Оди некој човек од седумдесет и кусур години на лекар на редовна контрола. По прегледот докторот му вика:
- Вие сте сосема здрав, дали така и се чувствувате?
- Да докторе, се чувствувам одлично, а и мора да се пофалам дека мојата 25-годишна сопруга чека дете од мене и е во 3-ти месец.
- Дали сте сигурни во тоа?
- Секако докторе, зошто да не.
- Е па, чекајте да ви кажам една кратка приказна во врска со ова. Си бил еден страствен ловец и секој ден одел на лов. Но, еден ден брзајќи од дома, наместо да ја земе пушката тој земал чадор. Шетајќи така низ шумата пред него излегла мечка. Тој го грабнал чадорот, нанишанил, пукнал и ја убил!
- Ама докторе, како ја утепал мечката со чадор, мора некој друг да ја пукнал!?
- Е па видете токму тоа и јас сакам да ви кажам.