Бомба - под автомобил во населбата Аеродром. Вистинска драма се случуваше утрово во близина на салата „Јане Сандански“, како што велат од МВР.
Околу осум часот утрово во МВР стигнала пријава за подметната експлозивна направа, по што веднаш екипата за антитероризам излегла на терен.
Кога екипата на А1 пристигна на местото на настанот, единицата веќе работеше на деактивирање на бомбата. Од потреба на зголемена внимателност поради можна експлозија, камерата на А1 снимаше од поголемо растојание.
Од МВР велат дека сопственик на автомобилот марка „Сеат Леон“ е извесен Д.С. од Кочани кој подолго време престојува во Скопје.
Од МВР не откриваат повеќе детали за можните причини за поставувањето на бомбата, ниту пак со што се занимавал сопственикот на автомобилот.
За среќа се заврши без ниту една жртва, ниту материјална штета на возилото, кое екипата на МВР по успешното деактивирање на бомбата го однесе на вештачење.
A1