Што е најлошо во животот?

  • Креатор на темата Креатор на темата SpiritoS
  • Време на започнување Време на започнување
Па мислам од ова нема полошо
- да не знае да сака во животот
за што би знаел ваков човек?:toe:

оф топик:
Не му се смејте на Спирито малку е загубен сега, мисли на испитите.:icon_lol:

Може да си живее топ да прави што сака да да има што сака да има кој сака да има пари коли жени ова ко пример повекето луге го сакаат ти можеш да сакаш било што материјално или не материјално а само незнаеш да сакаш има се што му е потребно за негова сатисфакција и за негова среќа и плус не зависи од некоја пичка што кога тогаш може да го заебе !!!!!!

За жал имам куче иначе и ја неам потреба да сакам некој !!!!Или да ме сака и не значи дека сум површен тоа е се индивидуално на некој му се едни приоритетите на друг други
 
Да не го цениш тоа што го имаш, туку врз основа на некои поставени идеали во глава, секогаш да се бедираш за нешто што го немаш.
 
Да бидеш хендикепиран.
 
Најлошо според мене е да ти умре дете - не дај боже - на најголемиот непријател не му го посакувам тоа
 
Најлошо во живот дефинитивно е да си закопаш свое дете.Тоа е стварно да се наежиш. :nesvest:
 
Долго време размислував дали дас отворам ваква тема на некој од форумите каде што одам.Според мене има многу лоши работи што можат да му се десат на човекот но најлошо е:
1.Да не биде сакан и да не знае да сака во животот
2 да размислува разлижно од другите зошто може да настрада(Се однесува во нашата држава):helou:

Полошо е да добиеш леукемија и да умреш на четири-пет години, него да го изживееш целиот живот несакан :tapp:
 
Да гледаш како блиските твој умираат.
 
најлошо е да те липне болничка кола

или да си у пустина (да ти се пие вода) а да имаш вода у колено
 
Нема најлошо...има лошо..а од лошото има и полошо...искрено не е толку језиво да умре некој близок колку шо е језиво да гледаш како се мачи во некоај болест..ко на пример онаа на телевизија во нозете црвци шо имаше
 
Да те заебават нон стоп и да ти пукат сеир и да си поиграваат со твоите чуства :pishtoldz:pishtoldz:pishtoldz:nerv::pop::violent1::violent1::violent1::violent1:
 
Ја видов темата но, немав што посебно да кажам. Од 31.12. до денес животот сакаше да ме потсети на вредностите на кои заборавив од трката која си ја приредив.

Дојдов до констатација дека најлошо е да ја изгубиш душата и да престанеш да веруваш во борбата за живот.

Мојата пријателка ја изгуби керкичката, мојот пријател го изгуби синот, мојата друга пријателка ја изгуби мајка си- многу млада, и така им започна годината. Имав договорено состаноци овој викенд кои ми беа најважни, откажав кафиња, посети, дружење, толку беше важно да се биде на тој состанок, бидејќи човекот го барав година дена да ми овозможи средба и..... јас одучив дека баш тој состанок не е ни толку важен, бидејки моментот и терминот на состанокот бев потребна да бидам покрај малечката пријателка, тој термин беше поважен нејзиниот состанок, бидејќи таа беше уплашена, тажна, несигурна, неприсебна, лута на судбината, и и требав јас.

За мене не заврши светот ни деновите ни состаноците ни предизвиците ни пробемите, а колку сето тоа беше небитно во споредба со тие некоку часа викендот.

Пријателот пред две години и девет месеци доби вест дека синот има живот уште месец дена, јас не отидов да го поделам со него моментот на загубата, немав храброст да го видам сето тоа. А тој знаеше. Дојде тој потоа кај мене, тој да ми каже од што се плашев и да ми раскаже она што пропуштив. Рече дека е среќен, што даде се од себе, што малиот не живееше уште еден месец туку уште две години и девет месеци. Дека малиот во тој период минуваше низ фаза од дечко во маженце, а се бореа со болеста и со вербата дека треба да се издржи. Дека моите е-маил пораки успевале да го одржат свесен иако не се дружевме.
Рече: Сега немам повеќе дете, немам проблеми, ама немам ни што со себе. Ама сакам да продожам пак да живеам за него, ми остави пораки кои ме тераат да пишувам книга, една докторка пишува докторат за болеста негова и јас и помагам, и решен сум да не застанам тука, бидејќи борбата продолжува пак за него и во негово име.

Секој од нас има стадиум на еволуирање на личноста и емоциите. Критериумите ја менуваат граничната линија со тек на време и под влијание на патот кој ни е трасиран да го поминеме, но и трњето на кои ќе се набодеме. Но, не смееме да ја изгубиме душата и борбата за живот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom