Fala za konstruktivniot komentar???
Inaku i denes Makedoncite zhiveat srekjno do krajot na zhivotot, Vardar, Egej, Pirin, se blika od (pre)golema srekja..
Па самиот си одговори ,немам што да додадам...
Според мене
нема здрави темели..а за да се постават ќе треба да помине многу време,пред се време потребно Македонија да опстане на патот кон ЕУ,НАТО во наредниве 5-6 години,да заживее народот да се зголеми стандардот со што би се зголемила неговата(нашата) самодоверба,меѓутоа..нели... кога ќе го достигнеме тоа ниво нема да ни биде потребна никаква Бугарија или што ти знам.
А ова што ти го напиша повеќе ми наликува на очајност...каде што ја покажуваме нашата немоќ и огорченост поради тоа што живееме во сиромашна земја,па некаква утеха и лажно самоубедување/бодрење дека единствен „услов“ би бил државата да се вика Македонија за да ја ублажиме донекаде ранетата гордост...
Бугарија не е спасот за Македонија...сами треба да си се избориме за нашата судба,а и ова што наводно мирољубивиот комшија го постира како некоја негова теорија е само уште една верзија...на Бугарското сценарио за Македонија.. зашто секогаш нивните тези и постови мора да завршуваат со спојување на двете држави,прелевање на народите..националните чувства..!?
Зашто на Бугарија би и била потребна кревка,сиромашна Македонија.... зашто не би не сакале појќе кога би биле економски силни,политички созреани и целосно осознаени и зацврстени како нација,народ...
Зашто толку упорно и дрско се обидуваат се‘ да откраднат од нас македонците.. историја..традиција..името..народните песни.. од се’ по малку..
Со влез во ЕУ и зацврстување на безбедноста преку НАТО,само така ќе можеме непречено да се обединиме на сите овие наши простори со што ќе ги промениме позициите со нашите соседи..па ќе си играме со нивните стравови преку институциите на ЕУ... итн.
Немој да брзаш...