Сонови, толкување на сонови

M

Mario Gómez

Гостин
Па цело време сонувам една девојка(не би открил која).Таа доаѓа во мојот град и си поминуваме супер..Дали ќе се оствари!!
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Сонував дека прво нешо ми купиле црни патики, ама имало нешо како црвена ружа на нив и на ружата имало крв.
Исто после сум сонвела дека најдобрата другарка дошла целата расплакана дома и ми рекла да му речам на дечко и да дојди да се збогуваат зошто си заминувала таа... и цело време останатото беше плачење во сон и разочарување..

нешо имат некакво значење комшмаров:?
 

Дрндалче

...никад не запира...
Член од
11 јануари 2009
Мислења
837
Поени од реакции
338
:toe:вчера сонував како сум била облечена у црвен дооолг фустан, сум носела црни високи штикли и као сум била у рамстор,а не беше рамстор ме сликале за фотосесија некоја (а упоште не сум манекенка у приватен живот) и као ме терале по тие скалите да праам пози... шо значи??? и памтам дека цел сон се осеќав као збунето, као важно...
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.727
Поени од реакции
19.890
Сонував дека прво нешо ми купиле црни патики, ама имало нешо како црвена ружа на нив и на ружата имало крв.
Исто после сум сонвела дека најдобрата другарка дошла целата расплакана дома и ми рекла да му речам на дечко и да дојди да се збогуваат зошто си заминувала таа... и цело време останатото беше плачење во сон и разочарување..

нешо имат некакво значење комшмаров:?

Некој возбудлив настан те очекува...

:toe:вчера сонував како сум била облечена у црвен дооолг фустан, сум носела црни високи штикли и као сум била у рамстор,а не беше рамстор ме сликале за фотосесија некоја (а упоште не сум манекенка у приватен живот) и као ме терале по тие скалите да праам пози... шо значи??? и памтам дека цел сон се осеќав као збунето, као важно...

Мака ќе си имаш..
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Што значеше бакнеж во образ? Ама јас сум бакнала. :)
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Чуден сон.Никогаш посакувана професија.Се сонував како војник, командантка поточно.Сум била во касарна со други војници, тие само чекале мои наредби.На почетокот бев збунета кога се најдов таму, а потоа почнав да давам наредби, да ги праќам војниците на разни места, да им кажувам што да прават и притоа сум се издеравала.Што може ова да значи?
 

kod

Член од
2 април 2008
Мислења
1.113
Поени од реакции
86
Сонував како во една мала куќичка седевме со дечко ми и дојдоа некои луѓе, 15-20 луѓе и сите беа голи. Јас и дечко ми стоевме настрана и бевме зачудени, а луѓето си правеа забава, имаше гласна музика и сите беа расположени.
Што би можело да е ова?
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.727
Поени од реакции
19.890
Чуден сон.Никогаш посакувана професија.Се сонував како војник, командантка поточно.Сум била во касарна со други војници, тие само чекале мои наредби.На почетокот бев збунета кога се најдов таму, а потоа почнав да давам наредби, да ги праќам војниците на разни места, да им кажувам што да прават и притоа сум се издеравала.Што може ова да значи?[/quot

Авторитет од некој?

Сонував како во една мала куќичка седевме со дечко ми и дојдоа некои луѓе, 15-20 луѓе и сите беа голи. Јас и дечко ми стоевме настрана и бевме зачудени, а луѓето си правеа забава, имаше гласна музика и сите беа расположени.
Што би можело да е ова?

Непријатности некои.. или ќе се разболиш, не е убаво голотии на сон брррр....
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Ај пак да си прашам:pipi:
Сонував дека сум се качувала по скали зошто ми било страв да се возам со лифт, ама после ме бркал директорон на гимназијана :)pos2:) и сум морала нешо одма да слегвам со лифт...
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.730
Поени од реакции
9.716
Сонував коа се шетам со едно непознато дете (на моја возраст, може година две помало од мене) покрај обала, мрачна обала. Темно беше езерото, морничаво. Само бандери кои осветлуваа имаше по кејот.. Расположењето у сонов беше онака, нормално се додека на шала не го туснав детето, и за малце не падна у езерото. Од тогаш стана поморничав сонот. Продолживме да одиме понатаму, и го прашав ја од кај има најубава гледка кон езерото, и тој ми рече од балконон, притоа покажувајќи во една мрачна куќа... И тргна да влезе накај неа, ми рече дојди. Испадна негова била. И влеговме внатре, и излегов на балкон ја, и го глеав мрачното езеро... и толку. :)

Шо значи...? :toe:
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.373
Поени од реакции
25.128
Малку е смешен постов ама жими све не го пишам ова на заебанција, стварно се потресов.
Вака:
бевме јас и еден мој добар другар, навечер се шетавме покрај некоја река... или бара, така нешто беше. И видовме едно дете седеше во еден двор од куќа, тука блиску до реката, ама беше некако ко гревче.
И јас ојдов, се сожалив на него, многу жални фаци праеше детево. Беше 7-8 годишно, а неговата фаца ми се покажа толку јасно во сонот... а никаде не сум ја видел претходно.
И тоа си замина негде, а другаров ја заклучи вратата од куќата за детево да не влезе пак, и клучот го фрли во реката и ние почнавме да бегаме.
Ама јас почнав да се осеќам многу неубо во сонот... ко со мачнина нешо дур бегав.
Аууу језиво, се надевам Луси Лу ќе го протумачит:)
 
B

black angel

Гостин
sonuvav kako sum go zemala vnuk mi kako bil bebe i sum go setla kaj mene po podrum tamu nekoi luge pravele rituali nekoi i koga sum go videla vnukmi toj bil macka i celo vreme me grebese i begase od mene.posle toa sum zboruvala so nekoja devojka od forumov i znam mu vrtev na deckomi ama ne bese toj broj a jas uporno bev.znaci neso?
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Авторитет ќе да е.Ме удри unsuddenly.
Него, сонував дека сум се разболела од нервози и цело време сум била таква млитава.Во вториот сон пак, се видов како ме влечат пламени јазици, од половина надоле веќе ме голтаат, а јас се обидувам да се извлечам.Any answer for this one honey?:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom