Со натпреварот од ФА Купот, Челзи - Евертон, утре на „Вембли“ ќе заврши годинашнава фудбалска сезона во Англија.
Победа во финалето за „Сините“ од „Стенфорд Бриџ“ би значел колку толку добар крај за сезоната, додека за Евертон и пласманот во финалето е успех.
Челзи има четири победи во ова натпреварување, последното пред две години и за него ова ќе биде 9. финале. Евертон вредниот трофеј го има освоено пет пати и фудбалерите на овој тим ќе го играат 13. финале.
Во првенствените дуели оваа сезона меѓу Челзи и Евертон немаше голови. Почетокот на натпреварот е во 16:00 часот.
Ешли Кол пред влез во елитно друштво.Ешли Кол посакува да и се придружи на елитната група на фудбалери кои по пет пати го имаат освоено ФА Купот.
http://bwin.com/
Повеќе од 100 години на никој не му успеало по пет пати да го освои ФА Купот, последен таков бил Џими Форест со Блекбурн во 1891 година.
Черли Воластон во 1878 и Артур Кимарид во 1882 година се преостанатите двајца фудбалери кој дошле до таков успех.
Ешли Кол три пати со Арсенал и еднаш со Челзи дојде до титулата во ФА Купот, доколку утре повторно го освои ова натпреварување ќе влезе во елитната група која по пет пати се радувала на овој трофеј.
"Би било одлично достигнување доколку би можел да дојдам до тоа" - изјави Ешли Кол.
"Би бил почестен доколку се случи тоа. Ова е голем трофеј и би бил среќен доколку по пети пат го освојам".
Челзи немаше среќа во полуфиналето од Лигата на Шампионите против Барселона, Сините беа елиминирани несреќно со гол на Иниеста во 93та минута од натпреварот.
"Победа во ФА Купот никогаш нема да го избрише сеќавањето на тој момент. Ние мислиме дека требаше да бидеме таму, па тешко е".
"Треба да заборавиме на тоа и да се сконцентрираме на финалето, бидејќи треба да освоиме трофеј, и ФА Купот би бил одличен трофеј".
Ешли Кол вели дека тешко ќе биде збогувањето со Гус Хидинк, но фудбалерите уште од самиот почеток биле свесни дека тој ќе си замине.
"Тешко ќе биде да го гледаме како си заминува, тој беше многу добар со нас и ќе ни недостасува".
"Уште од првиот ден тој рече ќе си замине, па знаевме што ќе се случи. Треба да се помириме со тоа и да го чекаме новиот менаџер".
"Тешко ќе му биде на тој што ќе дојде на негово место, без разлика дали Гус беше добар или лош, секогаш е тешко да се биде успешен во голем клуб како што сме ние".
"Ќе ни недостасува Гус, му посакуваме се најдобро во иднина, но и се надеваме дека кој и да дојде работи добро како што тоа тој го правеше" - заврши Ешли Кол.