Македонска фудбалска репрезентација

B

Beck's

Гостин
^ taka citav denes u makedonski sport,site akcii bile delo na Hasani,a golot padnal pri sutot na Buba,a fazli samo postavil noga.So ima vrska koj bil strelec
 
Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.041
Поени од реакции
7.635
^ taka citav denes u makedonski sport,site akcii bile delo na Hasani,a golot padnal pri sutot na Buba,a fazli samo postavil noga.So ima vrska koj bil strelec
далеку од тоа дека стрелецот треба да биде играч на мечот но знам дека и од тетово а утакмицата се играше скопје и сигурен бев дека не си ја гледал а кажа дека хасани бил играчот ама не дополни дек а си прочитал во спорт па за тоа прашав

--- надополнето ---

НИ ОДАТ" ПРИЈАТЕЛСКИТЕ НА "БОРИС ТРАЈКОВСКИ"

Нашите репрезентативци одиграа добро во поле, а во 39. минута успеаја да ја затресат мрежата. Не & дозволивме на Словенија ниту еднаш да се закани по нашиот гол

Откако пред неколку месеци успеавме да ја совладаме силната селекција на Србија, која дојде со своите најголеми "ѕвезди" во Скопје, на "Борис Трајковски" репрезентацијата на Македонија до 21 година вчера ја совлада и соодветната селекција на Словенија. Идентична победа како и со Србите со 1:0 со погодок постигнат уште во првиот дел. Овој пат беше дело на Самир Фазли кој се најде на вистинско место во вистинско време и одбиената топка од голманот Радан ја смести во мрежата.

Словенците без удар кон голот на Гачевски
Чуварот на нашата мрежа, Филип Гачевски со исклучок на неколку интервенции од нафрлени топки, остана без работа. Едноставно, Словенците ниту еднаш во текот на сите 90 минути не се заканија по нашиот гол. Тоа значи дека игравме добро во дефанзива, со мали исклучоци на некои ситни грешки по кои Словенија можеше да дојде до гол. Меѓутоа, противникот беше добро чуван.

МЕЃУНАРОДЕН ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР (У-21)
МАКЕДОНИЈА - СЛОВЕНИЈА 1:0 (1:0)
Стадион: Борис Трајковски во Скопје. Гледачи: 1.000.
Главен судија: Влахо Константин. Помошници: Трајче Николов и Никола Божиновски (сите од Македонија).
Стрелец: Фазли 39'
Ж. Картони: Брдаревски, Хасани, Спировски (М) - Крхин, Реп, Јовиќ, М. Мевља (С).
Играч на натпреварот: Ферхан Хасани.

извор

--- надополнето ---

Мирсад Јонуз ќе одговара и на вашите прашања (од „страните„ на Топки+) по натпреварот против Ирска. . . Рок`н`Гол со атрактивен фудбал, а Спортлајф со подароци + влезници за настапите на Македонија на Арената „Филип II„ + дресови со потпис од македонските репрезентативци. . . Гледајте. Во недела во 23 . 15 часот

Значи ќе можеме на фб да го плукаме овчарот јонуз :vozbud:
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.492
Офанзивно во Даблин
Сабота, 26 Март 2011 03:15
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Мирсад Јонуз го објави официјалниот состав, кој вечерва во Даблин ќе и се спротивстави на Република Ирска во рамки на квалификациите за Европското првенство 2012-та година...

Голман: Едо Нурединовски;

Одбрана: Грнчаров, Шиков, Новески и Попов;

Среден ред: Демири, Шумоликоски и Тасевски; и

Напад: Пандев, Тричковски и Наумоски.
тепаме гарант:tapp::zid:
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Овој Буба треба и во А репрезентацијата да го видиме како игра но добро што го повикале и во младите.
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Богами Хасани можеби и повеке заслужи да се најдев во А репрезентацијата одколку некој друг!

Али со вакви стручњаци во ФФМ тешко дека некој ке просперира.

За вечерва како и секогаш размислувам позитивно иако реално шансите ни се 0.01% за некаков резултат. Сепак и да ме праша некој пак би рекол дека е двојка. :)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.297
Поени од реакции
15.515
Кога го гледам составов ми се плаче...

Хасани е добар играч, тие утакмици што сум ги гледал за младите беше добар, исто и напаѓачот Мирко Ивановски што играше за младите е добар и заслужува место пред другите дрва без никакви шанси за просперитет.
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Зошто не игра Игор Митревски? Не дека ми требаат неговите лизгања пред голот, ама секогаш е во прв тим.

Средниов ред ни е нешто налик Барселона :pos:

И никогаш нема да сфатам зошто играме со 3ца напаѓачи постојано, кога се дрва што не знаат гол да дадат. Јас пре би играл 4 - 5 - 1 формација, барем со појачан среден ред.

И до кога Илчо ќе биде во прв тим? Стевица е и во подобра форма од него и многу повеќе ми се допаѓа што покажува на терен.

Како и да е, прилично сум опуштен за вечерва, немам некои посебни очекувања, така да може да бидам само позитивно изненаден, не и разочаран :)
 
А

Анноун

..башка што не ни игра во матерзбург , поарно ацо стојков да го вратат да трча (само тоа знае) , отколку дрвово што во секој момент му виси црвен картон у ваздух.. и јас сум за ристич прва постава , центарфор кој може да се загради без фаул :)
 
Rikal

Тој е тој: Специјалниот
Член од
18 септември 2010
Мислења
363
Поени од реакции
23
Офанзивно во Даблин
Сабота, 26 Март 2011 03:15
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Мирсад Јонуз го објави официјалниот состав, кој вечерва во Даблин ќе и се спротивстави на Република Ирска во рамки на квалификациите за Европското првенство 2012-та година...

Голман: Едо Нурединовски;

Одбрана: Грнчаров, Шиков, Новески и Попов;

Среден ред: Демири, Шумоликоски и Тасевски; и

Напад: Пандев, Тричковски и Наумоски.

Одбранава мислам дека вака е подобра, а и средниот ред не е лош. Многу цвст играч е овој Демири, го памтам од пред некој година коа играше у Работнички, тогаш у најака форма беше ама не го земаше Среќко Катанец, се искрејно го нема глеано како игра али у секој случај убеден сум дека ќе биде подобар од Тупан или Деспотовски! За голам мислам дека подобра опција е Богатинов него Нурединовски али ајде нека тера вака и Един е добар! Нападов мисам дека е добар, горе доле, со исклучок на Илчо али немаме подобро од него :( , едино Стевица али и тој не е нешо нај, нај :( !Ај нека е со среќа вечер, иако не сум многу оптимистички расположен!
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.492
абе остајте јонуз знае што прави до сеа немаме победа освен против андора,зашто мора она дрвоно од играч да биде прва постава заедно со тасевски,кој прати мк првенство сигурно го забележал крстев од металург човекот може да го учи што е фудбал тасевски
 
Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.394
Поени од реакции
881
Зошто не игра Игор Митревски? Не дека ми требаат неговите лизгања пред голот, ама секогаш е во прв тим.

Средниов ред ни е нешто налик Барселона :pos:

И никогаш нема да сфатам зошто играме со 3ца напаѓачи постојано, кога се дрва што не знаат гол да дадат. Јас пре би играл 4 - 5 - 1 формација, барем со појачан среден ред.

И до кога Илчо ќе биде во прв тим? Стевица е и во подобра форма од него и многу повеќе ми се допаѓа што покажува на терен.

Како и да е, прилично сум опуштен за вечерва, немам некои посебни очекувања, така да може да бидам само позитивно изненаден, не и разочаран :)
Кој црн среден ред со 5 играчи? Мие имаме само 2 што играат квалитетно у среден ред другото е ПРОПАСТ, мада нека и не ве залажува поставава 4-3-3 таа ќе биде 4-5-1 у секој случај...

А за Наумоски мислам дека е подобро што почнува тој, има срце човекот може да им го зачука па да се чудат Ирцине, а после 2 полувреме да влезе Ристиќ место него... Исто и подобро е Грнчаров што почнува место Митрески, у многу подобра форма е... Шиков добар играч е ама да игра како централен дефанзивец, а не страничен. Исто како што пишале и Ирците дека Шиков ни е еден од најаките играчи во репрезентацијава и дека игра на десната страна :pos: сигурно дознале кај ни е најслабата страна па сеа го фалат за тој да игра и на таа страна да не скинат... Тасевски добро игра у Бугарија, ама секогаш кога играл добро у клуб секогаш у репрезентација бил тапа :toe: Демири мислам не е тој што играше у Работнички овој е друг, ваков играч ни требаше за срединава. Шуми како и секогаш :nesvest: мора ли тој да игра!?
Дефинитивно ни треба некој низок брз играч кој ќе може да ги претрчува другите играчи при дадена добра топка од Тричковски и Пандев.
Тоа е тоа ја си ја играв 2-ка па сеа ќе видиме :pipi:
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
трк до најблиската кладилница ставајте се на 1
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.113
Поени од реакции
3.969
Многу цвст играч е овој Демири, го памтам од пред некој година коа играше у Работнички,
Си измешал нешто, Демири цела кариера само во Швајцарија има играно, не играл никад во Работнички ни во нашата лига уопште.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom