Хумор за мажи и жени

  • Креатор на темата Креатор на темата burn84
  • Време на започнување Време на започнување

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Локација
40 miles from the sun
Ова подолу татко ми ми го прати како power point презентација на маил.
Побарав низ архива не најдов нешто слично.
Ако има бришете или префрлајте!


Постојано ги слушаме "правилата" на однесување од жените.

Време е и мажите да ги обнародат СВОИТЕ правила!

Ова се правилата:


1. Женските гради постојат за во нив да се зјапа. Не обидувајте се тоа да го смените.

1. Научете ги правилата на користење ВЦ. Ако даската е долу, дигнете ја горе. Или обратно. Ние никогаш не ви приговараме кога даската ја оставате долу, нели?

1. Сабота = спорт и спортска кладилница. Да се смени тоа е исто како да се сменат законите за плима и осека.

1. Шопингот НЕ е спорт. И не, ние никогаш нема да мислиме поинаку.

1. Плачењето и цмиздрењето е исто што и уцена.

1. Кога нешто ви треба, прашајте. Да се објасниме малку:
• Ние не ги разбираме вашите дискретни знаци.
• Ние не разбираме кога вртите околу темата.
• Ние не разбираме кога се обидувате нешто да ни кажете.
• Едноставно, кажете го тоа!

1. Да и Не се сосема нормални и соодветни одговори на прашањата кои ги поставувате.

1. Немојте да не мачите со своите проблеми, освен ако стварно сакате да ги решиме. Зашто, ние тоа го правиме - решаваме проблеми. За сожалување си ги имате своите пријателки.

1. Главоболката која трае со месеци е голем проблем. Одете на доктор!

1. Се' што мажот кажал пред 6 месеци веќе не важи. Всушност, сите наши коментари стануваат неважечки по 7 дена.

1. Ако сте помислиле дека сте преде*ели можеби стварно сте! Ако е така, тогаш не не прашувајте и нас за тоа.

1. Ако нешто што сме кажале може да биде протолкувано на два начина од кои едниот ве лути и повредува, знајте дека ние сме мислеле на она другото.

1. Можете да не замолите во нешто да ви помогнеме или можете да ни кажете како сакате да ви помогнеме.
• НЕ и едно и друго заедно!
• Ако веќе знаете како нешто најдобро да се направи, тогаш направете го сами

1. Додека гледаме утакмица, можете да ни кажете се што сакате... исклучиво додека траат рекламите.

1. На Кристофер Колумбо не му требаа насоки додека се возел па не ни требаат ни нам.

1. Сите мажи гледаат само 16 бои, како дифолт сетинзите на Виндоуз.
• Кајсијата, на пример, е овошје а не боја.

1.
• Ако нешто чеша ќе биде почешано. Едноставно, тоа ние така го правиме.

1. Кога ве прашуваме што се случило а вие кажете "ништо", ние ќе се однесуваме како да веруваме во тоа. Знаеме дека лажете ама не можеме секогаш да се бориме за вистината...

1. Кога поставувате прашање за кое очекувате дека нема да добиете одговор, ќе добиете одговор кој не сте го очекувале

1. Кога излегуваме некаде, се што ќе облечете за нас е ок, стварно.

1. Немојте да не распрашувате за што размислуваме освен ако не сте подготвени да зборувате за:
- секс,
- спорт,
- авотомобили

1. Имате доволно облека.

1. Имате и премногу чевли.

1. Јас сум добро обликуван. Тркалезното е облик.
 
Разлики меѓу мажите и жените

ПРЕКАРИ:

Доколку Ана, Маја и Марија излезат на ручек, помеѓу се*е ќе се нарекуваат како Ана, Маја и Марија. Но, доколку Васко, Мартин и Диме излезат на пиво, помеѓу се*е ќе си се обраќаат како "Де*ели", "Лепи", "Компир"...

МАЧКИ:

Жените сакаат мачки. Мажите велат дека сакаат мачки, но кога жените не гледаат - мажите ги шутираат мачките.

ШОПИНГ:

Мажите би платиле и 1000 денари за некој предмет кој реално вреди 500 и им е потре*ен. Жените би платиле 500 денари за предмет кој вреди 1000 и не им е потре*ен.

ТЕХНИКА НА ДИСКУТИРАЊЕ:

Жените го имаат последниот збор во секоја караница. Се што ќе каже мажот после тоа е почеток на нова расправија.

СТАТИСТИЧКИ:

Жените се загрижени за нивната иднина додека да најдат сопруг. Мажите се безгрижни додека не се оженат.

УСПЕХ:

Успешен маж е оној кој заработува повеќе отколку што неговата жена може да потроши. Успешна жена е онаа која ќе пронајде таков маж.

БРАК:

Кога жената стапува во брак, се надева дека мажот со тек на време ќе се промени, но тој не се менува.
Кога мажот се жени, се надева дека жената нема да се промени, но таа се менува.

ДОТЕРУВАЊЕ:

Жените се дотеруваат за на шопинг, наводнување на цвеќињата, фрлање на ѓубрето, читање книга, јавување на телефон ... Мажите се дотеруваат за на свадба и за на погреб.

КОНДУРИ:

Кога се подготвуваат за на работа, ќе се дотераат, ќе наврат на нозе рамни кондури, а салонките на висока штикла ќе ги носат во картонска ќеса со натпис "Baldinini", "Мanolo Blanic"... за да ги облечат пред да стигнат на работното место. Пет минути подоцна, ќе ги соблечат бидејќи стапалата им се под бирото. Мажот го носи истиот пар кондури преку целиот ден.

ПЛАЌАЊЕ ВЕЧЕРА:

Кога ќе стигне сметката, Васко, Мартин и Диме во исто време ќе се брцнат во џебовите, секој од нив вадејќи банкнота од по 1000 денари. Никој од нив ќе нема ништо поситно, и никој нема да признае дека го сака кусурот. Кога девојките ќе ја добијат сметката, секоја од нив има спремено точен износ за нејзиниот дел
 
Човек се нашол на суд, обвинет за тешко убиство со предумисла.

Судијата: Овде се работи за тежок деликт, крваво убиство со предумисла. Го повикувам обвинетиот во своја одбрана а со цел да се обиде евентуално да ја ублажи казната да ја изнесе својата одбрана и олеснителните околности.

Обвинетиот: Беше глупа... морав да ја убијам.

Судијата: Тоа не го сметам за олеснувачка околност. Ако не сакате остатокот од животот да го минете зад решетки морате да најдете нешто поубедливо.

Обвинетиот: Во ред, ценет Суде, дозволете ми да ви раскажам како беше. Живеевме во една зграда. Над нас живееше семејство со две деца. Жална ситуација, децата беа многу ниски. Синот од 12 години беше висок 80 сантиметри а оној постариот од 19 години се' на се' 85 сантиметри. Еден ден разговарав со жена ми за тоа и и' кажав дека навистина ми е жал за нив.

- Да, рече жена ми, тоа се пиринеи.

- Мислиш, Пигмеи - и' реков.

- Не, одврати таа, пигмеи се она што го имаме под кожата и поради што поцрнуваме на сонце. -

- Тоа е пигмент - забележaв.

- Не...пигмент е она на што пишувале старите Римјани.

- Побогу жено, тоа е пергамент.

- Не, пергамент е кога некој ќе прочита или прикаже само дел од некое дело.

Почитуван Суде, претпоставувате дека немав воља да и објаснувам дека се работи за фрагмент. Отидов на тросед, легнав и почнав да читам весници. Набргу дојде мојата жена со книга во раце, ја отвори и почна да чита нешто.

- Душо, погледај: 'Сончевата тераса од рачна торба била учителка од макрото 15'.

Ја земав книгата, ја погледнав и и' реков:

- Драга моја, ова е книга на француски јазик и тука пишува
".... La Marquise de Pompadour est la Maitresse"
а тоа значи дека Маркизата од Помпадур му била љубовница на Луј 15-ти.
- Не - рече таа- мора буквално да се преведува. La Marquise е сончева тераса, Pompadour е рачна торба, La Maitresse е учителка а Louis XV е 15 макро. И потоа продолжи - јас тоа сигурно го знам, не џабе земав часови по француски и вежби со својот легионер.

- Веројатно мислиш на лекторот.

- Не, лектор е еден грчки херој.

- Тоа беше Хектор и беше Тројанец.

- Не, Хектор е мерка за површина.

- Мерка за површина е хектар.

- Не, хектар е пијалок за Боговите.

- Жено, тоа е нектар.

- Не е, тоа е река во јужна Германија.

- Таа река се вика Некар.

- Не знаеш ти ништо, јас уште како мала пеев во дуо за реката Нектар.

- Си пеела во дует.

- Не, дует е кога играат Милан и Барселона.

Почитуван Суде... тогаш земав чекан и ја опалив по глава. Конечно замолчи.

Судија... Пресуда...

"Обвинетиот се ослободува, јас би ја опалил со чекан по глава уште кај Хектор!"

Татко ми место да работи нешто он со колегиве си праќаат вакви глупости!:pos2:
 
18 причини зошто е супер да си маж



1. Формата на твојата задница нема никакво значење за твоето работно место.

2. За време на секс, секогаш доживуваш оргазам.

3. Во филмовите со голотија, многу почесто покажуваат жени.

4. Потрошеното време во ВЦ е за 80% пократко.

5. Ни еден од твоите колеги не може да те расплаче.

6. Никој не престанува со раскажување непристојни анегдоти кога ти ќе влезеш во просторијата.

7. Сам можеш да ги отвориш сите шишиња.

8. Кога менуваш канали на телевизорот, не остануваш на еден подолго од 5 секунди.

9. Луѓето не ги интересира какви ти се градите кога разговараш со нив.

10. Едноставно, можеш да му се тупнеш на другарот на гости, без да му однесеш "симболичен подарок".

11. Не ти е потребно да ги памтиш датумите на нечии свадби и родендени.

12. Твоите телефонски разговори не траат подолго од 30 секунди.

13. Кога некој ќе заборави да ти се јави, се' уште може да ти остане пријател.

14. Не мораш да бричиш ништо што се наоѓа подолу од твојот врат.

15. На твоето лице секогаш има само природни бои и форми.

16. Можеш слободно да си ја соблечеш маицата ако ти е жешко.

17. Продавачите во авто-салоните можат да ти ја кажат вистината.

18. Доколку на забава некој се појави облечен исто како тебе, можете да станете најдобри другари.
 
Закон, повеќето ги знаев :)

П.С. Ги чекам во PowerPoint на емаилот што ми е во профил :)
 
Имаат пројдено на главна, ама некој ги спакувал како pps :)
 
Закон, повеќето ги знаев :)

П.С. Ги чекам во PowerPoint на емаилот што ми е во профил :)
Боље ќе му дадам на чале ми маил твој па он со коегиве нека ти праќаат зошо секој ден вакви заебанции си праќаат :salut:
 
Ај и мене еден примерок на меил од презентацииве на меил. Ете ми го во профилот ми е мејлот.
 
Drunk Woman vs. Drunk Man

 
"Pismo muskarcima :
Prvi stitnik za genitalije (suspenzor) je bio upotrijebljen 1874 god. u hokeju na ledu, a prva zastitna kaciga za voznju motorom 1974 god.
Muskarcima je trebalo 100 godina da shvate da je i mozak vazan.

Potpis : zena
--- надополнето: 14 декември 2011 во 17:39 ---
Zasto su muskarci kao:

- kao Godisnji odmori Ne traju dovoljno.
- kao Banane. sto stariji, sve meksi.
- kao Vrijeme. Ne mozes nista da uradis da ih promijenis.
- kao Kava. Najbolji su oni topli, jaki i koji te drze budnu cijelu noc.
- kao Kompjuter. Teski za razumjeti i vjecito im fali memorije.
- kao Reklame. Nikad im ne treba vjerovati ni jednu jedinu rijec.
- kao Snjezne padavine Nikad ne znas kad ce doci, koliko centimetara ce biti i koliko ce trajati.
- kao Fotokopirni. Samo sluze za reprodukciju.
- kao Parkinzi. Svi dobri su zauzeti, a ostali su rezervirani
 
Жените ставаат шминка, накит, ја местат фризурата,ма сè доведуваат до најсовршен детал.А маж само ја погледнува и вика:
„Добар газe!“
 
980_296242_532984073432082_1924079633_n.jpg

--- надополнето: 24 октомври 2013 во 21:06 ---
980_1236741_551971044869973_611001431_n.jpg

--- надополнето: 24 октомври 2013 во 21:16 ---
980_arabica.jpg


980_wc.jpg
 
Па ако била позади шалтерот некоја млада „руска дама“ или ромка
и јас би ставил 2 е - Ваљда не врши проверка после таолету.
(сепак добра финта- инаку кованиците треба да се реално обратно присатни во тањирчето за наплата)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom