Донекаде и се согласувам со тебе,знаеш она ако се навраќаме назад и да расправаме за нивната матична држава ќе ни треба многу време и простор, а за останатото, се додека тие не го променат својот став и не почнат на оваа држава да гледат како на нивна татковина, додека не почнат да ги почитуваат законите и симболите на мојата татковина која е причината па јас нив да ги почитувам....не ја заглавија тие земјата во ваквата ситуација ама во многу допридонесоа со нивното однесување од 2001 година па наваму, а и ден денес се нешто им е малку, се уште нешто им фали, а ако некаде се осетат немоќни одма побрзо да не потсетат дека тие иако се трудат ама не се сигурни дека повторно нема да ни се случи 2001 година ако не ги почитуваме нивните барања...:nenene::nenene::nenene:
Ај да речеме те разбирам. Ама кажи ми што да почитуваат? Еве ќе пробам да ти објаснам.
Замисли да си Албанец од Македонија. Хипотетички.
Се распаѓа СФРЈ и они ко секој нормален сакаа да се одвоиме од таа пропадната држава. Македонското раководство се залепи за таа СФРЈ како црево и нејќеше да се пушти. Еден минус.
После тоа наместо да се направи стратегија за развој и да летнеме како Словенија и Хрватска ние се залепивме во некакви глупави преговори со Атина каде пак Македонци го имаа главниот збор. Втор крупен минус.
Освен тоа се изврши приватизација на општествен капитал која всушност беше легализирана кражба каде пак Албанците не го имаа главниот збор. Ама последиците ги трпиме сите кои сме овде. Трет минус.
Замисли наместо нив (сега ги ценам околу 500 000) да имавме Грци или Срби. Ти гарантирам во што сакаш дека и со многу помали бројки на Грци и Срби најверојатно Македонија немаше да ја има. Србија ќе не попареше во старт а за Грција не смеам ни да помислам што ќе се случеше.
Свесен си колку ние си ја критикуваме државата (со право) и колку сме незадоволни што сме една беда наместо нешто за почит ама и они тоа го гледаат и секако не уживаат во тоа. Како тогаш очекуваш да се лојални, на што да се лојални, на сменето знаме, на петокракта на грбот, на сиромаштијата?
Табиетот им е таков. Ако видат дека си слаб и неспособен (да водиш држава) не те дружат (најблаго речено). Не дека се цвеќиња ама тоа не е никој денес.
Со оглед на ситуацијата мислам и дека добро поминавме.