Верувале или не синока ја сонував таа кука:uvo:
Многу језива мамето:nesum:
Инаку имам многу работи слушнато за нејзе но додека не видам со свои очи не верувам.
Дека во куката имало убиство или живеела стара мрдната жена.
Некоја девојка која живеела во близина на таа кука раскажувала дека во тоа соседство комшиите биле многу чудни(неодамна се доселила во таа населба)
Инаку била наречена Куката на Стравот.
Друго.
Имам читано за една кука во Винчестер дека исто и таа била опседната.
Според приказната,куќата Винчестер била проколната од почетокот на нејзиното градење и се градела под “стручното раководство„ на духови.
Ова е доволна причина за таа да биде една од најморничавите градби во Америка.
Почнала да се гради во 1884 год.
Сара Винчестер,сопругата на наследникот на славниот магнат за пушки Винчестер, по загубата на своето дете почнала да го губи разумот.
Била уверена дека треба да ги следи упатствата на духовите кои фрлиле клетва на фамилијата Винчестер поради произведеното оружје со кое животот го загубиле илјадници лица.
Затоа го купила местото каде што требало да ја гради куќата и ја градела до крајот на својот живот.
Сара секојдневно цртала и ги менувала плановите и ги терала работниците без никакви прашања и приговори да ги следат нејзините упатства безразлика дали се логични или не.
Денес таа куќа има вкупно 160 простории, 7 катови,40 соби,13 бањи,6 кујни,2 сали за танцување, и 40 влезови од кои неколку не водат никаде.
Некои од влезовите имаат 13 скалила, додека една соба има прозорец во подот, а две врати се отвораат на висина од неколку метри.
Во куќата има 47 камини,(4 од нив немаат оџаци), некои соби имаат 13 прозорци додека некои ѕидови имаат 12 површини.
Сара умрела во сон во 1922 год. на 82 год.и никогаш не го завршила градењето на куќата.
И денес многу веруваат дека оваа куќа е проклета, а има и луѓе кои веруваат дека слушнале чекори во празните простории, звуци на тресок на врати и врати кои се отвораат сами од себе.
Некои тврдат дека слушаат необјасниви гласови...