Хотелот "Лион" база на "лавовите"
Хотелот "Лион" на Сончевиогт брег ќе биде "база" на "лавовите" пред дуелот со Черно Море во Бургас. Според планот и програмата фудбалерите на Македонија ЃП вчера на стадионот "Лазур" во Бургас во времето на одигувањето на средбата во 18 часот го одработија и последниот тренинг пред денешната реванш средба.
Евро премиера на тренерот Стојановски
Тренерот Роберт Стојановски на денешниот меч ќе го има пемиерниот настап на евро-сцената и ќе стори се да состави тактика со која ќе одговори на најдобар можен начин на овој голем предизвик.
"Максимално сме сконцнетрирани на денешната средба. Оној висок пораз од првиот меч фудбалерите го пребродија. Примивме многу голови но сепак тоа не е вистинско мерило за квалитетот. Во одбарната денеска ќе го имаме Деспотовски, а тоа значи дека неговото присуство ќе внесе поголема сигурност во дефанзивната зона. Ќе дадеме се од себе на оваа средба за да докажеме дека оној висок пораз во Скопје беше само еден лош ден, потенцирше Стојановски.
ЧЕРНО МОРЕ - МАКЕДОНИЈА ЃП
Стадион "Лазур" во Бургас. Капацитет: 28.000. Денеска. Почеток 18 часот.
Главен судија: Ван Де Велде. Помошници: Том Денс и Мајкл Кејен (сите од Белгија).
ЧЕРНО МОРЕ: Илчев, П. Костадинов, Томовски, Александров, Бачев, Џоров, Георгиев, Манолов, Да Силва, Рикардо, Димов.
Тренер: Никола Спасов
МАКЕДОНИЈА ЃП: Колев, Димовски, Јовановски, Мојсов,Ристовски, Митрев, Милосављевиќ, Брњарчевски, Милошевиќ, Кривокапиќ, Стојановски.
Тренер: Роберт Стојановски
Epa da im posakame sreka pred natprevarot i da se nadevame na cudo i opstanok vo intertoto cupot.
AJDE LAVOVI NISTO NE E GOTOVO