Сонови, толкување на сонови

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Знае ли некој шо значи да сонуваш мечка, и тоа одам пешки низ град и гледам на 50 метра мечка а таа почнува да ме брка, и кога гледам дека нема да избегам се будам.

Мечка е среќа:smir:
 
сонував ѕвездено небо
како ги гледам ѕвездите и одеднаш почнуваат да паѓаат но сите од еднаш и да екслодираат

знам ѕвездите значат среќа ама експлодирањево:icon_neut
 
сонував ѕвездено небо
како ги гледам ѕвездите и одеднаш почнуваат да паѓаат но сите од еднаш и да екслодираат

знам ѕвездите значат среќа ама експлодирањево:icon_neut

тоа ти е уствари милан, кога го тепаше интер, тогаш ѕвездите експлодируваат, ама на крај од првенството нема да се видат...шега.:aplauz:
 
Во последно време се истурам од плачење во соновиве, најчесто некој си оди или намерно ми прават нешто што ќе ме растажи... сакаат да ми кажат дека сум лигла или?:toe:
 
Во последно време се истурам од плачење во соновиве, најчесто некој си оди или намерно ми прават нешто што ќе ме растажи... сакаат да ми кажат дека сум лигла или?:toe:

Не си лигла мор, солзите се среќа, бидејќи намерно те наведуваат на плачење значи дека, некој всушност те прави среќна:smir:
 
Не си лигла мор, солзите се среќа, бидејќи намерно те наведуваат на плачење значи дека, некој всушност те прави среќна:smir:

Ама глупости сонував, како со сила ме носеле кај јужните ни наши соседи и се утепав од плачење :pos:
 
Сонував дека се женам на оваа возраст, со едно девојче... :nesvest:Онака, знам малце луѓе бевме, и знам дека заплакав и реков: Не сум спремен за брак на оваа возраст... и толку беше... :toe: Шо значи?
 
Да се жениш на сон е болест, демек ќе се разболиш, но бидејќи си плачел ваљда ќе минеш со лесна настинка:smir:
 
lele jas sekogash sonuvam deka jadam i sekogash se budam so ogromen apetit ne se zezam aman me nervirat epten
 
Патем речено, кога сме кај плачењето... и денес истата приказна. Аман веќе!
 
Многу језив сон имав јас.. На венчавка сме се спремиле со другарките да идеме и сеа доаѓаме, ама тоа црквата готски стил беше и се среќаваме со невестата и таман да влеземе во црквата гледаме младоженецот паднат позади вратата, само мозокот истурен му беше и се беше во крв. Одеднаш јас се наоѓам во една висока, ама тесна зграда, трчам нагоре по скали и застанав одеднаш и облеков бели чевли и продолжив да трчам нагоре...
Е ај? :toe:
 
Твоево повеќе ми личи на некој кошмар... мислам дека нема ништо лошо да се одрази на јаве, евентуално еве го моето толкување..
Значи болест или евентуално во најлоша ситуација смрт некоја ама некоја позната но далечна особа, ќе имаш последица некоа блага траума од истото носејќи ги белите чевли дава таков преднзнак.. но пак ќе останат на горенаведеното дека е само некој лош сон/кошмар:smir:
 
Сонувам три дена по ред и се некој чудни сонови, па ако може некој да ми ги протолкува...

1. Зборував на мсн со типот кој го свиѓам и тој на ДП имаше слика облечен во фармерки а горе гол со зацврстени мускули и имаше ланче така подолго од тие плетените - светло сино со крст. Му ркеов да ми ја прати сликата одма. И наеднаш се најдов пред него, а тој ми го даде само ланчето. Јас налутена го фатив за лицето и му реков јас ти ја побарав целата слика. Тој го зеде ланчето назад и ми се насмеа.

2. Една од моите најдобри другарки беше седната на скалите во нашето школо и плачеше ненормално многу. Јас ја видов и се стрчав кон неа, да ја прашам што и е што ли и се случува. Таа ми рече дека несака веке да не замара нас другарките со нејзините проблеми и да не собира на секое во паркот (место каде често одиме) и да ни плаче за нејзините проблеми и несакаше да ми каже ничто, само плачеше. Тогаш помина една професорка па ме зеде на час а другарками остана сама. Неможев да останам на час и заминав да ја најдам. Ми текна дека може да е во паркот, и ја најдов таму, пак сама и пак плачеше. Пак пробав да дознаам што и е, пак неуспешно. Наеднаш нешто ја прободи, беше ептем оштро како клун на птица и другарками умре тука.. И се разбудив, не дознав зошто плаче..

3. И последниот.. Одев со татко ми низ едно планинско село кај што одиме секогаш и баревме кука на некои луѓе. Татко ми имал да им даде нешто како писмо и пенкало. Сме ја барале куката нивна, јас сум знаела отприлика каде е ама не сум била сигурна. Сме тропнале на една врата и немало никој. Сме влегле и во куката било мн мрачно, само бели зидови и едно дрвено столче насредина. Глува тишина никој немало. Наеднаш се појавил од негде типов со ми се свиѓа и не ми направил муабет, поминал баш покрај мене и татко ми и како воопшто да не не виде, да не речам не ни запримети дека сме тука. Ние си заминавме од куката, и продолживме да бараме. Сме виделе друга кука, пак не бевме сигурни дали е таа, но сепак тропнавме. Ни излезе една жена која воопшто не сум ја видела никогаш па сме прашале дали тука живее човекот што го бараме. Таа само кимнала со главата и од куката наеднаш излегоа две мали дечиња но ни тие ништо не рекоа само бледо не погледнаа. Жената замина да го викне мажот но тој не се појави. И толку од сонот.
Ама мн беше језив и морничав, кога станав сабајлето некако осетив празнина незнам чудно се почувствував..

Ај ако знае некој нека каже што би значеле овие сонови.. Фалаааа однапред:pipi:
 
3 дена по ред сонувам гејски хулигани како ме тепаат.

2 дена поточно, на третиот бев во кола па ги ... well, use your imagination.

Дали ова значи дека треба да одам во менталната во Негорци?
 
Луѓе вака, сонував многу чуден сон, гаден незнам каков.
Значи сме биле на кафе во еден мн познат струмички кафич, и незнам што како една девојка ме замакна со неа и отидовме у ВЦ. А таму беа сите нејзини другарки, и ми вика флези зад оваа врата и доврши ја работата, бијдејќи тука ми се другарките нема како да завршам јас.
И јас ја гледам коцкасто, викам шо да завршам?
Вика сечи го на парчина и право во вц шолија. И нели како на сон јас одам зад вратата, и гледам дечкото и целиот исечен на парчина, и само го ставив в вц шолја и пуштив вода. Ама чудно дечкото немаше глава, т.е јас требаше да ги фрлам внатрешните органи, срце бубрези.... И потоа кога разгледав околу мене се беше гланц чисто. :toe:

Може некој да протолкува ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom