Дијанетика и Скиентологија

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.497
Поени од реакции
8.032
Ептен драматично, се сврте темата за центарот во Атина.
 
Член од
9 март 2009
Мислења
53
Поени од реакции
5
МАКЕДОНСКИ АНОНИМУС ИСПРАВИ СЕ!!!

Ептен драматично, се сврте темата за центарот во Атина.
Темата нема да се врти ако секој од овде вклучувајќи те и тебе Тончи не оди таму да даде свој придонес.

Што чекаш? Добредојдени се сите што ја сакаат вистината...

http://forums.whyweprotest.net/262-europe/macedonia-47573/2/
 

anonmacedon

SP level over 9000
Член од
24 јуни 2009
Мислења
10
Поени од реакции
0
Добро кажано Ex Scifag ( fag во најпозитивна смисла ), кајгана не е безбедно место каде што можат да се направат планови за понатамошно дејствување на полето на деструкција на Култот Скиентологија во својата сегашната форма, или ублажување на негативните ефекти што ги има над своите членови и општеството генерално.. не сакам да звучам параноичен но не сум сигурен колку кајгана нема да ја даде IP адресата при судска закана од култот..доколку сте пребарувале по интернет или сте имале лично искуство со Култот, ке знаете за што зборувам.



Ex :helou:

останатите :duel:
 

anonmacedon

SP level over 9000
Член од
24 јуни 2009
Мислења
10
Поени од реакции
0
Но сепак треба да се одржи форумов жив, особено што многу од сегашните стафови го читаат и сметаат дека е помалку ентурбулирачки ( скиентолошки поим за вознемирувачки) да дојадат овде отколку на некој анонимус ( група која се бори за разоткривање на вистината за скиентологијата) сајт... За оние кои имаат некој близок сеуште заглавен во култот ви предавам корисни совети од еден бивш скиентолог Michael Leonard Tilse


--п.с. се изинувам за квалитетот на преводот, можеби некој од вас ќе ги поправи грешките кои ненамерно сум ги направил, доколку сакате да го прочитате оригиналот на англиски еве го линкот.

http://www.xenu.net/archive/infopack/16.htm

Уживајте

темата е-


КАКО ДА ЗБОРУВАШ СО СКИЕНТОЛОГ

Луѓето се интересираат за тоа како едни Скиентолози остануваат а многу од нив и одат, така да помислив дека е добро да ви кажам зошто.
Јас бев Скиентолог 27 години. Им дадов преку 200 000 долари од сопствените пари. Всушност , се до годинава се сметав себе си за Скиентолог.
Има многу информации околу тоа колку деструктивна е Скиентологијата. Скиентологијата(организацијата) беше приморана милиони долари во оштета на луѓето која ги повредила. И покрај тоа, за овакви работи е речиси невозможно да разговараш со посветен Скиентолог. Се надевам дека ќе ви разјаснам зошто.
Сигурно ке се прашате како одлучив да ја напуштам Скиентологијата. Притоа, претходно моите родители ме убедуваа да го направам тоа. Мојата сестра се обиде да ме наговори да ја напуштам . Моите пријатели исто. Никој не успеа.
Јас не слушав никого што се обидуваше да ме отргне од Скиентологија. Се држев настрана од читање вести и од гледање телевизија. Никогаш не читав книги кои ја критикуваат Скиентологијата. Ионака мислев дека тоа се само празни лаги. Бев спремен да ја бранам Скиентологијата до смрт.
Така да има некои работи кои НЕ сакате да ги правите додека разговарате со Скиентолог.
Не им зборувајте за “наказните-гранични со лудило” работи. Повечето скиентолози не знаат за овие работи , и се тренирани (програмирани) да веруваат дека ако дознаат за овие работи прерано може да ги убие. Така да тоа комплетно оставете го настрана. Вас можеби ќе ве шокира и ќе сакате да го споделите со нив , но тие на тоа ќе гледаат како личен напад од ваша страна.
Не им зборувајте дека не е религија. Скиентологот ќе ве исклучи во истиот момент кога ќе му го кажете тоа. Впрочем тие имаат лични искуства кои за нив преставуваат духовни и религиозни по природа. Доколку инсистирате на тоа дека тоа не е така, вие би ги нарекувале лажговци и би ги лишувале од нивните искуства.
Скиентологот инвестира многу време од својот живот и речиси сите свои пари во нивната потрага по Скиентолошка целосна слобода. Сакам да го разберете тоа. Земете ме мене за пример. Речиси сите мои пријатели беа Скиентолози. Скоро сите пари отидоа за Скиентологија. Поминував до 20 часа неделно во просториите на црквата учејќи или во советувања, дури и кога имав вистинска платена работа. Мојот цел живот се вртеше околу скиентологија а не бев ни вработен таму. За вработените не постоеше друга работа.
Си мислев дека живото го должам на скиентологијата. Дека доколку не сум ја пронашол би се уништил себеси со дроги или самоубиство. Се чувствував како да сум искусил лично откровение преку скиентологијата. За мене Скиентологијата имаше објаснување на се.
Да ми кажеше некој дека не е религија тоа ке се судреше директно со тоа во кое јас верував, дури и поважно ќе се судреше со мојата инвестција. Ако не е религија, што направив со моите 200 000 долари и моите 27 години поминати таму, и сите тие сааати поминати во учење и советување? Тогаш ќе требаше да си признаам дека се е потрошено залудно, а немаше да го направам тоа само затоа што Вие така ми кажувате.
Немојте да им кажувате дека Хабард е измамник лажов и бигамист и дека нипто што напишал за себе не е вистина. Скиентолог нема да ви поверува во тоа затоа што му е решено дека такви тврдења се лаги. Дека документите што ги докажуваат овие работи се фалсификат, фабрикација и матен заговор да се уништи Л.Рон Хабард и Скиентологијата и преку тоа да им се оневозможи пристап до целосната слобода која ја нуди Скиентологијата.
Вие сте во ситуација “ми рече ти реков”. Всушност, без внимателно истражување може да пласирате неточнои информации што “црквата” намерно ги пуштила на нет за да им покаже на своите членови колку всушност истите се неточни. Така да Скиентологот сега ќе биде сигурен дека Вие сте нов нструмент на заговорот да се уништи Скиентологијата. И нема да ве слушаат понтаму.
Немојте ни да им кажувате дека не функционира. За скентологот таа функционира. Тие се убедени во тоа.Тие ќе можат да ви посочат еден или повеќе примерикога им помогнала со нешто или направила да се чувствуваат подобро. Тие може и да имаат сеќавања од поранешни животи кои ги убедуваат во нивната духовна природа. Тие може да доживеале прекрасни нешта.
Всушност сеуште верувам дека некои од работите во скиентологијата помагаат. Тоа е една од најтешките работи да се преболат и сеуште се справувам со тоа. Затоа што многу од пишувањата на Хабард идеата за помагање на луѓето, од бркање на сопствените соништа допираат до човековата добра страна.
Тоа е многу примамливо и ако врз тоа имате и некаков успех, сигурно ќе и го препишете на скиентологијата.
Но, јас малку истражував. И има една книга наречена "Hypnotism" напишана од G.H. Estabrooks во 1943. Во третото поглавје вели: "Има едно правило во Хипноза се што може да се постигне во транс може да се постигне со помош на постхипнотичка сугестија. Исто така се што постигнуваме со двете може да се добие со автосугестија..."
Така да, тоа ме потикнува да верувам дека речиси се што се случува во скиентологијата што скиентолог го искусува и во кое верува е форма на само сугестиран резултат од автохипноза. Се што изгледа дека функционира или е позитивно се прави да биде поврзано со скиентологија, а се што е негативно е придавка на личен неуспех или недостаток на разбирање на скиентологијата. По што следи уште брдо учење да се поправи тој недостаток што повторно е еден вид на автохипноза.
И секој надворешен предизвик на таа внимателно одржана транс состојба само ќе резултира со поголем и поголем отпор.
Така да, Како да зборуваш со скиентолог?
Прво, треба најнапред да не ти е сеедно. Треба да се грижиш за нив. Без разлика за тоа што ти мислиш за тоа во кое тие веруваат, треба да се грижиш(да ти е гајле) за нив.
Отврли ја целата омраза и нетолеранција што можеби ја имаш и стани лицешто се грижи. Слушај ги. Потврди им дека им посакуваш само добри работи. Обезбеди им безбедно место да поседат или се преселат.
Многу пати Скиентолозите не ја напуштаат црквата иако го сакат тоа , бидејќи немаат каде да одат или луѓе во кои имаат доверба да се обратат.
Навистина е огромен личен момент да се напушти Скиентологијат. Некако треба да проголташ дека си направил огромна грешка и дека целото време и пари што си ги инвестирал се за бадијала. Треба да бидеш спремен дека ќе изгубиш пријатели(скиентолози), можеби дури и мажот жената или децата. Малкумина можат да го направат тоа додека другите(скиентолози ) им велат дека е грешка.
Кажете им дека секој пат кога ќе посакаат да ве видат, да ви се јават и вие ќе им го платите патот. Не им велете "излези од црквата", туки " дојди да се видиме." Ако се јават, пратете им билет за авион или појдете да ги соберете. А ако се појават пред врата, не бидете изненадени , дадете подршка на тоа. Немојте едвај да чекате да го искористите нивното заминување во презентирање на купови информации критички настроени кон скиентологија. Можете да ги прашате на таа теме , но ие ќе имаат многу да џвакаат-размислуваат, така да тоа ќе потрае време. Дајте им простор да здивнат. Нека самите прашаат за информации или дозволете им самите да пребараат и дознаат на интернет.
Ако сакаат да разговараат,дозволете им да се испразнат. Дозволете им да ви ги кажат своите искуства, добри или лоши. Зборувањето помага, особено кога лицето со кого разговарате не ве осудува за тоа.
Внатрешниот конфликт е тоа њто ме отргна од скиентологијата. Така да ако сега разговарам со Скиентолог, би сакал да разговараме околу овие работи:
Дајте им да ви објаснат околу моќите на оперативниот тетан, тоа се повисоките нивоа во скиентологијата. И тогаш поставете прашање дали тие знаат некој на тоа ниво што се раболел , добил рак умрел или едноставно ја напуштил црквата. Натерајте ги да размислат околу тоа како реалноста што ја гледаат се разликува од таа која е ветена. Ова важи и за луѓе кои со години биле во скиентологија. Кажете им дека сте збунети-ако вакви неверојатни моќи (оперативни тетани) постојат тогаш како е возможно да постојат критичари на Скиентологија. Зар не е можно Скиентолог од високото ниво едноставно да ги збрише од постоење?
Натерајте ги да ви ги опишат идеалите на скиентолошката етика и како скиентолозите треба да бидат чесни. Прашајте ги дали познаваат некои скиентолози кои не ги враќаат долговите, кои имаат проблеми со плаќање кирија кои направиле многу во скиентологија но сепак се матни и вовлечени во интриги. Ако биле во скиентологија некој период сигурно знаат или виделе такви работи.
Откријте дали биле сведоци на погрешна примена на етичка правда во скиентологијата, Натерајте ги да зборуваат околу тоа.
Откријте што мислат оклу тоа што Хабардовите пишување се ревидираат после 15 години од неговата смрт. Дали тоа има некаква смисла за нив?
Видете дали би зборувале за чувството дека –само до мене - проблемот, Скиентологијата функционира. Многу е вообичаено да луѓето со децении во себе се прашуваатзошто не ги добиваат очекуваните подобрувања ветени од скиентологијата, а притоа се спремни да ја бранат до смрт.
Вакви видови прашања и терањето да размислуваат околу нивните искуства и тоа што го набљудувале , споредно со то а кое го учеле и верувале се клучот во разбивање на магијата под која се наоѓаат.
Така да.. Мислам дека со Скиентолог треба да разговарате без осуда. Водете ги да ви раскажат за тоа што набљудувале кај пријателите скиентолози, организацијата, раководството, активностите споредбено со Хабардовите пишувања и ветувањат на раководството. На тој начин ќе ја подотворите вратата онолку многу колку да почнат да ги споредуваат своите верувања и искуства со оние на бившите Скиентолози.
Откако тоа ќе се случи, дури тогаш можете да им помогнете. Но немојте да им сервирате информации со сила. Со читање на вистинските документи како што е посмртницата на Хабард и извештајот од некрологот околу присуството на опојни супстанци, изводот од судското вештачење, полицискиот извештај за случајот Lisa McPherson итн.. ќе можат да почнат да формираат слика за тоа што било криено од нив.
Па, како да разговарате со скиентолог? Со грижа и разбирање. Тие нашле некаква причина да бидат во неа. Дајте им време место и материјали да најдат причина да не бидат во неа повеќе


Michael Tilse (c) copyright Michael Leonard Tilse 2003

п.п.с ако имате било какви прашања околу некои од поимите во текстов или некои нејасноти...баш ми е гајле, се зезам прашајте ме мене слободно за ич пари

или за 200 000$ јавете се во Хабардов Центар за Дијанетика и Скиентологија,сигурен сум дека ќе бидат пресреќни да ги одговорат вашите прашања :)


Im too poor to belive in Scientology :cry:
 

anonmacedon

SP level over 9000
Член од
24 јуни 2009
Мислења
10
Поени од реакции
0
Во кратки црти

Црквата на Скиентологија е немилосрден и опасен култ кој се маскира себе си како религија. Нејзината цел е правење пари. Таа практицира техники на перење мозок за да ги намами луѓето во своја близина и да се здобие со конрола врз нивните пари и животи. Нејзината цел е да им го земе секој денар што го имаат или што можат да го земат на кредит или да го позајмат од некого.
Основана е во 1950 од писател на научна фантастика Л.Рон Хабард како исполнување на неговата изјавена цел , да започне религија за да се збогати.
Од припадниците на Скиентологијата се очекува да платат најнапред помали суми за курсеви и тренинзи со кој ке почнат да ги изучуваат тајните на скиентологијата, која воедно и ќе им помогне на култот да добијат во време да го индоктринираат кутриот човек , чија цена градиентно расте како ги совладуваат “знаењата” се додека тој човек не остане најчесто без пријатели надвор од кругот на Скиентологија и без пари. (250000 долари е просекот за да се плати со цел да се изучат високите нивоа на Скиентологија)

Па драги мои затоа што сме ние сиромашна држава и само шака од нас може да си дозволи толку пари за СФ новели, со цел да ви заштедам некој денар, ќе ви кажам во оригинален превод од творецот на Скиентологијата
Повелете Хабард во сопствени зборови...






Кој е Ксену-Xenu?

Ќе ви раскажам една приказна. Седите удобно? Добро тогаш ќе почнам.

Многу одамна (75 милиони години да бидам прецизен) постоеше интергалактички господар наречен Ксену. Ксену беше одговорен за сите планети во овој дел на галаксијата вклучувајќи ја и нашата планета Земја, само што тогаш беше наречена Teegeeack.
Но, Ксену имаше проблем. Сите од 76те планети што ги контролираше беа пренаселени. Секоја од планетите во просек имаше вишок од 178 билиони луѓе. Тој сакаше да се отараси од проблемот со пренаселеноста, па затоа направи план.
Ксену превзема тотална контрола со помош на одметници, со кои ги победи добрите луѓе и Лојалните Офицери. Тогаш со помош на психијатри повика билиони луѓе за даночна инспекција каде што наместо тоа им се дадоа инекции со алкохол мешан со гликол за да ги парализира. Тогаш беа ставани во вселенски бродови кои изгледаа исто како авионите DC8 (освен што наместо пропелери имаа ракетни мотори).
Овие DC8 вселенски авиони тогаш полетаа кон Земјата , каде што парализираните луѓе беа наредени околу кратерите на вулкани во бројки од стотици билиони. Откако завршија со редењето спуштија Хидроген бомби во вулканите. Ксену тогаш ги детонира наеднаш сите Хидроген бомби и во исто време сите беа мртви.
Но, приказнава не завршува тука. Бидејќи сите имаа душа (наречени "тетан" во оваа приказна), мораа да ги измамат душите да не се враќаат повторно.Така да, додека стотици билиони души беа разнесувани наоколу од страна на нуклеарните ветришта, Ксену имаше специјална елекронска справа која ги заробуваше фатените души со помош на електронски зраци (електронските зраци беа лепливи како хартија за фаќање муви).
Откако ги фати сите овие души ги спакува во кутии и ги однесе во неколку огромни кина. Таму сите души мораа да поминат денови гледајќи специјални3D филмови кои им кажуваа каков треба да изгледа животот и други збунувачки работи. Во овој филм прикажуваа лажни слики кои им велеа дека се Бог, Ѓаволот и Христос. Во приказнава тој процес се вика "имплантирање".
Кога филмот заврши и душите го напуштија киното, поради фактот дека го гледаа истиот филм мислеа дека се ист човек тие започнаа да се претопуваат еден со друг. Тие се групираа во групи од неколку илјади. Е сега , затоа што имаше смо неколку живи тела тие останаа така во групи и ги населија тие тела.
Што се однесува до Ксену, Лојалните Офицери конечно го победија и го заклучија во планините на една од планетите. Тој е сега чуван со помош на поле на сила кое е полнето од страна на батерија која никогаш нема да се испразни, Ксену до денешен ден е жив.
Тоа е крајот на приказната. И така денес сите се полни со овие групи на души кои се нарекуваат "телесни тетани". И за да станеме слободни битиа, треба да ги отстраниме овие "телесни тетани" а да платиме многу пари за тоа. И единствената причина зошто луѓето веруваат во Бог Алах и Исус е поради филм кој нивните телесни тетани го гледале пред 75 милиони години.
Па што мислите за приказнава?
Што? ВИЕ мислите дека е глупава приказна?
Епа и ние мислиме исто така. За жал оваа глупава приказна е сржта на “религијата” наречена Скиентологија. Ако луѓето знаеја за оваа приказна тогаш повеќето од нив немаше воопшто да се инволвираат во неа. Оваа приказна им е пренесена кога ќе стигнат на едно од нивните тајни ниво наречени ОТ III. После тоа, од нив се очекува да телепатски комуницираат со овие телесни тетани и да направат да исчезнат. Треба да платите многу пари за да стигнете до ова ниво (или треба да работите за организацијата многу напорно многу години за екстремно мала плата).
Ние ви ја кажуваме оваа приказна како предупредување. Ако се замешате во Скиентологијата тогаш ние би сакале да го направите тоа со отворени очи и целосно свесни за видот на материјали што се содржани во верувањето.
Повеќето од Скиентолозите кои работат по Дијанетичките центри и таканаречените " Цркви " на Скиентологија не ја знаат приказнава затоа што не им е дозволено да слушаат за неа се додека не го постигнат тоа “повисоко” ниво. Може ќе поминат многу години додека не го достигнат тоа ниво. А оние кои го дошле до тоа ниво и ја знаат приказнава, се принудени да ја чуваат како тајна и да не им ја кажуваат на оние кои се придружуваат на Скиентологијата.
Сега откако го прочитавте ова ја знаете нивната голема тајна. Немојте Ние и Нашиов текст да ве спречуваме да им се приклучите.

Знаењето е бесплатно, Скиентологијата не е !
Operation Clambake - The Inner Secrets Of Scientology
WWW.WHYWEPROTEST.ORG
Ex-Scientology Kids
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
нема нови реплики на оваа тема...
Не е до толку раширена кај нас, па нема и многу кои би зборувале за глупостите на истата.
Сепак, кај нас има други кои пропагираат слични небулози, како МПЦ, ИВЗ, така да кон нив е насочен револтот.
Саентологијата не успеала да стане некој мејнстрим кај нас, па останува на неколкумина испечени да си ги кажат маките.
 
S

stefi

Гостин
Сеа ова за дијанетика и скиентологија се наоѓа до италијанска амбасада, карши мекдоналдс во центар. Само да си знаете...:helou:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Сеа ова за дијанетика и скиентологија се наоѓа до италијанска амбасада, карши мекдоналдс во центар. Само да си знаете...:helou:
и така загубените овци си го најдоа патот до пеколот кој стефи им го осветли ..упс :se_ molam
 
S

stefi

Гостин
Да укажам дека е таму зашто на првите страници некој стави слика и напиша кај се наоѓало претходно и да се чуваат од тоа место и ја сеа да посочам од друго место да се чуваат -.-
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Да укажам дека е таму зашто на првите страници некој стави слика и напиша кај се наоѓало претходно и да се чуваат од тоа место и ја сеа да посочам од друго место да се чуваат -.-
Да, баш со реклама* најде да укажеш дека е опасно местото, лош трик :)


*намерно или не
 

Neporazen

Time Lord
Член од
25 јануари 2009
Мислења
545
Поени од реакции
22
Vaka luge. Sali toa Dijanetika e organizacija protiv skinetologija???? Posto jas barav na internet i Najdov neshto za Snonymous organizzacijata koja e protiv Scientology curch.
DAj nekoj neka mi go poobjasni malce ova. KOi se tie anonymous????
 
S

smart ass

Гостин
Vaka luge. Sali toa Dijanetika e organizacija protiv skinetologija???? Posto jas barav na internet i Najdov neshto za Snonymous organizzacijata koja e protiv Scientology curch.
DAj nekoj neka mi go poobjasni malce ova. KOi se tie anonymous????
дијанетика и скиентологиија е книгата напишана ОД Л.рон хабард-библија за скиентолозите.

анонимус се поранешни членови или пак роднини на одредени членови

инаку има и правец во филозофијата сајнстологизм
 

Kajgana Shop

На врв Bottom