Харлем Глобтротерс

  • Креатор на темата Креатор на темата The Jack
  • Време на започнување Време на започнување

The Jack

Coolira4 Master
Член од
27 јуни 2007
Мислења
9
Поени од реакции
0
Харлем, првата школа, основата на се што гледате денес во НБА...
 
Харлем Глоубтротерси,нешто феноменално,нешто единствено,нешто што нема да се повтори!!!!
она што се нарекува кошарка,тоа се тие,Глоубтротерите...
за восхит,за почит....
 
Поштовање за момците...
 
E добро де ... кажи за нив факти информации. Земи среди ја темата вака шо претставување 2 збора. Ете пр. јас прв пат разбрав за нив од мојот татко кој ми кажа дека имало еден во тимот(не се сеќавам на името) кој погодил преку 500последователни слободни фрлања.
 
Јас се сеќавам дека читав некаде околу тоа дека Глобтротерите ќе доаѓале во Македонија.
 
MM Ekspres ор мејби Фокус???:pos2::pos2::pos2:

Brat takva atrakcija za da se donesi tuka tesko.
 
Ќе биде се во свое време :pos2: СИГУРНО
 
СПОРЕД НАЈАВАТА НА ЃОРЃЕ ВОЈНОВИЌ, СПОРТСКИОТ ДИРЕКТОР ВО КФМ
Харлем глобтротерс на отворањето на новата сала во Скопје



Постојат сериозни шанси светски познатата кошаркарска атракција наречена Харлем глобтротерс да биде првиот тим што ќе настапи во новата спортска сала што се гради во Скопје. Во тек се сериозни преговори со сопствениците на „глобтротерите” да гостуваат во главниот град на Македонија и да бидат гости на отворањето на грандиозниот спортски објект, кој веќе неколку години се гради до базенот „Младост” во општината Карпош. Според досегашните најави, салата треба да биде готова во мај 2008 година.

Иницијатор на ваквата идеја и човек задолжен за контактите со сопствениците на Харлем е Ѓорѓе Војновиќ, спортскиот директор во Кошаркарската федерација на Македонија, кој до неодамна ја вршеше улогата на генерален секретар. - Идејата екипата на Харлем да гостува во Скопје е во мојата глава уште од пред неколку години, кога во САД, при престојот на фајналфор-турнирот во НЦАА-лигата, се запознав со нивниот сопственик Мени Џексон. Моја главна препорака кај него беше фактот што сум член на организацијата „Атлетс ин екшн” со која Харлем има одлична соработка. Уште тогаш начелно разговаравме за остварување едно вакво нивно гостување. Во изминатиов период речиси секојдневно сум во контакт со Џексон преговарајќи за сите детали во врска со доаѓањето на атрактивните кошаркари во нашата држава. Скорашното завршување на новата сала одлично се совпаѓа со нашите планови и веќе ги почнав контактите со луѓето што ќе треба да стопанисуваат со неа за добивање термин за настап на Харлем. Сигурен сум дека и од нивна страна ќе биде направено се за отворањето на овој објект да се одбележи со настап на една огромна светска атракција каква што се „глобтротерите” - ни изјави Војновиќ. Сепак, гостувањето на екипа од типот на Харлем е сериозна и, пред се, скапа работа. Нивно доаѓање за да одиграат само еден меч, во еден град, финансиски апсолутно не е исплатливо. Поради тоа, Војновиќ најавува организирање еден вид балканска турнеја во чии рамки „глобтротерите” би настапиле во поголемите градови во околината како Загреб, Сараево, Подгорица, Софија, Букурешт, места што нема да бидат застапени при нивното гостување на овие простори кон крајот на октомври и почетокот на ноември годинава, кога ќе гостуваат во Белград, Нови Сад, Атина, Солун, Истанбул и во Измир. - Идејата е Скопје да биде првата станица на Харлем и местото каде што тие би го одиграле првиот натпревар во рамките на нивната следна балканска турнеја. Веќе имам контакти со луѓе што ќе бидат расположени да бидат во улога на домаќини на американскиот тим во секој од горенаведените градови. Нормално е дека сите сакаат да ги видат овие сензационални кошаркари во своите место - објаснува Војновиќ. Минималната сума за која тие би играле еден меч е 25.000 долари плус платени сите трошоци (авиобилети, сместување и слично). - Свесен сум дека ова е сериозен проект, кој ќе треба добро да се осмисли, но сигурен сум дека главниот град на Македонија заслужува да ги види волшебниците со кошаркарската топка. Веќе имам почнато разговори со маркетинг-агенција што е сериозно заинтересирана да биде вклучена во целиот проект и која гарантира дека тој би бил финансиски издржан и профитабилен. Јасно е дека за да се оствари сето тоа ќе биде потребна напорна работа, но кога се има желба и волја тогаш се е можно - дополнува Војновиќ. Точниот датум зависи од завршувањето на салата Точниот датум на евентуалното доаѓање на Харлем во Македонија ќе зависи и од тоа кога ќе биде завршена новата сала во Скопје. Нивниот календар однапред е исполнет и поради тоа мора барем една година претходно да бидат договорени сите детали. - Веќе побарав од луѓето што ќе раководат со новата сала да ми дадат приближен датум кога таа ќе биде готова за да можам да го дефинирам доаѓањето на Харлем, односно за да може балканската турнеја да влезе во нивниот официјален календар. Се надевам дека кон средината на 2008 година ќе може да ја оствариме оваа идеја - вели Војновиќ.

”Време”
 
Во модерно време And1.
 
Сега во Октомври ке имаат повторно настап во Белград!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom