Името на Господ

N

Nephthys

Гостин
„Ако Бог беше ваш Татко, ќе Ме љубевте Мене; зашто Јас од Бога излегов и дојдов"
Дали човечкиот ум мора да биде толку примитивен да секој божји збор кој не може да го свати.го толкува во буквална смисла.Треба да ми дадеш доказ дека Библијата е напишана од Бога бидејки нејзиниот авторитет е сомнителен бидејки канонизацијата на Библијата е извршена неколку стотици години послем "распнувањето"на Исус.И сами знаеме дека десетици книги кои на друг начин ја толкуваат христијанската догма се отфрлени,па како да знаеме која верзија е вистинита!?
"А кога ќе дојде Утешителот, Кого Јас ќе ви Го испратам од Таткото, Духот на Вистината, Кој излегува од Таткото, Тој ќе сведочи за Мене"
Утешител-paraklet-Свети дух
И овде се тврди дека ке дојде друг човек кој ке "излезе од Таткото"..дали тоа значи дека е тоа негов "втор син",бидејки по аналогија на првиот цитат мора глаголот "излегува" да се толкува буквалкно како и во првата реченица.
Најди ми цитат од стариот завет кој го потврдува светото тројство!

Бидејки ако е Светото Тројство таква есенцијална догма,нешто што најмногу ни говори за Бог,зашто ни Адам,Ное,Абрахам(Авраам) и Мојсеј на ниеден начин не ни го потврдиле Светотот Тројство.
Зашто Свети Петар или свети Барнаба ..ниеден од нив двајца не тврдат дека Светото Тројство е вистина.
Зашто ниедно од евангелијата на Марија Магдалена или на Филип не ни го потврдуваат Светото Тројство.

Ако е Исус Бог во тело на човек,а знаеме дека јадел храна и пиел вода и имал физолошки потреби,дали е во тој случај возможно да се тврди дека Бог оди во тоалет(прости ми Боже)..

Свети Павле кога дошол во Ерусалим многу години послем Исус бил каменуван од Исусовите следбеници бидејки тврдел дека е бог дел од тројството.


Зборот ми беше дека не може да се каже кое е вистинското име на Бога, затоа што различни народи му припишуваат различно име.
Не е важно што различни народи му препишуваат,важно е што Бог објавил за себе.И тоа е на некој начин смислата на објавата и на пратениците,да се добие објективна вистина за Бог!
Јас можам да ставам било кое име, се додека алудирам на најсовршеното, најмудрото (и уште многу нај*) Битие.
Не можеш,можеш да ставиш име кое само Бог го објавил преку своите пратеници.
Морам на крајот да споменам дека тука станува збор за еврејскиот, христијанскиот и муслиманскиот Бог.
Што сакаш да кажеш дека евреите,христијаните и муслиманите имаат три различни Бога..или мислиш на тоа дека имаат еден а го нарекуваат со различни имиња?
 
Член од
20 јули 2007
Мислења
18
Поени од реакции
0
Nephthys напиша:
Не е важно што различни народи му препишуваат,важно е што Бог објавил за себе.И тоа е на некој начин смислата на објавата и на пратениците,да се добие објективна вистина за Бог!
Не можеш,можеш да ставиш име кое само Бог го објавил преку своите пратеници.
Што сакаш да кажеш дека евреите,христијаните и муслиманите имаат три различни Бога..или мислиш на тоа дека имаат еден а го нарекуваат со различни имиња?
Дека имаат еден Бог и го нарекуваат со различни имиња. Кое е сега правилното??? Јахве, Господ, Алах, God??? M?
Тука се навраќам повторно на претходно-кажаното, било како можеш да го наречеш, се додека се мисли на... знаеш што.

Nephthys напиша:
Не е важно што различни народи му препишуваат,важно е што Бог објавил за себе.И тоа е на некој начин смислата на објавата и на пратениците,да се добие објективна вистина за Бог!
Не можеш,можеш да ставиш име кое само Бог го објавил преку своите пратеници.
Што сакаш да кажеш дека евреите,христијаните и муслиманите имаат три различни Бога..или мислиш на тоа дека имаат еден а го нарекуваат со различни имиња?
А да, BTW, на кое име мислеше кога кажа дека го објавил преку пратениците??? Бог Саваот, Јехова...????
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Nephthys mi treba samo eden ogovor na edno prasanje
Dali veruvas deka Isus voskresnal? Samo kratok odgovor.
 
N

Nephthys

Гостин
Nephthys mi treba samo eden ogovor na edno prasanje
Dali veruvas deka Isus voskresnal? Samo kratok odgovor.
Секако ке добиеш одговор,откако ке ми одговориш на прашањата кои ти ги поставив во претходниот пост.

Дека имаат еден Бог и го нарекуваат со различни имиња.
Разбирам.

Јахве, Господ, Алах, God??? M?
Тука се навраќам повторно на претходно-кажаното, било како можеш да го наречеш, се додека се мисли на... знаеш што
Не можеш било како да го наречеш,можеш само како е објавено.
Треба да се направи разлика помеѓу божји атрибути и божјата есенција.
Нејсе,ако ќе гледаме етимолошки:Алах на старосемитски јазици(хебрејски,арамејски-јазикот на кој говорел Исус,арапски)означува потполност на божеството.
Затоа што Алах јазички е невозможно да се однесува на било што освен на врховен-единствен трансцедентален Бог(владетел на се постоечко).
Во спротивно,кога се кажува ИЛАХ(бог т.е.божество)тоа може да се однесува и на вистинскиот Бог и на сите други што завземата во човечките животи карактеристики на божество.

Јахве од друга страна е сложен збор-YA HWE што значи "О ти кој си Он" исто така се изразува Божјата трансцеденталност и невозможност за опишување,меќутоа ова не е божји атрибут односно својство,туку проба да се изрази божјата суштина колку е тоа возможно за луѓето.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Дали човечкиот ум мора да биде толку примитивен да секој божји збор кој не може да го свати.го толкува во буквална смисла.Треба да ми дадеш доказ дека Библијата е напишана од Бога бидејки нејзиниот авторитет е сомнителен бидејки канонизацијата на Библијата е извршена неколку стотици години послем "распнувањето"на Исус.И сами знаеме дека десетици книги кои на друг начин ја толкуваат христијанската догма се отфрлени,па како да знаеме која верзија е вистинита!?
Прво Библијата е напишана за нас луѓето за да може да ја разбереме.Не е напишана за да ја сватиш во буквална смисла ниту така ги поставив цитатите. Напишана е од луѓе но,(тука е главното но) под дејство на светиот дух.
Tуку ќе примите сила кога ќе се симне Светиот дух на вас: И ќе ми бидете сведоци во Ерусалим по цела Јудеа, Самарија и до крајот на Земјата". Ова се однесува на апостолите (творците на новиот завет)
Направена е селекција на книгите затоа што повеќето се повторуваат.



И овде се тврди дека ке дојде друг човек кој ке "излезе од Таткото"..дали тоа значи дека е тоа негов "втор син",бидејки по аналогија на првиот цитат мора глаголот "излегува" да се толкува буквалкно како и во првата реченица.
Најди ми цитат од стариот завет кој го потврдува светото тројство!
Бидејки ако е Светото Тројство таква есенцијална догма,нешто што најмногу ни говори за Бог,зашто ни Адам,Ное,Абрахам(Авраам) и Мојсеј на ниеден начин не ни го потврдиле Светотот Тројство.
Зашто Свети Петар или свети Барнаба ..ниеден од нив двајца не тврдат дека Светото Тројство е вистина.
Зашто ниедно од евангелијата на Марија Магдалена или на Филип не ни го потврдуваат Светото Тројство.
Гревовите на луѓето биле толку големи што немало ни еден праведен кој ќе го понесе товарот за гревовите на светот. Била потребна совршена жртва. Затоа таткото се објави во тело, во вид на Исус.
Зашто, ни се роди Дете, Син ни се даде, власта му е на рамото. Името ќе Му биде: Чудесен Советник, Силен Бог, Вечен Татко, Кнез на Мирот.
Еве самиот Исус веки дека тој и таткото се едно
„Толку време Сум со вас и не Ме позна, Филипе? Кој Ме видел Мене, Го видел и Таткото
Малахиј 3:1 пророштво за доагањето на Исус-Стар завет
...и ќе дојде одненадеж во Својот Храм Господ
Ако читаш понатаму во Бибијата ќе видиш дека над Исус се спушта Светиот дух-три во едно
Појавата на тројстовто е нужност спрема ситуацијата. Кога луѓето биле грешни во Стариот завет Господ ги казнувал(убивал). По заветот со Ное морало да се најде друга жртва т.е. Бог во тело.

Ако е Исус Бог во тело на човек,а знаеме дека јадел храна и пиел вода и имал физолошки потреби,дали е во тој случај возможно да се тврди дека Бог оди во тоалет(прости ми Боже)..

Свети Павле кога дошол во Ерусалим многу години послем Исус бил каменуван од Исусовите следбеници бидејки тврдел дека е бог дел од тројството.
"Оној, Кој се јави во тело, беше оправдан во Духот"
За крај едно од имињата на Исус е ЕМАНУЕЛ име кое дури и муслиманите го знаат-што во превод е БОГ СО ВАС-ако не постои тројство Исус не би бил Бог
 
N

Nephthys

Гостин
Прво Библијата е напишана за нас луѓето за да може да ја разбереме.Не е напишана за да ја сватиш во буквална смисла ниту така ги поставив цитатите. Напишана е од луѓе но,(тука е главното но) под дејство на светиот дух.
Tуку ќе примите сила кога ќе се симне Светиот дух на вас: И ќе ми бидете сведоци во Ерусалим по цела Јудеа, Самарија и до крајот на Земјата". Ова се однесува на апостолите (творците на новиот завет)
Да,но тоа и понатаму не дава одговор на моето прашање.На основа на што гледано од страна на науката,а не со потврда на верата можеме да кажеме дека тие верзии навистина се објавени и надахнати од Светиот Дух.И претходните пишувачи на евангелија тврделее дека се надахнати од Светиот Дух!!!Кој е тој кој има моќ да каже кои верзии се исправни а кои не се?Сакам имиња и нивна квалификација бидејки не едоволно да се каже"свети оци"бидејки е тоа доста широк поим и во почетните години на христијанството "светите оци"во најголем број на случаите биле спротивставени во учењето едни со други.
Додека подоцна не дошол Константин и на сила завел "официјална"(што не мора да значи и најисправна)слика на христијанството која btw многу потсетува денес на античката римска ПАГАНСКА религија(славењето на Божиќ пример,спореди ја идејата за тројството кај римјаните и други примери против кои се бунел дури и Св.Августин.)


Направена е селекција на книгите затоа што повеќето се повторуваат.
И во други верзии се повторува дека е Исус Божји пратеник!Ова значи не ти е никаков аргумент за оваа дискусија бидејки Светиот Дух ке "инспирира" и со тоа ќе каже се!



Гревовите на луѓето биле толку големи што немало ни еден праведен кој ќе го понесе товарот за гревовите на светот. Била потребна совршена жртва. Затоа таткото се објави во тело, во вид на Исус.
Тоа е една теорија која не можеш да ја докажеш на никој освен на своите истомисленици.Не е поентата да го повторуваш она што веќе сите го знаеме,поентата е да го објасниш она што е сомнително!

Зашто, ни се роди Дете, Син ни се даде, власта му е на рамото. Името ќе Му биде: Чудесен Советник, Силен Бог, Вечен Татко, Кнез на Мирот.
Еве самиот Исус веки дека тој и таткото се едно
„Толку време Сум со вас и не Ме позна, Филипе? Кој Ме видел Мене, Го видел и Таткото
Малахиј 3:1 пророштво за доагањето на Исус-Стар завет
...и ќе дојде одненадеж во Својот Храм Господ
Ако читаш понатаму во Бибијата ќе видиш дека над Исус се спушта Светиот дух-три во едно
Појавата на тројстовто е нужност спрема ситуацијата. Кога луѓето биле грешни во Стариот завет Господ ги казнувал(убивал). По заветот со Ное морало да се најде друга жртва т.е. Бог во тело.
Треба да се запрашаме дали тоа било единственото решение за човечките гревови?Дали Бог морал навистина себеси да се манифестира во човечки облик за потоа да биде распнат на крстот,за да ги спаси луѓето од Себе!!
Нејсе,тоа и понатаму не го потврдува примордијалниот теолошки аргумент кој ти го претставуваш а кој кажува дека Боженственоста е поделена на три еднакви дела.
Сакам да ми презентираш вистинити цитати од Стариот Завет во кој на Мојсеј,Адам,Абрахам и останати пророци блиски на Бога се обраќаат на Бог на тој начин!

"Оној, Кој се јави во тело, беше оправдан во Духот"
За крај едно од имињата на Исус е ЕМАНУЕЛ име кое дури и муслиманите го знаат-што во превод е БОГ СО ВАС-ако не постои тројство Исус не би бил Бог.
Измислија ја теологијата а подоцна смисли и име.Повторно ова не е никаков доказ,нејсе не ми објасни ако е Исус Бог како е возможно да јаде,пие и да има физиолошки потреби!

Ако пак тврдиш дека Бог се спуштил на земјата,тоа значи дека Бог се променил во просторот и времето!
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Да,но тоа и понатаму не дава одговор на моето прашање.На основа на што гледано од страна на науката,а не со потврда на верата можеме да кажеме дека тие верзии навистина се објавени и надахнати од Светиот Дух.И претходните пишувачи на евангелија тврделее дека се надахнати од Светиот Дух!!!Кој е тој кој има моќ да каже кои верзии се исправни а кои не се?Сакам имиња и нивна квалификација бидејки не едоволно да се каже"свети оци"бидејки е тоа доста широк поим и во почетните години на христијанството "светите оци"во најголем број на случаите биле спротивставени во учењето едни со други.
Додека подоцна не дошол Константин и на сила завел "официјална"(што не мора да значи и најисправна)слика на христијанството која btw многу потсетува денес на античката римска ПАГАНСКА религија(славењето на Божиќ пример,спореди ја идејата за тројството кај римјаните и други примери против кои се бунел дури и Св.Августин.)
Кредибилитетот на Библијата е замислив само во "Духот"
Но и покрај тоа, изабраните евангелија го следат патот на Исус-раѓањето, животот и смртта. Ако мислиш дека е испуштено нешто прочитај ги другите ги има околу 40-ина. Инаку селекцијата е направена од т.н. Коректориум, и се сомневам дека луѓе кои толку ревно се застапувале за својот Бог едноставно дигнале раце и дозволиле да се искирви неговто учење.
Кој Божик јас го славам ... или зборуваш општо.Јас неславам таков каков што си опишал.

Тоа е една теорија која не можеш да ја докажеш на никој освен на своите истомисленици.Не е поентата да го повторуваш она што веќе сите го знаеме,поентата е да го објасниш она што е сомнително!
Има работи во Бибилјата во кои едноставно треба да веруваш.
Нивното, објаснување пак на твоите истомисленици е како на глувонем да му опишуваш бетовенова симфонија. Не е се во опипливите докази.

Треба да се запрашаме дали тоа било единственото решение за човечките гревови?Дали Бог морал навистина себеси да се манифестира во човечки облик за потоа да биде распнат на крстот,за да ги спаси луѓето од Себе!!
Ако ти имаш некоја попаметна идеја..? Колку што сум јас прочитал немало..никој од нас не е совршен. А сите сме грешни..Во прашање е неговата љубов према тебе т.е. жртва. Инаку запишано е дека тоа Господ го направил за своја слава.

Нејсе,тоа и понатаму не го потврдува примордијалниот теолошки аргумент кој ти го претставуваш а кој кажува дека Боженственоста е поделена на три еднакви дела.
Сакам да ми презентираш вистинити цитати од Стариот Завет во кој на Мојсеј,Адам,Абрахам и останати пророци блиски на Бога се обраќаат на Бог на тој начин!
Мислам дека веќе го објаснив тоа, појавата на тројството е издејствувана од нужноста на настаните.

Измислија ја теологијата а подоцна смисли и име.Повторно ова не е никаков доказ,нејсе не ми објасни ако е Исус Бог како е возможно да јаде,пие и да има физиолошки потреби!
Еве едно постаро име кое постои пред Исус
YHWH- името со кое Господ прв пат му се обавува на Мојсеј.
Со истото име Исус им се објавува и на своите ученици.И тоа го објаснив Таткото
се објавил во тело. Секое тело има потреби.


Ако пак тврдиш дека Бог се спуштил на земјата,тоа значи дека Бог се променил во просторот и времето!
Што би го спречило Бог да направи така.Ако тој е почеток и крај.
 
N

Nephthys

Гостин
Кредибилитетот на Библијата е замислив само во "Духот"
Но и покрај тоа, изабраните евангелија го следат патот на Исус-раѓањето, животот и смртта. Ако мислиш дека е испуштено нешто прочитај ги другите ги има околу 40-ина. Инаку селекцијата е направена од т.н. Коректориум, и се сомневам дека луѓе кои толку ревно се застапувале за својот Бог едноставно дигнале раце и дозволиле да се искирви неговто учење.
Кој Божик јас го славам ... или зборуваш општо.Јас неславам таков каков што си опишал.
Запрашај се на кој на начин се случила канонизацијата на Библијата.Постои научно оправдано мислење кое кажува дека канонизацијата се случила под присила,и дека се прифакале оние мислења кои највеке се согласувале со дотогшните римски верувања.Божиќ било каде во светот,без разлика дали го слават праволсавни или католици,е во суштина превземен како идеја од паганските религии,како и идејата за Девицата и Божјиот син.




Има работи во Бибилјата во кои едноставно треба да веруваш.
Нивното, објаснување пак на твоите истомисленици е како на глувонем да му опишуваш бетовенова симфонија. Не е се во опипливите докази.
Тоа е бесмислено да му го кажеш на некој кој ти вика да му ја докажеш самата вистинитост на Библијата.Не користи КРУЖНИ аргументи од типот,верувај во Исус како Бог бидејки библијата тоа го кажува а верувај во Библијата зашто луѓето кои ја напишале се надахнати од Светиот Дух,а Светито Дух пак ја потврдува Библијата и така до вечност.
И други пишувачи на Библијата тврделе дека се инспирирани од страна на Светиот Дух па пак тврдат дека на пример Исус не е Бог ниту Божји син.Во почетниот стадиум на христијанството,постоеле безброј секти од кои секоја говорела дека е инспирирана од Светиот Дух,а тврделе сосема спротивни работи.Што е тоа што одлучува која верзија на вистината е исправна?Можеби примената на сила?На крајот не е ни важно бидејки поентата е јасна-гледано објективно во четирите свети книги е многу тешко да се верува дека е пренесено веродостојно се она што Исус го говорел и работел.



Ако ти имаш некоја попаметна идеја..? Колку што сум јас прочитал немало..никој од нас не е совршен. А сите сме грешни..Во прашање е неговата љубов према тебе т.е. жртва. Инаку запишано е дека тоа Господ го направил за своја слава.Мислам дека веќе го објаснив тоа, појавата на тројството е издејствувана од нужноста на настаните.
Повторно користиш КРУЖНИ аргументи!Прво докажи ми дека е Исус Господ,па послем докажи ми дека е распнат на крстот за да не спаси од гревовите и во своја слава да воскресне.И прашање е повторно дали човечкиот грев бил толку голем за да мора Господ самиот себе да се распне!



Еве едно постаро име кое постои пред Исус
YHWH- името со кое Господ прв пат му се обавува на Мојсеј.
Со истото име Исус им се објавува и на своите ученици.И тоа го објаснив Таткото
се објавил во тело. Секое тело има потреби.
Дали ти тоа богохулиш до тој степен што кажуваш дека Господ одел во тоалет?!?!

Што би го спречило Бог да направи така.Ако тој е почеток и крај?
Еве што би го спречило.
Господ објавил кога го создал просторот и времето дека е Он жив и дека никогаш не умира.Дали е возможно Господ да се умртви самиот себе и никако да не постои?Гледано од страна на тоа дека Бог е свемоќен-може.Дали тоа ке се случи?Не,нема да се случи бидејки тоа е негација на Неговиот првобитен принцип кој важи за него без разлика дали светот постои или не.
Исто така Бог објавил за себе дека е ТРАНСЦЕДЕНТАЛЕН,дека е Совршен и изнад се створено,дека е изнад просторот и времето.Со самото тоа ако Бог се умртви ке се негира самиот себе!
 

a n g e l c e

^ Poison Girl ^
Член од
25 јануари 2007
Мислења
1.202
Поени од реакции
5
леле nepthys :blabla::blabla::blabla: не отече со тие твои муабети навистина ако до толку саскаш докази оди во црква и распрашај се за се што те интересира и таму ке ти дадат Библија и разни докази па можеби тогаш ке можеш да се смириш малку


инаку за името на Господ мислам дека нема име туку се нарекува само Господ, па ако може некој од вас да контактира со некој што има подобри познавања во врска со ова по можност свештеник нека ни каже и нам
поздрав
 
N

Nephthys

Гостин
леле nepthys не отече со тие твои муабети навистина ако до толку саскаш докази оди во црква и распрашај се за се што те интересира и таму ке ти дадат Библија и разни докази па можеби тогаш ке можеш да се смириш малку
Tи ма ако имаш нешто да кажеш во врска со горенаведеното кажи,ако не нема потреба од твојот глупав коментар,нејсе ако навистина си прочитала се што имам напишано и си отекла до тој степен ке сватеше дека е апсурдно воопшто да прашувам свештеник,кој btw нема потреба да ме смирува бидејќи воопшто не сум вознемирена.Ако ти сакаш да живееш во илузија живеј,и остави ги другите да ја бараат вистината!Ignorance is a bliss!
А и не памтам дека вопшто на некој начин те цитирав или ти се обратив на тебе,дебатата ја водев и планирам да ја водам со луѓе кои имаат некое знаење во врска со темата,во овој случај со Маrcus.
 

a n g e l c e

^ Poison Girl ^
Член од
25 јануари 2007
Мислења
1.202
Поени од реакции
5
Tи ма ако имаш нешто да кажеш во врска со горенаведеното кажи,ако не нема потреба од твојот глупав коментар,нејсе ако навистина си прочитала се што имам напишано и си отекла до тој степен ке сватеше дека е апсурдно воопшто да прашувам свештеник,кој btw нема потреба да ме смирува бидејќи воопшто не сум вознемирена.Ако ти сакаш да живееш во илузија живеј,и остави ги другите да ја бараат вистината!Ignorance is a bliss!
А и не памтам дека вопшто на некој начин те цитирав или ти се обратив на тебе,дебатата ја водев и планирам да ја водам со луѓе кои имаат некое знаење во врска со темата,во овој случај со Маrcus.

ЛЕЛЕ ИЗВИНИ ШТО ПОСТОЈАМ !!!
Ова тема е отворена за сите членови а ти ако сакаш да дискутираш со Маркус имаш ПП или МСН ако не си знаела. овде множеш да пишуваш неколку твои основни мислења а не да даваш реплики за се и за секој кажан збор. Ако ја бараш вистината овде дефинитивно неможеш даја најдеш зашто ќе немаш докази ... така да ти пак ја барај вистината и доказите :pos2::pos2:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Боже :pop: папанјазиа сте направиле од темата. Докази докази...
Библијата е само добра книга од почетокот на оваа ера. Прирачник за воспитување деца. Ако ве мрзи да ја читате цела, сфатете ги 10 те заповеди и применувајте ги.
Кое е името на Господ? Немам поим :toe: Но вие добри познавачи на религијата претпоставувам сте и верници. А со целава оваа дебата кршите едно од божјите правила, како што јас го прекршив на самиот почеток на овој пост.
Господ е безимен. Не е личност, да има име. Тој е имагинарна именка, не постои. Господ е вербата, секој доказ за тоа како се вика е фалсификат. Господ не е замислен да има име.
 
N

Nephthys

Гостин
ЛЕЛЕ ИЗВИНИ ШТО ПОСТОЈАМ !!!
Извинето..
Ова тема е отворена за сите членови а ти ако сакаш да дискутираш со Маркус имаш ПП или МСН ако не си знаела. овде множеш да пишуваш неколку твои основни мислења а не да даваш реплики за се и за секој кажан збор. Ако ја бараш вистината овде дефинитивно неможеш даја најдеш зашто ќе немаш докази ... така да ти пак ја барај вистината и доказите :pos2:
Според тебе самото постоење на форумов е бесмислено и апсурдно бидејќи од него според тебе "не може да се научи ништо".
И не знам кој фактор си ти да кажуваш дали имам право да давам само основно или аргументирано мислење..мислам кој фактор си ти да ме цензурираш,damn комунизмот одамна помина.
:vozbud:
 

a n g e l c e

^ Poison Girl ^
Член од
25 јануари 2007
Мислења
1.202
Поени од реакции
5
Извинето..

Според тебе самото постоење на форумов е бесмислено и апсурдно бидејќи од него според тебе "не може да се научи ништо".
И не знам кој фактор си ти да кажуваш дали имам право да давам само основно или аргументирано мислење..мислам кој фактор си ти да ме цензурираш,damn комунизмот одамна помина.
:vozbud:

:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2: срце ти бараш докази а доказот треба да го видиш со сопствени очи

ја незнам кој фактор ти се замислуваш
мислам дека не вредиш до толку да ти објаснувам и да пишам на форумов постови за тебе не си достојна/ен до толку

лугево не морат да ги читат нашиве постови
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.778
Поени од реакции
8.228
Името на Господ е темава.Значи доказот ќе го видиме пост-мортем?
Ние луѓето не сме никаков фактор и сме мали и никакви,ама имаме право да се трудиме да бидеме повеќе од тоа.Тој кој не се интересира за сопственото потекло и името на неговиот создавач....тој е глупав.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom