Bratot
Стоик и Машкртник!
Секако дека има избор... со тоа што кога ќерка му е боса и гладна изборот е да остане боса и гладна или да стори нешто незаконско па дури и глупаво за ќерка му да не биде веќе боса и гладна. Љубовта на родителите кон своите деца е(претпоставувам) единствената безусловна која постои.
Се сложувам со ова. Доколку во прашање ми е семејството не би се двоумел, тоа е на прво место.
Меѓутоа се гадам од алчни луѓе, способни на друг да му наштетат за да профитираат.
Најчестиот конфликт се јавува кога сакаме да заработиме што повеќе а на најбрзиот начин, тогаш лесно се преминува границата и мислам дека сите луѓе се свесни за тоа. Сепак повеќе работи влијаат на личното чувство и одговорност, кај секого различно.
Последен пат почувствував гадење од човек кој што го сметав за пријател,а сепак тој си ги стави своите лични крајно ниски интереси пред една заедничка многу поголема и чиста цел.