значи вака...ова е стара загатка, и тебе ти е на некој начин лошо поставена...
еве ја онаа вистинската а под нејзе и одговорот...
Тојца другари отишле во хотел. Менџерот на хотелот им побарал 30 $ за собата, па секој од нив дал по 10 $. Малку подоцна менаџерот сватил дека таа ноќ има попуст и дека собата коштала 25 $, па го испратил портирот да им ги врати преостанатите 5 $. На пат до собата портирот не можел да свати како ќе ги поделат тие 5 $ па си задржал 2 $ а на тројцата другари им дал по 1 $.
Па значи дека тројцата другари дале по 9 $ секој за собата, вкупно 27 $. Кога ќе ги додадеме оние 2 $ кои портирот ги задржал, вкупниот резултат е 29 $.
Значи во оваа заГАТКА нема никаква грешка, се е потполно точно...Грешката е во поставувањето на прашањето, ти давам насока во која треба да размислуваш, но таа насока е потполна грешна, значи 9*3+2=29, тука нема грешка во множењето или собирањето, грешката е во прашањето...за да не се буните точното собирање на парите кои биле испалтени е вака: 25 евра во хотелот+3 евра кај секој од посетителите-ова е кусорот+и 2 евра кај портирот...=30 евра... Не фали никаков долар. уште еднаш ќе кажам финтата е во поставувањето на прашањето, ти давам некоја можност да ја разгледаш која всушност е невозможна.
еве да го разгледаме подетално прашањето.
9*3+2=29...
во тие 9*3=27, спаѓаат оние 25, што се потребни за ноќевање плус двете евра кај портирот, и гледате сега каде е грешката, повторно 2 евра се додаваат иако тие веќе постојат во 27, значи не треба да се додаваат 2 туку 3 евра, оние евра кои ги задржале гостите кај себе...
Мислам дека убаво објаснив, ако на некој не му е јасно слободно нека праша...
поздрав