Македонија Ѓ.П.-Напредок 1:0 (1:0)
1:0 Благоја Милевски 3 мин.
Голот го даде Благоја Милевски, кој полусезонава дојде од редовите на Цементарница 55. Играше на времето во Македонија Ѓ.П. пред едно 8 години, тогаш од Ѓорче направи трансфер во Ашдод (Израел), а после него во Израел отиде и Жарко Серафимовски.
Интересна беше утакмицата, а ветеранот во редовите на Напредок, Антонио Нически промаши пенал.
Утре играме на Градски, против работнички, во рамките од 1/2 финалето на Купот на Македонија, единствена надеж за излез во Европа.