Vikuska
I know the pieces fit...
- Член од
- 17 јуни 2007
- Мислења
- 879
- Поени од реакции
- 7
како дополнување само: седиме во еден кафич и влегуваат двајца типови сосема исто облечени само во различна боја. двајцата носеа кошули распетлани и фала богу го отстраниле љубовниот тепих, ама за тоа пак светеа како лампиони милион посто беа со масло мачкани. носеа тесни фармерки во кои веројатно јас не би дишела ако би ги носела. фармерките им беа спуштени до под газ а носеа и боксерици кои ги кренале до папок. џигериците нормално беа дел од нивниот имиџ а згора на се' носеа апостолки и очила за сонце иако надвор одамна беше стемнето. застанаа покрај шанкот и не мрднаа ни мускулче се додека не пуштија една песна од типот "pijem na eks". е ај после не пиј да те видам!