Прв приватен универзитет - Европски универзитет

  • Креатор на темата Креатор на темата deXterche
  • Време на започнување Време на започнување
Значи не ми е намера да ве навредам ама пред да кажете некој совет посебно на вака јавен форум, ќе ве молам прво проверете што пишувате.
НЕ! Е МОЖНО! да нема Детективи и Криминалистика на ЕУРМ, од проста причина што јас студирам тамо прва година. Значи, ДЕВОЈКИ нареден пат не одговарајте ако не сте целосно упатени во тоа што ве прашуваат!:helou:
 
Сега е можно? или не е можно :icon_lol:
Јас убаво поставив линкови од двата сајта на универзитетите и фон и европски и таму кој сака нека си види и прочита. На фон има веќе 4 години детективи.
А од проста причина и не си единствен што студира на Европски. Запознај си ја колешката Buterfly:)
 
Сега е можно? или не е можно :icon_lol:
Јас убаво поставив линкови од двата сајта на универзитетите и фон и европски и таму кој сака нека си види и прочита. На фон има веќе 4 години детективи. На европски сеуште нема но веројатно се планира штом има на сајтот дел за овој факултет.
А од проста причина и не си единствен што студира на Европски. Запознај си ја колешката Buterfly:)
Јас сум прва година на еурм смер "Detektivi i kriminalistika" што значи дека пак ШИРИШ ДЕЗИНФОРМАЦИ! и целта ми беше да ти казам дека сум единствен од тој смер на форумов, а не дека сум единствен од тој Универзитет.
 
Јас ширам дезинформации а од твојот прв пост не се ни препознаваше дали го има или го нема тој факултет.
Едноставно го пишав тоа што го пишува на сајтот на ЕУРМ. Ако се средува на време сајтот може нема да се расправаме тука.

И не се нервирај до толку де!
За тоа си тука, да поправиш ако греши некој.
 
Така е. PISS

Инаку за сите потенцијални студенти на ЕУРМ!!! Супер е факултетот, за Асистентике да не збориме БОМБИ!!!
 
Ок е бе -.- Не се лутете одма .. .аман ... Плати си па и ти уживај ... Не ми беше тоа поентата ... да сакав да си платам - ке си платев ... али малце тешко на неакредитиран факс (тогаш ја коа се упишуев =) ) ... Зборот ми беше ....Овие другариве мои .... сите се фалат дека препишувале ... кај некојси Бимбилов/Буба и не знам кој .... им потшепнувале/кажувале итн итн ... али они као привилегирани биле ... не знам ти зашто како ... (правен смер на ЕУРМ)
 
Се помислив пред да почнам да пишувам за темава, но сепак ќе искоментирам нешто:

Прво, ги замолувам сите средношколци и оние кои се 1-2 година на факултет, да не коментираат на темава, затоа што немаат доволно искуство, т.е. не доживеале ништо од ова што се зборува. Секој нивни коментар е инспириран од тоа дека нешто слушнале, некој им кажал или знаат некој кој како правел, ...) Најдобро за оваа тема е да кажат веќе дипломирани студенти, а уште подобро е да коментира некој што веќе бил и на државен и на приватен универзитет, така да ќе може да ги компарира и ќе даде најреална слика што можи.

Второ исто така многу битно прашање, е дали тој што коментира има реални услови за свој избор помеѓу приватен и државен универзитет.
(сите знаеме колку се скапи цените на приватните универитети споредбено со македонскиот стандард, и колкав процент на населението имаат можност за плаќање на приватно образование). Според мене уште на старт ако 100% од населението би имале услови за избор помеѓу приватно и државно образование, 90% би одбрале приватно образование за себе или за своите деца.

Трето, имплементацијата на кредит - трансферот системот во Македонија е чиста катастрофа (хаварија). Значи идејата на КТС во светот е да му се даде можност на студентот, ако смета дека некој професор од ФОН е многу подобар и подобро би му ја објаснил проблематиката од предметот за разлика од професорот на државниот факултетот каде што е запишан студентот, без проблеми, едноставно да може да го слуша тој професор и да полага кај него. Потоа ако сака друг предмет да го полага во Италија, исто така да нема проблем,. .. Кредит - трансфер системот му даде слобода на студентите во Европа за свој избор на професори и универзитети... А како стојат кај нас работите... КТС се имплементирал така што испитите се поделени на колоквиуми, има некое бонус бодови од присуство или од правеше на семинарска, .... Чиста катастрофа замислете кај нас студент на ЕУРМ, да посака да полага во скопскиот државен универзитет. Или студент на штуловиот да сака да полага некој испит на Економски во Прилеп, ... тоа едноставно е невозможно. Идејата на КТ системот, во Македонија не функционира.
А наспроти тоа, наместо да има поголема почит помеѓу студентите од различните универзитети, суетните професори успееа да ја префрлат и таа суета кај студентите, така да професорите успееја да ги убедат студентите дека тие професори се најдобри, дека нивните факултети се најаки, дека тие се генијалци, а другите универзитети имаат безвезе професори и неинтелегенти студенти, ... Значи уште на старт, онаа идеја за обединување и флексибилност која се практикиува во Европа, кај нас не само што не се практикува, туку се оди тотално во спротивна насока.

Значи, и нешто за мене, т.е. од која гледна точка сум можел да ги гледам работите и зошто баш така мислам. Јас моментално работам на мојот магистерски труд, и имав можност засега на 2 пати да одбирам каде да го продолжам образованието: дали на приватен или на државен универзитет... (морам да наведам дека во моментот на мојата одлука, финансиската причина не ми беше одлучувачка т.е не зависев од неа)

Позитивна страна на државните универзитети моментално се: релативно помалата цена за добивашето на образованието и на дипломата, моментално подобриот рејтинг во очите на пошироката јавност, традицијата, некои привилегии што ги дава државата за студентите на државните универзитети,... Негативни страни: Застарени образовни програми, синдромот на професоритите на државните универзитети дека се богови или полубогови и дека до нив многу тешко се стига, разликата помеѓу нив и вас (студентот) е нивното знаење и вашето незнаење, бирократија, чекањето на студентски прашања, туркањето со другите студенти кога се чека ред за заверување на семестар, .... (ако вака не личат на нешто посебно, но во тие моменти на чекање и туркање ќе ви здокурчи од се) и секако односот на професорите , тоа колку што може помалку студенти да поминат на испитите, недостапноста на професорите на предавања, скоро и да нема никаква практична работа дури до завршувањето на факултетот...

Позитивни страни кај приватните универзитети: Ако сакаш да научиш имаш многу поголеми можности (од литература и од асистенти и професори кои ти се достапни во секое време), релативно нови програми во кои се исфрлени непотребните работи кои сеште се учат на државните универзитети, подобрата инфраструктура, најдобрите професори кои се достапни во регионот, релативно добрата психичка состојба на студентите по завршувањето на факултетот (помалгу изгубени нерви), односот - професор - студент, можноста за практична работа, запознавање на студенти кои после завршувањето на факултетот се во состојба да ти помогнат на некој начин, полесното поминување на испитите...
Негативни страни: Се разбира цената, која во Македонија спрема условите е прескапа. Сеуште недоволно изградениот рејтинг во очите и ушите на пошироката јавност, иако на старт имаше многу проблеми, генерациите кои веќе завршија на приватните универзитети се во над 80% вработени и тоа во најдобрите компании кај нас. И покрај имањето на солидни професњори, има и професори на кои не им е воопшто местото во високото образование , а вработени се само поради пополнување на бројката на Д-р во една високообразовна институција, студирањето со некои разгалени детишта кои нивните родители ги тераат да идат на факултет единствено поради причината да не им сметаат дома, ...

Порака од мене, кон идните студенти и постдипломци --> Ако сакате да научете одете на цел испит, затоа што тоа е учење на целината на предметот. полагањето преку колоквуиуми е чиста глупост, можеби полесно се поминува, но има поголем стрес со самото поагање 2-3 пати, како и се губи суштината на предметот. Го поминуваш, си се измачил, а ретко што ќе ти остане во глава...

Многу луѓе имаат погрешна слика, според мене тоа е обратно:
Ако сакате да добиете диплома, одете на државен факултет, ќе ја добиете дипломата со многу помалку вложени средства.
Ако сакате повеќе да научите, одете на приватен универзитет, затоа што ќе имате поголеми можности да научите.

Е сега на вас е да одлучите, како сакате и на кој начин ќе ги инвестирате своите пари:
Уште една заблуда. Не сите деца на приватните универзитети се богати... многу од нив студираат таму,а зеле кредит за студирање...

Значи кога јас би одбирал, за мене и за моите деца, нормално дека ќе одбеарм приватно образование, приватни клиники, приватен старечки дом, ... Едноставно односот и вниманието е многу различно за ралика од државните институции. Проблемот е, дали ќе се има доволно финансиски средства тоа се да се обезбеди.
 
:aplauz: :zver: :cuc:
Друже,алал да ти е,буквално се опфати што требаше да се опфати,и што е најважно ОБЈЕКТИВНО....
 
Браво за TENDO, доста реално го опфати целокупниот високообразовен систем во Македонија во однос спрема студентот, спрема јавност и спрема КТС.
 
Според мене уште на старт ако 100% од населението би имале услови за избор помеѓу приватно и државно образование, 90% би одбрале приватно образование за себе или за своите деца.

Не се согласувам - И нема човек што ќе ме убеди дека на ФОН/ЕУРМ ке научам повеќе него на ФЕИТ (без навреда ... за мојот смер и МОЕ мислење си давам.)

синдромот на професоритите на државните универзитети дека се богови или полубогови и дека до нив многу тешко се стига, разликата помеѓу нив и вас (студентот) е нивното знаење и вашето незнаење, бирократија, чекањето на студентски прашања, туркањето со другите студенти кога се чека ред за заверување на семестар, .... (ако вака не личат на нешто посебно, но во тие моменти на чекање и туркање ќе ви здокурчи од се) и секако односот на професорите , тоа колку што може помалку студенти да поминат на испитите, недостапноста на професорите на предавања, скоро и да нема никаква практична работа дури до завршувањето на факултетот...

Се согласувам во потполност ...

Позитивни страни кај приватните универзитети: Ако сакаш да научиш имаш многу поголеми можности (од литература и од асистенти и професори кои ти се достапни во секое време), релативно нови програми во кои се исфрлени непотребните работи кои сеште се учат на државните универзитети, подобрата инфраструктура, најдобрите професори кои се достапни во регионот, релативно добрата психичка состојба на студентите по завршувањето на факултетот (помалгу изгубени нерви), односот - професор - студент, можноста за практична работа, запознавање на студенти кои после завршувањето на факултетот се во состојба да ти помогнат на некој начин, полесното поминување на испитите...
1.Мислам дека секаде е исто
2.Неможе човек што дипломирал завчера да ти биде професор .. па уште и најдобар во регионот ...Може човекот знае ... ама не претерувај со најдобри во регионот - најплатени ,да .. најдобри -дефинитвно не.
3.Би сакал да ми кажеш што подразбираш под тоа полесно поминување на испити ... јас горе напишав за тоа што ми кажуваат другариве што се 2-3 година на ЕУРМ (кажи ми 1причина зашто би ме лажеле?)
Негативни страни: Се разбира цената, која во Македонија спрема условите е прескапа. Сеуште недоволно изградениот рејтинг во очите и ушите на пошироката јавност, иако на старт имаше многу проблеми, генерациите кои веќе завршија на приватните универзитети се во над 80% вработени и тоа во најдобрите компании кај нас. И покрај имањето на солидни професњори, има и професори на кои не им е воопшто местото во високото образование , а вработени се само поради пополнување на бројката на Д-р во една високообразовна институција, студирањето со некои разгалени детишта кои нивните родители ги тераат да идат на факултет единствено поради причината да не им сметаат дома, ...
1.Цената не е превисока - доколку детето се праќа да учи .. но во Македонија владее мислење дека ПРИВАТЕН ФАКС = Џаболебарење
2.Кажа и жив остана ... Ама прочитај си малку погоре што напиша ... за најдобрите професори во регионот а сега ова - како ладен туш ми дојде :icon_lol: Тотално се согласувам со ова ... ептен распрдени дечишта има - (знам ја требаше да студирам на приватен =) )[/quote]

И гледам дека се нешто накај пари ти иде работава ... Има мнооооооогу луѓе што би одбрале државен наместо приватен не мислејќи притоа на цената

Ти кажувам од лично искуство ... ама па мене ... смерот ми е таков .. а ФЕИТ е највисоко рангиран факултет во регионов (као што знам)

Позз - and no flaming.
 
Не се согласувам - И нема човек што ќе ме убеди дека на ФОН/ЕУРМ ке научам повеќе него на ФЕИТ (без навреда ... за мојот смер и МОЕ мислење си давам.)

Што е поточно ФЕИТ? Знам дека е кратенка од високообразовна институција, само незнам од која.
Јас сакав да кажам дека ако сака некој студент да научи на ФОН/ЕУРМ има повеќе можности и извори за да го направи тоа.

1.Мислам дека секаде е исто
2.Неможе човек што дипломирал завчера да ти биде професор .. па уште и најдобар во регионот ...Може човекот знае ... ама не претерувај со најдобри во регионот - најплатени ,да .. најдобри -дефинитвно не.
3.Би сакал да ми кажеш што подразбираш под тоа полесно поминување на испити ... јас горе напишав за тоа што ми кажуваат другариве што се 2-3 година на ЕУРМ (кажи ми 1причина зашто би ме лажеле?)

Ако сакаш да видиш зошто пишав дека ги одбираат најдобрите професори, едноставно можеш да го видиш тоа. Според тебе, кој се 2 најдобри професори на твојот факултет, ќе видиш дека имаат некаков ангажман на приватните универзитети. Менаџментот на приватните универзитете многу убаво знаат кој професори од државните се најквалитетни, и поради тоа што имаат финансиски средства, полесно ги ангажираат.
Полесното поминување на испитетите, едноставно е од самиот однос. Ако на државните факултети девизата е што помалку да поминат на испитот, засега девизата на приватните е што повеќе да поминат на испитот.
1.Цената не е превисока - доколку детето се праќа да учи .. но во Македонија владее мислење дека ПРИВАТЕН ФАКС = Џаболебарење
2.Кажа и жив остана ... Ама прочитај си малку погоре што напиша ... за најдобрите професори во регионот а сега ова - како ладен туш ми дојде :icon_lol: Тотално се согласувам со ова ... ептен распрдени дечишта има - (знам ја требаше да студирам на приватен =) )
Цената не е превизока ???:tapp:
Уште еднаш прочитај што напишав. Покрај поголемиот број на солидни професори, имаат и професори кои со својата Д-р титула, обезбедуваат високообразовната институција да добие акредитација.
Вакви безвезе професори има секаде, не само во приватните универзитети.
Исто така распрдени детишта има секаде, само тука се во поголем процент. И не можеш да знаеш, затоа што требало да студираш на приватен, но не си студирал, така да си немал искуство да ги запознаеш или знаеш само некој мал дел од нив.
И гледам дека се нешто накај пари ти иде работава ... Има мнооооооогу луѓе што би одбрале државен наместо приватен не мислејќи притоа на цената

Не верувам дека многу се тие кои би одбрале државен пред приватен, ако имаат можност за избор. Сепак има и такви, а причината е онаа што ја кажа и ти дека во Македонија владее мислење дека ПРИВАТЕН ФАКС = Џаболебарење
Ти кажувам од лично искуство ... ама па мене ... смерот ми е таков .. а ФЕИТ е највисоко рангиран факултет во регионов (као што знам)

Позз - and no flaming.

Целиот мој пост го пишував за таа суета , со која професорите си ги образоваа своите студенти. Прашај кој сакаш студент и ќе ти каже дека неговиот универзитет е најдобар и најдобро рангиран, ...
А ФЕИТ, по основа на кој критериуми е највисоко рангиран факултет во регионот??
Кој го вршел тоа истражување??
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom