Обожавам препаративна козметика, дома имам мнооогу, и тоа што користам, а и друго да се најде онака
Препаративна козметика најчесто ми е на Лаш,дека на природна база.
Крема за лице Gorgeous, чистач за лице Dark Angels и Angels on bare skin. Тоник за лице tea tree water.
Ocean salt за темелен пилинг на лицето. Маската од билки им ја користам, а и домашни на природна база. Сите погодни за комбинирана кожа, ја матираат, светнуваат до совршенство.
За коса користам тврди шампони за регулирање на скалпот, а регенератор и маска од total repair колекцијата на Лореал.
Од козметика, руменила имам од речиси сите брендови омилени на Дебора Милано (rosa pesca). Пудра Estee Lauder double wear, Bourjois Flower perfection. Коректор, Артдеко камуфлаж и Estee lauder double wear. ББ крема, Estee Lauder day wear.
Артдеко illuminating powder како хајлајтер и компактна пудра high definition
Бронзер- delice de poudre Bourjois
Маскара Loreal voluminous million lashes excess, сенки Chanel - seduction, winter nights, артдеко и уште две палети, ама ретко ги користам, туш на Gosh, моливи за очи Ревлон Колорстеј
Кармини, сјајеви Bourjois - framboise tonic, transparent oniric,fuchsia cosmopolite
Парфеми имам еден куп, купувам се што ќе ми дојде при рака. Омилени d&g - the one, Versace - bright crystal, Chanel no 5