city
Модератор - технократ!
- Член од
- 1 март 2005
- Мислења
- 2.780
- Поени од реакции
- 276
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Гробница во душата[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Откако ги зарази и ги загуби жената и двете деца, Стојан и го посвети животот на кампањата за оваа лоша болест, но вели дека му е жал што се уште инфицираните во Македонија се жигосани, додека секаде во светот [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
Изолиран од околината, меѓу четири sида, на петтиот кат од една станбена зграда во населбата Точила, живее Стојан Конев, човекот кој повеќе од деценија е заразен од вирусот сида. Нема прилепчанец кој не го знае Стојан, ХИВ-позитивниот. Некои и по толку години го прекоруваат, го исмејуваат, други го сожалуваат. Тој скапо ја плати сопствената грешка или неукост. Ги инфицираше и ги загуби најблиските. Најпрвин сопругата, потоа в раце му умре синот Велјан, а по неколку месеци ја загуби и малата Даниела.
Стојан Конев со своите 48 години за себе вели дека Господ му дал живот и дека тоа му е најголемата казна. Жигосан, живее сам, напуштен и отфрлен од своето семејство, семејството на сопругата, пријателите, соседите, од колегите.
- Од 96 година, откога останав сам, човек не ми тропнал на врата, никој не дошол во станов. Вие сте втора што влегува и една новинарка од Скопје пред два месеца - вака не пречека Стојан, видно возбуден и среќен што некој му дошол дома и што може да поразговара со некого, зашто, како што вели, Прилеп е голем град, а се чувствува како да е во затвор. "Од Плетвар нагоре е поинаку, бидејќи не ме познаваат, не ме покажуваат со прст", вели Стојан.
- Таков е менталитетот кај нас. По загубата на најмилите, и се посветив на борбата против сидата, помагам во кампањата да сфатат луѓето дека има многу поопасни вируси од ХИВ-вирусот. Не обвинувам што луѓето бегаат од мене, што, освен во една продавница во градов, на ниедно друго место не можам да пазарам, што кога имав најголем проблем со децата, кои, како покосени од сидата, ми починаа в раце и што ниту гробарите не сакаа да ги допрат ковчежињата или кој било да ми даде шише вода кога беше кризата или да ме услужат да се јавам на телефон.
Стојан вели дека од трибините и од семинарите научил се за лошата болест и за последиците што ги носи: "Мака ми е што се уште не сум успеал да влијаам на околината и да ги убедам луѓето дека, како носител на ХИВ- вирусот, сум безопасен и дека сидата не се пренесува преку индиректен контакт".
"Ваков однос кон ХИВ-позитивните со вирусот на сида, освен кај нас, нема на друго место. Тоа го видов во Бугарија, а и од искуствата од земјите од Западен Балкан и од некои азиски земји, кои се презентираа на конференцијата што ја организираше невладината организација 'Партнерство за здравје' од Скопје во Маврово. Секаде во светот инфицираните живеат нормално, не се обележани како во Македонија".
Конев е упорен во својата намера и нема да се откаже. Тој е член и на соодветната комисија во Министерството за здравство и е во позиција да преговара и да бара помош од невладините организации. Тој е првиот и засега единствен во Македонија кој јавно проговорил за ХИВ-вирусот што го носи. "Сакам да убедам и други инфицирани јавно да ја кажат својата мака за потоа да можеме, обединети, институционално да ги оствариме своите права. Ако не проговорев јавно, немаше да ја добијам помошта што доаѓаше, без која децата уште порано ќе ми умреа од глад. Француската хуманитарна организација 'Еквилибар', 'Даре Џамбаз', невладини здруженија, поединци од земјава и од странство направија премногу за семејството. Ако не беа тие, немаше да живеам во овој стан, за кој ми бараа да платам 11 илјади евра, ниту, пак, ќе го имав овој мобилен телефон за комуникација. Со нивна помош ги надминав и другите проблеми и сега живеам со 5.000 денари од институцијата каде што се водам како да сум на боледување. Телевизорот ми е најголемото богатство, зашто без него си и глув и слеп. Се што имам во станот е донација од хуманите луѓе од земјава и од странство. На сите искрено им благодарам, но им забележувам на оние другите, кои дозволија лебот од хуманитарната пратка од Виница да мувлоса, наместо моите деца да се најадат, оти никој не сакаше да ни го донесе пакетот. Умреа гладни", раскажува Стојан низ солзи.
Од лани Конев прима антивирусна терапија. Тажна е приказната на Стојан, кој го донесе вирусот на сида во семејството од странство, а беше откриен во 1993 година, кога почина неговата сопруга. Случајот тогаш одекна во јавноста како прв случај на ХИВ-позитивен во Македонија и покажа дека државата неподготвена го пречека убиствениот вирус. Ни кампањите на невладините организации тогаш не помогнаа семејството на Стојан нормално да функционира. Несреќниот татко дури мораше сам да ги искова сандаците во кои сам ги закопа најмилите откако ги покоси сидата. Тој и денеска сам и пеш ги посетува нивните вечни домови, иако се неколку километри оддалечени од неговиот дом. Негова желба е откако ќе умре, да биде погребан тука, до нив, во специјална вреќа, а не преку десет гробови, каде што пред многу години купил гробно место за себе. Дотогаш прибира материјали и сака да почне да пишува книга за себе и и за се што преживеал како прв ХИВ-позитивен Македонец.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]изовор: он лајн издание на ВЕСТ од 14.07.2007
Прочитајте го текстов внимателно, и очекувам ваше мислење.
Јас приказнава ја знам од дамна, но не во детали. После ова што го прочитав морам да признаам дека сум “шокиран“.
[/FONT]