Никој не вика да ги првиме енглези, туку укажувам на тоа дека со тоа се овозможува порано апсолвирање на еден странски јазик еве јас на 15 години го апсолвирав, и веднаш потоа продолжив да учам германски, и кога се префрлувава во гермнаија да студирам ми фалеше уште малку еве да речеме уште една година која се замени со еден семестар во гермнаија, бидејќи кога со во земјата многу побрзо се учи јазикот. И со други зборови да го завршев англискиот една година порано немаше да изгубев цела година студирање ради јазикот.
Освен тоа знаеш и ти дека во денешниот свет кога комуникацијата помеѓу луѓето од технички аспект се одвива супербрзо и без пречки, што ја остава само јазичната бариера, а колку повеќе странски јазици знаеш толку подобро, бидејќи познавање на јазик е бесценето богатство, и не, немораш да бидеш роден талент за да знаеш три -четири странски јазици. Еве со ваквото почнување на изучување на англискиот уште од прво одделение, многу се добри шансите за 8 години да се апсолвира јазикот, особено што сите филмови кај нас се титлувани што ја создава можноста секојдневно да се слуша јазикот, како и големо количество на материјалите што се на интернет се на англиски, така да и од таа страна се создаваат тие реални шанси за апсолвирање на англискиот јазик во основното образование исто како што јас го апсолвирав за седум години идење во приватно, за да се отвори можноста за втор странски јазик да се изучи во средно. А од лично искуство ти кажувам дека за мојот прв странски јазик (англиски ми требаа 7 години) за вториот (германски) ми требаа 3,5 години, а сум сигурен сега доколку сега имам време да фатам поинтензивно да учам да речеме шпански дека за 2 години ќе го апсолвирам.
Дали ми ја разбираш поентата? колку порано толку подобро бидејќи после изучувањето на друг странски јазик иде многу побрзо без разлика дали човекот е талент или не, бидејќи јазик е само вежбање и вежбање односно слушање, говорење, читање и пишување на тој јазик а не некоја логичка проблемтаика која треба да ја мозгаш, јазик едноставно се учи, јазик не се разбира затоа и децата можата јазици како малки многу лесно и брзо да учат додека за логички проблематики како математика, физика, хемија им треба време за развивање на способноста за размислување.
Кога би ти е понудено да се придобиеш со едно бесценето богатство како јазикот и тоа на сосема безболен начин ли би направил се тоа да го сториш што е можно побрзо?
И немој да тргнуваш од твоја моментална гледна точка дека секој дополнителен предмет е дополнително замарање, бидејќи сигурен сум дека до кај четврто или петто одделение не си ни бил свесен дали тоа што го учиш ти било премногу или не, едноставно си го учел, исто како што тоа беше кај мене, како и кај сите останатаи тука на форумов.
А искрено сум изненаден од непознавањето на способностите на детскиот ум од страна на голем дел од членовите на форумов.