Ќе речам дека нашиве изгореа од желба да постигнат гол. Премногу притисок има, но и премногу статисти меѓу 11-те наши. Вечерва играа само тројца играчи, сите други треба и дупло да бидат наградени од публиката.
На крајот Стивен Џерард ала Величе отиде кај Наумовски и му пререче што ја молеше публиката за милост. Сељак за на постер!
Криво ми е единствено за Попов. Детето душа и срце остава за репрезентација, и за мене е најдобриот играч на Македонија во оваа селекција!!
Величе, ако чита од некаде да знае дека повеќе не го сакаме во репрезентација. Таквите како него, врата од надвор нека затворат. Џабе фаќа место, подобро со 10 играчи ќе играме.
Илчо, од секоаш сум го сакал, зашто на утакмици може не бил најдобар, ама секоаш играл со срце. Се трудел иако мноогупати знаел да биде и контрапродуктивен. Сепак, почит за потегот кој го направи, во очи му се гледаше дека сакаше да се извини.
Но, отсега па натака, моја нога не стапнува на Филип II се додека не видам резлутати. Арената за џабе ја направија, нема НИКОГАШ да се наполни!
А за Јонуз, не знам премногу сум исфрустриран, се најлошо!