да сфатите колку е несигурен и непредвидлив животов :pos2:
Него тоа е, ако не се они, па кој би ни придал поголема организација во животов? Ќе треба ние да ја играме нивната улога, ама дури тогаш - тешко нас!!! :nesvest:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom