Гинис Светски Рекорди!

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Сигурен сум дека скоро сите сте слушнале за оваа книга. Во неа се опфатени рекорди од најразлични области. Нема човек кој не посакал неговото име да се најде на тоа скапоцено парче хартија. Има најразлични верзии и таа постојано се надополнува. За да сме во тек и да ги знаеме новите рекорди, дојдов до идеја да отворам ваква тема. Значи замислата е секој ден да се пишува макар по еден гинисов рекорд или пак ако некој го интересира некој посебен рекорд, јас да се потрудам да го најдам.
 
Еве да ја отворам темата со еден од поновите рекорди.

89 годишен старец од Италија, успеал да се искачи на планинскиот врв висок 2.914 метри. Иако наближува неговиот 90ти роденден тој сепак изјави дека се чуствува како тинејџер. Во овај негов несекојдневен потфат му помагнало неговото семејство кое постојано го следело за време на искачувањето.


Истотака еден од поновите рекорди е и рекордот на американецот Џои Цеснат кој за 12 минути успеал да изеде 66 ход-дога. Тој го подобри минатогодишниот рекорд кој изнесувал 63 изедени хот-дога поставен од јапонецот Такахари Кобијашија.


Па ајде ако сакате да дознаете некој Гинисов рекорд слободно прашајте. Ќе се потрудам да ви одговорам.


Поздрав.
 
Najskap Mini Moris
Unikatnata mini-limuzina sto ja naracal Rover, a ja napravile vo Zjon Kuper gerizjis (Velika Britanija), bila prodadena za rekordni 50.000 funti vo septemvri 1997god. Avtomobilot so dve vrati ima muzicki system Alpina so minidiskovi, koj cini 8.000 angliski funti, a samo sedistata na avtomobilot cinat 6.000 angliski funti.

Najstarite Sijamski bliznaci
Najstarite zivi sijamski bliznaci se Masa i Dasa Krivosljapovi od Moskva, Rusija, koi se rodeni na 04.01.1950 god. Dasa i Masa se soedineti bliznaci dicephales tetrabrachius bipus sto znaci deka imaat odvoeno tela no imaat samo dve noze.


 
Eве уште едно пресно рекордче.

Во малиот мексикански град Дуранго улиците денес беа полни со луѓе. Немаше некој фестивал, нешто сосем друго се случуваше. Граѓаните на Дуранго се обидуваа да влезат во Гинис готвејќи ја најголемата супа. Тоа не е обична супа туку како што знаете мексиканците во се мора да стават некои лути зачини, па затоа за време на готвењето сите биле насолзени од мирисот од чилито и кромидот. За да го срушат стариот рекорд требаше да направат супа која ќе ќе го победи 5. 045 литаркиот гулаш од Романија. Сепак успеаа во тоа - 5.350 литри, изнесува новиот рекорд. За да го изведат овај потфат беше дизајниран посебен сад, кој наликуваше на летечка чинија:) И сепак на крајот иако со маки успеаја да ја зготват најголемата супа на светот.

Мексиканците биле толку добри па еве дури и го оставиле рецептот.:):pos::pos:
Ако го сакате пробајте да ја зготвите оваа мексиканска супа...проблем е тоа што ќе ви бидат потребни:

182 кг лути пиперки
100 л масло за готвење
2 тона телешко месо
36 кг лук(исецкан)
530 кг кромид(исецкан) ...омг:(
27 кг посебен лут мексикански зачин
16.7 кг пипер
53 кг сол
иии некаде околу 3 000 л вода или ако сакате посликовито 70 кади полни со вода:pos:

ќе го загреете тавчето со масло после го додаввате месото...се пржи дури не добие кафеава боја. После додадете ги пиперките и зачините и мешајте, на крај додадете вода(можи едно црево од хидрант да си пуштите:)). И мешајте пак на тивок огин. То е то:pos::pos::pos:


пааа ајде има доброволец да ја направи супава:pos:


Едит
заборавив слики да ставам

Летечката чинија
070716_durango_1.jpg


Кромид....530 кг кромид... има цела недела да плачат тие што го секцаа:pos:

070716_durango_4.jpg


ИИиии конечно готова е.... послужете се:)
070716_durango_6.jpg
 
Еве,јас,како голем обожавател на книгиве,за жал ја имам само од 2001 година,може да се каже дека сум ја прочитал целата,освен некои страници и рекорди кои ми биле глупи и сум мислел дека не заслужиле да се најдат во ваква книга. Не сум сигурен дали новата Книга на рекорди излезе годинава,или другата година,ама знам дека немам чуено збор за неа,како и да е. Еве јас за тие кои ја немаат книгата или не сакаат да трошат пари за неа,ќе пишувам исечоци од страните,т.е. рекордите кои ми се поинтересни. Почнав со голем процент на рекорди од првиве страни,ама ќе намалам дека тешко е да се испише половина од книгава,а не па цела. Еве нешто околу најмладите,и најстарите луѓе кои се нашле во "Книгата во кој секој би сакал да се најде" :)

Рани стартери

-Најмлади добитници на олимписки златни медали
Најмладиот добитник на олимписки златен медал е едно момче од Франција – чие име веројатно било Марсел Депај кој бил кормилар на еден холандски пар во Париз,Франција,во 1990 г. Не бил постар од 10 години и можеби имал само седум години кога го заменувал главниот кормилар.
Најмладиот женски шампион е Ким Јун-ми од Јужна Кореа. Кога имала само 13 години и 85 дена се натпреварувала во штафетно брзо лизгање на кратки паетки од 3000 метра во 1994 година. Најмладата победничка на олимписки натпревар е Марџори Гестринг(САД) која освоила титула во скок во вода од трамбулина кога имала 13 години и 268 дена,на олимписките игри во Берлин,Германија,на 12.08.1936.

-Најмлад лекар
Баламурали Амбати од Холис Хилс,Њујорк,САД,станал најмладиот лекар на светот на 19.05.1995 година кога дипломирал на 17 години на медицинското училиште Маунт Синај во Њујорк Сад.

-Најмлади дипломци
Мајкл Кирни почнал да студира на колеџот Санта Роса јуниор Калифорнија,Сад,за научен соработник во септември 1990 година кога имал само 6 години и 7 месеци. Станал најмладиот дипломец на светот во јуни 1994 година кога дипломирал антропологија на универзитетот на Јужна Алабама,Сад,на возраст од 10 години и 4 месеци. Татхагат Аватар Тупси од Њу Делхи,добила магистерска диплома по физика на Универзитетот во Патна,Индија,на возраст од 12 години и 2 месеци,на 28.11.1999 година.

-Најмлад судија
Џон Пејтон имал 18 години и 11 месеци кога ја презел службата на судија за прекршоци од Плано,Тексас,САД,во јануари 1991 година.

-Најмлад софтверист
Рој Нерански(Израел) имал 13 години кога неговата софтверска комерцијална програма кртанс 95та била објавена во Мак-Шевит МЛ. Програмата била наменета да им помогне на децата во ракувањето на Виндоус 95.

-Најмлад диск-џокеј
Левелин Овен од Кингс Крос,Лондон,Велика Британија,познат и како Ди Џеј Вели,бил диск-џокеј во лондоинскиот клуб Д Ворп на 01.05.2000 година кога имал 8 години и 70 дена. Заработувал по 125 англиски фунти на час,стандардна плата за диск-џокеи. Планирано е да организира многубројни средби во Велика Британија и во Парис,Франција по јуни 2000 година

-Најмлад консултант во супермаркет
На 15 април 2000 година синџирот супермаркети Теско објавил дека го вработил седумгодишниот Лори Слитор од Хертс,Велика Британија,да ги советува вишите извршители на модната лудост Поукман што ја освои земјината топка. Лори добива производи на Покемон за возврат за своите услуги.

-Најмладиот играч на голф што постигнал гол со еден удар
Најмладиот играч на голф што постигнал погодок со еден удар е Метју Дрепер(Велика Британија). Имал 5 години и 212 дена кога го поставил рекордот на 112 м четвртина во Клубот за Голф, Червел Еџ,Оксон,Велика Британија,на 17.06.1997.

-Најмладиот брачен пар
Во 1986 година единаесетмесечно машко бебе се оженило за тримесечно женско бебе во Аминпур,во близина на Пабна Бангладеш. Бракот бил склучен за да се стави крај на дваесетгодишната караница за фарма меѓу семејствата на децата.

-Најмладиот светски шампион во скокање во вода главечки
Фу Мингксија(Кина) имала 12 години и 141 ден кога ја освоила светската титула за скокање во вода од платформа во конкуренцијата за жени во Перт,Западна Австралија на 04.01.1991 година.

-Најмлад професор
Колин Маклорин имал 19 години кога бил избран за професор по математика на колеџор Маришал,Абердин,Велика Британија,на 30.09.1717 година. Станал и професор по математика на Единбуршкиот универзитет,Велика Британија во 1725 година по препорака на сер Исак Њутн.

Златни Старци

-Најстара Маратонка Финишер
Џени Вуд-Ален од Данди,Велика Британија имала 87 години кога пристигнала на целта на Лондонскиот маратон по 7 часа,14 минути и 46 секунди. Досега учевствувала во над 30 маратони и стигнала на целта,со што заработила 30 000 англиски фунти за добротворни цели. Најстариот маж маратонец финишер бил Димитрон Јорданидис од Грција кој поставил рекорд на 98 година возраст на 10.11.1976 во Атина,Грција. Неговото време било 7 часа и 33 минути.

-Најстари Возачи
На Лејни Хол од Силвер Крик,Њујорк Сад му била издадена возачка дозвола на 15.06.1989 кога,според неа,имал 109 години. Починал една година подоцна,но според изводот на умрените тогаш имал 105 години. Мод Тал од Иглвуд,Калифорнија,САД,почнала да вози кола кога имала 91 година,откако маж и починал.

-Најстар скијач на северниот пол
Во април 1989 година Џек Макензи од Канада на возраст од 77 години се придружил на скијачка екпедиција на Северниот Пол во знак на прославите за обележување на Меѓународната година на постарите луѓе. Заедно со уште осум членови од својот тим поминал скијајќи 100 км за пет ипол дена стигнувајќи на полот на 28.04.1991 година

-Најстар Авионски Патник
Најстар човек што летал како патник бил Шарлота ХЈУЗ ОД Редкар,Кливленд,Велика Британија,која добила билет за лет со конкорд од Лондон,Велика Британија,до Њујорк,САД,како подарок за нејзиниот 110ти роденден во август 1987 година. Повторно летала февруари 1992 година кога имала 115 години

-Најстар летач во балон со жежок воздух
Флоренс Лејн од Нов Зеланд имала 102 години кога летала во балон со жежок воздух од Каст,Нов Зеланд,на 26.09.1996 година

-Најстар добитник на златен олимписки медал
Оскар Свен од Шведска бил во тимот што победил во лов на дивеч кога имал 64 години,во 1912 година. Добил и сребрен медал за истиот натпревар во 1920 година кога имал 72 години.

-Најстар атлетичар
Се верува дека Баба Џогиндер Синџ имал 105 години кога се натпреварувал во фрлање на диск на Индискиот натпревар на ветерани во атлетика во 1998 година што се одржал во Тхана,Бомбај. Бил единствениот натпреварувач што имал над 100 години

-Најстар младоженец
Хари Стивенс имал 103 години кога се оженил за 84-годишната Телма Лукас во пензионерскиот дом Каравила,Висконсин,САД,на 03.12.1984 година.


-Најстара невеста
Мини Манро била најстарата невеста на светот кога се омажила за Дадли Рејд,на возраст од 102 години,во Поинт Клеар,Нов Јужен Велс,Австралија,на 31.05.1991 година,Рејд имал 83 години

-Најдолг брак
Канадскиот ловец и трапер Џозеф Хенри Џервис и неговата жена Ани биле во брак 79 години – рекорд за жив брачен пар. Се венчале на 15.07.1921 година во Мушид,Јукон,Канада и имале 12 деца

-Најстар брачен пар што се развел
Најстар брачен пар што се развел се Сајмон и Ида Стерн од Милвоки,Висконсин,САД. Кога се развеле во февруари 1984 година таа имала 91 година,а тој 97 години.

-Најстар возач на трки
Американскиот артист Пол Њумен имал 75 години кога учествувал со ролекс 24 на Меѓународниот спидвеј Дајтона,Флорида,САД,на 06-07.02.2000 година. Неговиот тим,во кој совозачот Ганер Џинети бил стар 17 години се натпреварувал на трката за шампионската титула Порше 996-ГТ3

Aпдејт:Големи Нешта и Сила

Големи нешта

-Најголема топка од гумени ленти
Во април 1998 година Џон Бејн од Делавар,САД,направил топка од гумени ленти тешка 907,17 килограми. Лентите ги собирал во текот на својата работа во поштенската канцеларија. Топката имала опсег од 3,86 метри

-Најголема камена скулптура
Најголеми монтирани фигури се фигурите на Џеферсон Дејвис,Роберт Е. Ли и генералот Томас Џонатан Џексон што се високи 27,4 метри и зафаќаат површина од 0,5 ха на предниот дел на Стоун Маунтин во близина на Атланта САД

-Најголемо знаме
Најголемото знаме на светот е американското суперзнаме што го поседува Ски Демски од Лонг Бич,Калифорнија,САД. Неговите димензии се 154 по 78 метри и тежи 1,36 тони. Знамето го изработила Компанијата за знамиња Хамфри од ПОтстаун,Пенсилванија и на 14.06.1992 било ставено да се вее на Хувер Дем на реката Колорадо,на границата меѓу Аризона и Невада,САД. Најголемото знаме што се вее на катарка е бразилското национално знаме во Бразилија,Бразил. Има рекордни димензии од 70 по 100 метри.

-Најголем тапан
Ирскиот милениумски тапан што го дизајнирале Брејн Флеминг и Параик Бретнак,а го конструирале Бил Рајт и Симар Парсел има пречник од 4,72 метри и длабочина од 1,91 метар. Направен е од брезова шперплоча и платно за едра. Првпат се биело за него на Фестивалот Сент Патрикс во Даблин,Ирска на 13.05.1999 година,за одбележувањето на почетокот на Милениумските фестивало на Ирска

-Најголемо диско топка
Диско топката во Клубот Мејен,Лос Анџелес,Калифорнија,САД,има пречник од 2,41 метри и тежи 138 килограми. Топката ја изработила компанијата Бие милениум болз од Санта Кларита Калифорнија и се состои од 6900 квадратни огледалца секое со димензии од 5x5 сантиметри.

-Најголема свеќа
Свеќа висока 24,38 метри со пречник од 2,59 метри била изложена на Стокхолмската изложба во 1897 година Шведска,од страна на фирмата Линдалс.

-Најдолга опашка на венчален фустан
Најдолгата опашка на венчален фустан била рекордна 204,1 метри. Била направена од Хеге Соли за венчавањето на Хеге Лоренс и Ролф Ротсет на 01.06.1996 година и ја носеле 186 деверици и девери

-Најголем филџан за кафе
Направен е во Парнасус Ивентс во Индија. Висок е 6069 метри со дијаметар од 4,26 метри и тежок е 3,6 тони. За прв пат бил изложен во палатата Бангалор,Индија на 14.08.1998 година.

-Најголем куфер
Од 7 до 15.02.1999 година тим од осум луѓе од Сејн Спортс веар,Вардоара,Индија изработиле куфер со димензии од 4,06 х 2,66 х 1,26 метри

Сила

-Најдолго спречување на авион да летне.
На 20.06.1997 година Ото Акрон(Австралија) подолго од 15 секунди задржувал два авиона да не летнат во спротивната насока. Рекордот бил поставен во Хаври Беј,Квинсленд,Австралија

-Најдолго влечење на воз
Јурај Барбатик од Словакија со голи раце влечел воз тежок 360 тони на растојание од 7,7 метри по железничката пруга во Кошице,Словакија на 25.05.1996 година. Грант Евердс(Австралија) со голи раце влечел воз тежок 201 тон на растојание од 36 метри по железничката пруга во Тирлмер,Нов Јужен Велс,Австралија на 04.04.1996 година.

-Најмногу склекови на задниот дел од шепите за еден час
На 05.03.2000 година Педи Дојл од Велика Британија постигнал рекорд од 660 склекови на задниот дел од шепите за еден час.

-Најголема тежина влечена на заби
На 09.06.1996 година Волтер Артефиј од Белгија влечел со заби по железничка пруга осум железнички вагони со комбинирана тежина од 223,800 килограми на растојание од 3,2 метри. Рекордот го поставил во Диксмуид Белгија.

-Најголема тежина крената со заби
На 31.03.1990 година Волтер Артефиј од Белгија носел со заби тежина од вкупно 281 килограм на висина од 17 сантиметри над земјата. Рекордот бил поставен во Париз,Франција.

-Најголема жонглирана тежина
Јуриј Шербин од Украин жонглирал топка тешка 16 килограми од рака во рака,100 пати на источниот самит на планината Елбрус,Русија(на надморска височина од 4200 метри) на 27.07.1995 година

-Најголема тежина крената со уво
На 17.12.1998 година Ли Јијан Хуа од Јијангшан,Кина,кренал столб од тули тежок 50 килограми што висел на држач прицврстен на неговото уво,на натпреварот за Гинисови светски рекорди:најгледани. Товарот го држел 9,3 секунди
 
Браво Спајдерчо...инаку да те информирам дека оваа години излезе последното издание на Гинис, Гинис Светски Рекорди 07. Значи од 2000 година наваму не се вика Гинисова Книга на Рекори туку Гинис Светски Рекорди. Се обидувам и јас да ја набавам, досега не сум ја сретнав во нити една книжара. Епа мило ми е што има луѓе кои се интересираат за оваа интересна појава која патем мене ме фасцинира.
 
Браво Спајдерчо...инаку да те информирам дека оваа години излезе последното издание на Гинис, Гинис Светски Рекорди 07. Значи од 2000 година наваму не се вика Гинисова Книга на Рекори туку Гинис Светски Рекорди. Се обидувам и јас да ја набавам, досега не сум ја сретнав во нити една книжара. Епа мило ми е што има луѓе кои се интересираат за оваа интересна појава која патем мене ме фасцинира.
Све исто ми е како се вика,и онака за исто служи :) Ако случајно некако најдеш информација од кај да ја набавиш,па и на англиски(уствари нема македонска верзија на книгата,значи англиски или српски...),да ме информираш :)
 
ја има кај нас во книжара,Спајдер ме чуди што не си ја видел..
и мислам дека е на македонски,ама не ме држете за збор..
 
Инаку еве апдејт уште 8 страници од гинисовата книга,отприлика ги пишувам половината рекорди од секоја тема....

Брзина
-Најбрз полумаратон во туркање бебешка количка
Најбрзо време на полумаратон во туркање количка за бебе е 1 час,49 минути и 18 секунди,а го постигнал Питер Тејлор од Велика Британија. Тој стигнал 72 од вкупно 95 финишери на Маратонот на Источен Јоркшир во Дрифилд,Велика Британија на 11 мај 1997 година
-Најбрзи тркачи со канти
Рекордот за мажи во трчање со канти го држат Шаун и Арон Вини кои поминале патека долга 110 метри за 31,1 секунда во фудбалскиот клуб Вестфилд девилс јуниор,Ланкестон,Тасманија,Австралија на 21.02.1999 година. Натпреварувачите морале да спринтаат 10 м до стационираните канти пред да бидат туркани еден по друг повеќе од 50 м на патеката. Рекордот за жени е 48,84 секунди а го постигнале Оливија и Карла Џоунс на истата средба,на истиот ден
-Најбрзи одачи на патерици
Најбрзиот одач на патерици на долго растојание за рекорд е М. Гариосоаен од Франција кој поминал на патерици 8 км од Бајон до Бијариц, Франција за 42 минути во 1982 година со просечна брзина од 11,42 километри. Најбрзиот одач на патерици на кратко растојание е Рој Луикинг од Холандија кој на 28.05.1992 година поминал 100 метри на патерици високи 30,5 секунди за 13,01 секунда во Дидем,Холандија
-Најбрз чистач на прозорци
Тери Бароус од Јужен Окендон,Есекс,Велика Британија,исчистил три стандардни канцелариски прозорци со рамки,со димензии 114,3х114,3 см за 11,34 секунди во АЈ Бевериџ,Единбург, Велика Британија на 22.07.1999 година. Употребил гумена стругалка долга 30 см и 9 литри вода
-Најбрз тркач во вреќа
Ашрита Фармен претрчала во вреќа 10 км за 1 час,25 минути и 10 секунди во Националниот парк Маунт Рашмор,Јужна Дакота,САД,на 06.08.1998 година
-Најбрз качувач на дрво
Гај Џерман се качил на врвот на дрво високо 30,6 метри со опсег од 100см и му го отсекол врвот со пила за рекордни 53,35 секунди во Албани,Орегон,САД,на 03.07.1989 година.
-Најкратко време на качување на емпаер стејт билдинг
Најкратко време во годишната трка со искалување на 1576 скалила на Емпаер стејт билдинг,Њујорк,САД,е 9 минути и 53 секунди,а го постигнал Пол Крејк од Канбера,Австралија,на 23.02.2000 година. Женскиот рекорд изнесува 12 минути и 9 секунди,а го постигнала Белинда Сожин од Австралиј,во 1996 година
-Најбрзо зборување
Стив Вудмор од Орпингтон,Кент,Велика Британија,изговорил 595 збора за 56,01 секунда,еквивалентно на 637,4 збора за една минута – на телевизиската програма на ИТВ Моторна уста на 22.09.1990 година. Само неколку луѓе можат да изговорат артикулирано со издржна брзина 300 зборови за една минута.
-Најбрзо местење на кревет
Најкратко време за местење на кревет е 28,2 секунди,а го постигнала Венди Волт од Сиднеј,Нов Јужен Велс,Австралија на 30.11.1978 година
-Најбрза летачка од хартија
На 22.09.1989 година Пете Ди Џакомо летал летачка од хартија со рекордна брзина од 193 километри на час во Оушан Сити,Мериленд,САД.
Вештина 1
-Најмногу балансирани монети
Александар Бендиков Могилев,Белорусија,направил пирамида од 880 монети врз работ на вертикално ставена монета на 15.11.1995 година. Најголем столб од монети(253) врз работ на вертикална монета изградил Дипак Сијал од Јамуна Нагар,Индија,на 03.05.1991 година. Тој балансирал индиски парички од една рупија на врвот на паричка од пет рупии. Исто така балансирал 10 монети од по една рупија и 10 монети од 10 пјастери во еден столб наизменичко вертикално и хоризонтално
-Најголем столб од домина
Ралф Лауе од Лајпциг,Германија успеал да направис толб од 555 домина врз само едно домино на 02.07.1999 година. Столбот стоел еден час.
-Најмногу балансирани чкорчиња
Најголем број чкорчиња(8146 во 351 слој) врз устинка на шише балансирал Питер Бот на 02.03.1995 година. Чкорчињата достигнале височина од 80,5 сантиметри со што Питер Бот го надминал својот претходен рекорд од 20,1 сантиметри
-Најмногу закачени штипки за алишта на лицето и вратот
Кевин Теквел од Стоук-он-Трент,Стафс,Велика Британија си закачил 116 штипки за алишта на лицето и вратот за пет минути во Хорсшу ин,Черч Лотон,Чешир,Велика Британија,на 27.09.1999 година
-Најмногу ножици за шишање коса
Дени Абергел(Дени Фигаро) од Димона,Израел може да направи фризура со седум пара ножици во една рака контролирајќи го секој пар ножици независно. Абергел почнал да користи повеќе парови ножици во 1997 година и сега редовно употребува по седум пара ножици во својот салон во Димона. Тој тврди дека таквата техника му овозможува да креира поинтересни фризури.
-Најбрзо стрижење овци
Годфри Боуен(Нов Зеланд) истржиал шевиотска овца за 46 секунди на Ројал хајленд шоу во Данди,Велика Британија во 1957 година.
-Најмногу убиени комарци
Рекордот од 21 убиен комарец за пет минути го поставил Хенри Пелонпа на Светскиот шампионат на убивање комарци во 1995 година во Пелкосениеми,Финска.
-Најмногу вртења на хулахоп
Најмногу хулахопи(82) вртела меѓу рамената и колковите Лори Лин Ломели(САД) во Атлантис казино рисорт,Рено,Невада,САД,на 05.08.1999 година. Секој обрач направил по три целосни обрти околу телото.

Вештина 2
-Најдолго прескокнување преку буриња
Најдолгото прескокнување преку буриња(18) за рекорд е 8,97 метри и го извел Ивон Жолин во Теребон,Квебек,Канада,на 25.01.1981 година. За да се добие брзината што е потребна за прескокнување на ваквото растојание,натпреварувањето мора да се изведува на мраз со лизгалки. Рекордот за жени е 13 буриња,изнесува 6,84 метри и го постигнала Мари-Џоси Хул во Ласал,Квебек,Канада на 01.03.1987 година.
-Најмногу исцеден отров од змија
Во текот на повеќе од 14 години,од 1951 до 1965 година Бернард Кејтер надзорник во Јужноафриканскиот институт за медицински истражувања во Јоханесбург,Јужна Африка измолзел рекордно 3960 литри отров од 780 000 змии отровници. Никогаш не бил каснат.
-Најмногу меморирани броеви
На 06.01.1999 година Герт Митринг од Германија успешно изрецитирал 27 случајно одбрани едноцифрени броеви од сеќавање во правилен ред по блицното појавување на броевите на екран за три секунди. Рекордот бил поставен во Келн,Германија
-Најбрзо комплетирање на рубикова коцка
Виетнамскиот бегалец Минх Тај победил во Светскиот шампионат во Рубикова коцка во 1982 година што се одржал во Будимпешта,Унгарија,со време од 22,95 секунди
-Најдолго време на предење
Хол Греам(САД) предел 2 часа,52 минути и 11 секунди пред работ на преденото да ја допре земјата во Вудсток хај скул,Џорџија,САД,во декември 1998 година
-Најдалечно фрлање на карта за играње
Џим Карол од Северна Катасауква,Пенсилванија,САД, фрлил стандардна карта за играње на далечина од 61,26 метри во колеџот Маунт Ајда,Масачусетс,САД,на 18.10.1992 година
-Најмногу хамбургери ставени во уста
Џони Раиц(САД) успеал да си ја наполни устата со три стандардни хамбургери(вклучувајќи ги кифлите и зачините) на Гинисовите светски рекорди:најгледани во Лос Анџелес,Калифорнија,САД,на 17.06.1998 година. Не смеел да голтне ниедно парче од хамбургерите.
-Најдолго тркалање на топка зорб
Рик Ели од Велика Британија,го поминал најдолгото растојание во топка зорб со едно тркалае(323 метри) во близината на Глинд,Источен Сасекс,Велика Британија на 10.05.1999 година. Топката достигнала рекордна брзина од 50 километри на час.

Издржливост 1
-Најдолго време поминато на дрво
Бангкас се качил на палма во индонезиското село Бенгкес во 1970 година и оттогаш живее таму во гнездо што го направил од гранки и лисја. Постојаните обиди да се убеди да слезе долу се безуспешни
-Најдолго седење покрај зид
Рајкумар Чакраборти од Индија седел исправен покрај зид 11 часа и 5 минути во спортскиот хостел Панпот,Роуркела,Индија,на 22.04.1994 година
-Најдолго стоење во место
Најдолго време на непрекинато стоење во место(повеќе од 17 години) поминал свами Мауџгири Махариџ од Индија меѓу 1955 година и 1973 година изведувајќи тапасја(покајание). Кога спиел,се потпирал на талпа.
-Најдолг маратон на диск-џокеј
Диск-џокејот Алберт Вирхиус од Холандија кој работи за Радио Лое,пуштал плочи во Елбург Холандија,60 часа,од полноќ на 24.04.2000 година до 12 часот напладне на 26.04.2000 година
-Најумен железнички патник
На 19.01.2000 година Фахрудин Такула од Индија патувал во Бомбај до Њу Делхи Индија со билет што го купил на 15.07.1973 година,26 години и 6 месеци порано. Такула неограничено ги користел услугите за резервација што му ги понудла управата на индиската железница за да присуствува на прославите за одбележување на 50-годишнината од независност на Индија
-Најдолг танцувачки маратон
Марк и др од Лондон ,Велика Британија,танцувале 8 часа за рекорд на Танцувачката сцена на Конами,на Трокадеро,Лондон,Велика Британија,на 10.03.1999 година.
-Најдолга сесија на ракоплескање
Рекордот во непрекинато ракоплескање(просечно 160 чукања во минута) што може да се слушнат на далечина од 110 метри изнесува 58 часа и 9 минут,а го поставил В Џејарамон од Тамил,Наду,Индија,на 12-15.02.1988 година.
-Најдолг час
Часот по унгарски јазик и литература што го одржал за рекорд Саболч Залај во средното училиште Леовеј Клара,Печ,Унгарија траел 24 часа,на 18-19.056.1999 година. На часот присуствувале 34 ученици
-Најдолг бакнеж
На 05.04.1999 година Кармит Тсубера и Дрор Орпаз се бакнувале за рекорд 30 часа и 45 минути на натпреварот по бакнување што се одржал на плоштадот Рабин,Тел Авив,Израел. Во натпреварот учевствувале 107 парови.

П.С. Не верувам дека си ја видела од 2007мата...ваљда е таа од 2001вата бидејќи проверив пред две недели :)
 
Нов гинисов рекорд, ми текна на темава после 3 месеци. :pos:
Шала на страна, малце ја запоставив темава, но еве ќе се потрудам редовно да ја надградувам.




Грузиецот Лаша Патарија влезе во Гинисовата книга на рекорди со неверојатен подвиг - влечеше воен хеликоптер тежок 7.734 килограми само со левото уво.

27-годишниот Патарија го влечеше хеликоптерот цели 26 метри и 30 сантиметри. Тој е поранешен шампион во борење, а ова беше негов трет обид да го постави рекордот.
Патарија е поранешен шампион во борење.
 
-Најдолг брак
Канадскиот ловец и трапер Џозеф Хенри Џервис и неговата жена Ани биле во брак 79 години – рекорд за жив брачен пар. Се венчале на 15.07.1921 година во Мушид,Јукон,Канада и имале 12 деца

Мене ме интересира најкраток, знае некој?

Сеа брзо мислам дека еден човек го сруши последниот рекорд у неспиење, нешто повеќе за воа......?
 
-Најголем филџан за кафе
Направен е во Парнасус Ивентс во Индија. Висок е 6069 метри со дијаметар од 4,26 метри и тежок е 3,6 тони. За прв пат бил изложен во палатата Бангалор,Индија на 14.08.1998 година.
Сигурно дека тука нема некоја грешка...мислам , 6 км вискоко а само 4 ипол метра широко...ова не би било возможно ни да се изгради ,..мора да е сон мора да е грешка:smir:
 
Инаку, Македонија ја има со 3 рекорди во книгава.
Најмлад премиер - Љубчо Георгиревски
Најстар претседател - Киро Глигоров
Најмалку смртни случаи од рак - 6 на 100000
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom