Кошаркарска репрезентација на Македонија

Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Вчера мечов со Летонија го гледаше некој некаде? Или само семафор пратите?
 
M

Mario Gómez

Гостин
Владината Агенција за млади и спорт нема да организира навивачки карван за бодрење на македонската кошаркарска репрезентација на ЕП во Полска, на мечот со Грција, на 7 септември, затоа што не можела да набави влезници.

- И покрај напорите, не можеме да набавиме влезници за наши навивачи. МКФ тоа го остварила обезбедувајќи 200 влезници од организаторот и веќе ги продава преку својата туристичка агенција. Тоа исклучува секаква понатамошна можност за набавка на дополнителни билети - велат, меѓу другото, од АМС. Намерата на АМС да носи навивачи предизвика реакции во медиумите за тоа дали е во ред државна институција да се занимава со ваква работа и за одговорноста во случај на инциденти.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=62EA962161CDAE4BBC0FD18A72CD13B8

Па да му ебам кај отидоа сите влезници:toe:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Срамота ако е така. Па во Хрватска на ракомет имаше 2000 македонци ќе имаше и сега ако беа попаметни нашиве. ц ц.
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Финатата е што немаат појма новинариве... а и АМС почна да се правда откако предавниците пишуваа како не било убаво да се трошат 50.000евра за носење на навивачи во Полска за време на рецесија.

Туристичките агенции преку нет купуваат билети што се во слободна продажба т.н дневни билети.
А оние 200влезници кој што ги дале од ФИБА со тие сигурно ке идат луѓе од власта.

п.с Како што прашував во нашите агенции, има доста голема побарувачка за понудите во Полска. Онаа 219е(со која јас ке идам) како што ми кажаа парче се правело да се закаже одење во Полска.
Моја проценка е некаде 1000 до 1500 навивачи. Сепак ке дојдат многу нашинци што живеат во Полска, Германија, Русија, Данска, Норвешка, Швајцарија, Словенија, Белгија.
 
Член од
22 јули 2006
Мислења
1.265
Поени од реакции
36
Ќе може линк од некој live stream за натпреваров денес?
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.984
Поени од реакции
5.600
Срамота ако е така. Па во Хрватска на ракомет имаше 2000 македонци ќе имаше и сега ако беа попаметни нашиве. ц ц.
Не е срамота... Бев во Хрватска со навивачите, уште нестигнати до граница се испијанаа, поважно им беше да направат пуш-пауза отколку да стигниме на натпреварот со Норвешка мислам дека беше, а доцневме многу и стигнавме нешто пред мечот. :raz: Да не кажувам што се глупости изнаправија во автобусите, кога се вративме во Македонија автобусите личеа на плевни. Потоа, меѓусебна тепачка на наши навивачки групи, оштетени најмалце два автобуси, сите навивачки групи сакаа да ги чекаат Чкембари на Македонско-Српска граница за да ги тепаат што беа спречени од полицијата. Јас мислам дека не вреди за такви идиоти да се издвојат 50.000 евра, а и сигурен сум дека ниту еден превозник нема да се нафати да ги превезува после глупостите што ги направија за СП во Хрватска.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom