Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.098
Во полициската станица Автокоманда треба да биде донесен директорот на ОХИС Јорго Ќука. Уапсен е под сомнение дека ја злоупотребил службената положба и ОХИС го оштетил за скоро милион евра.
Според информациите од МВР, Ќука во својство на претседател на Управниот одбор на ОХИС, без дозвола и знаење на останатите членови, ставил во залог акции на ОХИС во „Комерцијална банка“ во вредност од околу 1 милион евра.
Акциите биле гаранција дека фирмата „Ај Си Ен Фарм“ ќе го врати земениот кредит од „Еуростандард банка“. „Ај Си Ен Фарм“ не го вратила кредитот и „Еуростандард банка“ станала сопственик на акциите на ОХИС во „Комерцијална банка“.
Инаку долгогодишниот директор на ОХИС, Ќука, бил приведен попладнево на работното место. Полицијата го уапсила пред капијата на ОХИС.